Македонија
„Гливек“ достапен за сите болни од леукемија
Лекот „Гливек“ кој за пациентите со хронична миелоична леукемија значи живот од сега ќе биде на позитивната листа.
Лекот „Гливек“ кој за пациентите со хронична миелоична леукемија значи живот од сега ќе биде на позитивната листа.
Ваквата одлука денеска ја потпиша министерот за здравство Бујар Османи.
„Едногодишните напори на Министерството за здравство, на Фондот за здравствено осигурување и на Здружението на болни од леукемија да се најде системско решение на болните од леукемија вроди со плод. Денеска јас ја потпишав одлуката донесена од Управниот одбор на Фондот, откако пред една година беше формирана работната група од овие институции, здружението и експерти од областа кои што се обидуваат на секој можен начин да најдат системско решение за овие болни за да лекот кој што значи живот за нив, биде ставен на позитивната листа со што се создадени условите Клиниката за хематологија веднаш да го објави огласот за набавка на лекот за сите пациенти кои што се дијагностицирани и на кои од страна на лекарите им се препорачува користењето на овој лек“, изјави министерот Османи.
Како што информираше Османи досега Фондот покривал 15 пациенти, а сега лекот ќе го добијат 56 пациенти колку што се дијагностицирани.
Директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџиева Змејкова истакна дека лекот кој е ефикасен и скап од биолошките лекови е втор кој се најде на позитивната листа и оти со тоа Фондот се вклучил во група на најразвиени фондови за здравство кој во приоритет ја става медицината базирана на докази.
Претседателот на Здружението на болни од хронична миелоична леукемија Пепо Леви изрази големо задоволство од одлуката и рече дека денешниот ден ќе биде прогласен за Ден на леукемија во Република Македонија.
„Болните од леукемија во Република Македонија нема да умираат. Зборував со министерот за здравство и директорот на Фондот да продолжат напорите и да се воведе и втора и трета генерација на лекот“, истакна Леви.
„Гливек“ до сега чинеше повеќе од 2000 евра месечно.
Сега за овој лек Фондот за здравство од сопствениот буџет ќе одвои 110 милиони денари (два милиони евра) на годишно ниво за набавка./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Фатена во криминал до гуша, власта на Мицкоски посегнува по политички прогон, џабе ви е, сите ќе одговарате, порачуваат од СДСМ
Новите бомби ја стресоа Власта на Христијан Мицкоски. Фатена во криминал до гуша за испумпување на парите на граѓаните власта посегнува по политички прогон, велат од СДСМ.
„Како што се зголемува бројот на скандали за криминалот на власта така се зголемува нервозата, а со тоа и монтираните процеси, како последниот случај со електричните автобуси во Струмица.
Истата криминална матрица на Никола Груевски ги спроведува истите методи. Тоа е истата стара банда која повторно ќе биде поразена.
Џабе ви се заканите, џабе ви се монтираните процеси, се ви е џабе.
Не ви се плашиме.
Допрва ќе се чешате, допрва ќе ви станува непријатно, допрва ќе ве болат главите“.
Од СДСМ најавуваат дека новите бомби се спремни. Велат дека имаат докази за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и дека се ќе објават.
„А на крај ќе одговарате.
Работата се уште не е завршена“.
Македонија
Муцунски: Агресијата на Русија врз Украина има сериозни реперкусии врз регионалната безбедност
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес учествуваше и се обрати на Министерскиот совет на ОБСЕ, кој се одржува во Виена, Австрија.
Во своето обраќање пред министрите за надворешни работи и останатите високи претставници на земјите учеснички, министерот Муцунски се осврна на безбедносните предизвици со кои се соочува регионот на ОБСЕ, како и на состојбите во рамките на Организацијата.
