Економија
ЕБА порача дека банките може да соберат капитал и без да продаваат имот

Првиот човек на европскиот банкарски регулатор EBA во петокот изјави дека им препорачува на банките што побрзо да набават капитал, водејќи сметка да не му наштетат притоа на реалното стопанство со што се надоврза на сличната порака на новиот шеф на Европската централна банка – ECB, Марио Драги.
Првиот човек на европскиот банкарски регулатор EBA во петокот изјави дека им препорачува на банките што побрзо да набават капитал, водејќи сметка да не му наштетат притоа на реалното стопанство со што се надоврза на сличната порака на новиот шеф на Европската централна банка – ECB, Марио Драги. „Многу сме свесни дека процесот на масовното намалување на задолженоста е веќе во тек поради влијанието на кризата до државните долгови на финансирањето на банките. Настојуваме да воспоставиме рамнотежа во овој процес, побрзувајќи ги банките да собираат капитал, наместо едноставно да почнат да се отарасуваат од имотот“, изјави во петокот директорот на Европската агенција за банки – EBA, Андреа Енриа на прес-конференција во Рим на која учествуваше и директорот на ЕCB, Марио Драги. Европските банки се жалат на новите барања за висината на капиталот, кои ги принудуваат долговите на државите од еврозоната во своите портфељи да ги прилагодат за да ја одразуваат објективната пазарна вредност, отсликувајќи го растот на приносите на обврзниците. Италијанските банки, дури, се заканија со жалба против EBA.Енриа смета дека нема алтернатива за оваа одлука на европскиот банкарски регулатор. „Сакам да го потенцирам фактот дека поради претходното изостанување на макробонитетните рамки стана неизбежно резервниот капитал да се зголемува во текот на криза. Сега сме во таква ситуација што немаме друг избор“, вели Енриа. Во четвртокот, Марио Драги во Берлин истапи со слична изјава во врска со построгите барања за висината на капиталот на банките. Првиот човек на ECB, констатираше дека акционерите не се секогаш благонаклони кон зголемување на капиталот, но предупреди дека другите опции потешко го погодуваат стопанството.„Државните власти се должни да ги ублажат негативните последици врз реалното стопанство, а банките би требало да размислат за ограничување на дивидендата и адхок компензацијата за да ги засилат резервите. Продажбата на имотот е помалку посакувана а ограничувањата на кредитите во однос на реалното стопанство е уште полоша варијанта“, објасни Драги./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.