Скопје
Пуштена во употреба новата инфраструктура во Ново Лисиче
Нова инфраструктура беше пуштена во употреба во петок на влезот кај новите згради покрај булеварот „Февруарски поход“ во Ново Лисиче.
„Реализацијата на проектот значи полесен пристап и поврзување на новите станбени објекти со булеварот ’Февруарски поход’ и оплеменување на просторот“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски, објаснувајќи дека потребата од изградба на комплетно нова инфраструктура се појави поради сè поголемиот број нови објекти во овој дел од Општината.
Проектот опфати изградба на комунална инфраструктура, поточно околу два километри атмосферска и околу два километри фекална канализација, како и еден и пол километар водоводна мрежа.
Исто така, се асфалтираше улицата паралелна со булеварот „Февруарски поход“ на вкупна површина од околу 20.000 квадратни метри, со тротоари на вкупна површина од околу 5.500 квадратни метри, како и изградба на паркиралишта со околу 1.000 нови-паркинг места.
Од булеварот „Февруарски поход“, пак, се изгради влез кон новата проектирана улица со цел да се поврзат станбените објекти на оваа улица.
Нови линии за јавно осветлување се поставија покрај улиците и меѓу новоизградените станбени згради и тоа со вкупна должина од околу 2 километри со стотина сијалични места.
За целиот проект Општина Аеродром издвои околу 120 милиони денари од својот Буџет.
Скопскиот градоначалникот Коце Трајановски, кој присуствуваше на настанот, го поздрави овој голем проект на Општина Аеродром и рече дека Градот Скопје преку своето јавно претпријатие „Паркови и зеленило“ ќе придонесе за уредување на парковското зеленило околу сообраќајниците и меѓу зградите на 13.000 квадратни метри со современ начин на наводнување, со цел на граѓаните кои се вселуваат во новите згради да им се овозможат што попријатни услови за живеење. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Партијата Левица со иницијатива во Град Скопје за чекор кон енергетска независност и крај на скапата струја
„Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за формирање на градско енергетско претпријатие „Енергија Скопје“ ДООЕЛ, чија цел е Градот Скопје конечно да ја намали зависноста од скапото купување електрична енергија и да обезбеди сопствено производство од обновливи извори“, известуваат од Левица.
„Градот Скопје и јавните претпријатија во моментов плаќаат огромни износи за струја.
Наместо средствата да се трошат на комунални услуги, инфраструктура и подобар јавен превоз, тие завршуваат во надворешни снабдувачи.
Со ова решение, Градот ќе може сам да произведува дел од потребната електрична енергија, да ги снабдува своите институции по минимални цени и да продава вишок на пазарот, со што ќе обезбеди нови приходи.
Ова е стратешки проект кој обезбедува долгорочна стабилност и независност, а не краткорочна мерка.
Градот има огромен неискористен потенцијал, кровови, објекти и локации каде може да се развијат фотоволтаични централи и системи за складирање енергија.
Затоа очекуваме мнозинството во Советот, предводено од ВМРО–ДПМНЕ, да ја поддржи иницијативата ако навистина им е приоритет јавниот интерес. Ова не е партиска идеја, ова е решение кое му користи на целиот град.
Одбивањето на оваа иницијатива би значело дека некој става политички интерес пред интересот на скопјани, и дека не се сака долгорочно решение за намалување на трошоците, модернизација и енергетска независност.
Левица ќе продолжи да предлага системски и развојни проекти со кои Градот ќе стане финансиски постабилен, енергетски ефикасен и поеколошки“, се наведува во соопштението на Левица.
Македонија
Без струја денеска дел од Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
· поради промена на вентил во шахта од Ф-6/4 (во објект на Министерство за Одбрана) на ул.1732 бр.32 во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат, Собрание на град Скопје, општина Центар, Ноќен клуб Маракана и Сити Хотел од 09:00 часот до завршување со активностите. (oпштина Центар)
· поради промена на вентил во шахта од Ф-2“на ул.Македонија бб (кај Хотел Буши) во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул. Македонија (односно потегот од ул. Даме Груев до Рекорд), од 10:30 часот до завршување со активностите. (општина Центар)