„Реафирмирајќи ја нашата посветеност на темелните вредности и заложби на ОБСЕ, тој ги посочи сериозните реперкусии од агресијата на Руската Федерација врз Украина врз регионалната безбедност и сигурност, како и нејзиното штетно влијание врз внатрешните односи во рамките на Организацијата, поларизацијата, отсуството на суштински дијалог и недовербата. Во оваа смисла, министерот изрази поддршка за мировните напори, иницијативи и дипломатски разговори што се водат од двете страни на Атлантикот“, соопштија од Министерството.
Министерот посвети особено внимание на состојбите во ОБСЕ и сложената политичко-безбедносна ситуација. Говорејќи за структурната криза во која се наоѓа Организацијата, тој ја истакна неопходноста од нејзино надминување и потенцира дека на ОБСЕ ѝ е потребна оперативна предвидливост и непречена функционалност.
„Нам ни е потребна модерна, отпорна Организација, ориентирана кон актуелниот контекст. ОБСЕ, како основа на колаборативната безбедност, подготвена активно да го поддржува мирот и да игра истакната улога во закрепнувањето на Украина“, подвлече Муцунски.
Осврнувајќи се на повикот за зголемена „отпорност“, како централна тема на состанокот, министерот истакна дека во денешното безбедносно опкружување отпорноста се однесува на подготвеноста и способноста на земјите учеснички да одговорат ефикасно на сегашните и идните безбедносни предизвици.
Во тој контекст тој ја нагласи важната улога на теренските мисии на ОБСЕ, потенцирајќи дека тие претставуваат катализатори на трансформација, дизајнирани да ги зајакнуваат државите во реализацијата на нивните стратешки приоритети. Тој посочи дека, гледано низ призма на денешниот сложен безбедносен контекст, отсуството на политича волја во поддршка на нивната стратешката агенда, или уште повеќе, тенденцијата на активно превенирање претставува стратешка кратковидост, што се коси со колективните напори за изградба на мирољубиви, стабилни и просперитетни општества.
Муцунски додаде дека македонското општество, и покрај сите пречки и предизвици, демонстрираше јасна посветеност за остварување на европските аспирации.
Со реализацијата на оваа стратешка цел, рече тој, нашиот регион ќе се трансформира од граница во мост на ЕУ, во генератор на стабилност, иновации и идеи, како и заштитник од нестабилност и штетни влијанија.
Во продолжение, министерот се осврна на ангажманот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, истакнувајќи ја нејзината важна улога во поддршка на националната реформска агенда. Тој посочи дека идната улога на Мисијата треба да кореспондира со новата реалност и опкружувањето во кое ОБСЕ функционира во државата, земајќи го предвид исчекорот во стратешките приоритети, реформскиот напредок и институционалната зрелост. Во таа насока, идниот ангажман и присуството на ОБСЕ треба да бидат насочени кон поддршка на тековните и идните реформски приоритети на Владата.
Македонија
СДСМ за пријавата против Костадинов: Монтиран случај
Фатена во криминал до гуша, власта на Мицкоски посегнува по политички прогон, џабе ви е, сите ќе одговарате, велат од СДСМ, по објавата на веста за кривичната пријава против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов.
„Новите бомби ја стресоа Власта на Христијан Мицкоски. Фатена во криминал до гуша за испумпување на парите на граѓаните власта посегнува по политички прогон. Како што се зголемува бројот на скандали за криминалот на власта така се зголемува нервозата, а со тоа и монтираните процеси, како последниот случај со електричните автобуси во Струмица. Истата криминална матрица на Никола Груевски ги спроведува истите методи. Тоа е истата стара банда која повторно ќе биде поразена. Џабе ви се заканите, џабе ви се монтираните процеси, се ви е џабе. Не ви се плашиме. Допрва ќе се чешате, допрва ќе ви станува непријатно, допрва ќе ве болат главите. Новите бомби се спремни. Имаме докази за вашиот криминал и се ќе објавиме. А на крај ќе одговарате. Работата се уште не е завршена“, велат од СДСМ.

