Контакт

Филм

Премиера на краткиот филм „Исклучиво жолти лалиња“

Објавено пред

Премиерата на краткометражниот игран филм „Исклучиво жолти лалиња“ во режија на Кузман Кузмановски, а според сценарио на Ева Камчевска ќе се одржи во четврток во 20 часот во Кинотека на Mакедонија

dobivaj vesti na viber

Филмот се снимаше во периодот од 1-ви до 6-ти април 2016 година на неколку локации во Скопје и околината. „Тргнувајќи од симболот на жолтото лале кој во случајов се толкува како носител на радосна мисла, пораката на филмот е јасна. Една дипла жолти лалиња патува два дена и стигнува на вистинското место, каде љубовта не била победена ниту од смртта“, вели режисерот Кузмановски.Според својот жанр овој филм спаѓа во еден од поретко застапените жанрови во Македонија –  комедија. Во него се раскажува за Гиго, триесетипетгодишен писател кој живее самотнички живот како интровертен и срамежлив човек. Откако добива покана за кафе од својата женска пријателка, се исполнува со надеж дека повеќе нема да биде сам. Однекаде начул дека оваа жена сака жолти лалиња и, во обид да остави добар впечаток, одлучува да најде жолти лалиња, без оглед на се.Актерската екипа ја сочинуваат Тони Михајловски , Горан Трифуновски, Александра Павлова,  Снежана Киселички, Кети Илиевска и Љубомир Бојковски.Директор на фотографија е Кирил Шентевски, сценограф Дејан Ѓошевски, шминката е на Игор Петрески, монтажата е на Гоце Кралевски, а продуценти се Калина Кузмановска и Кузман Кузмановски.Зад реализацијата на овој филм стои продукцијата Аурипигмент.Овој филм е со финансиска поддршка од Агенција за филм на Република Македонија./крај/со/бб

Култура

Почнува 24. „Синедејс“ со репертоар од над 50 европски остварувања

Објавено пред

Со слоганот „Се гледаме од другата страна“ од 3 до 10 декември се одржува 24. „Синедејс“ – Фестивал на европски филм.

dobivaj vesti na viber

Осумте селекции, повеќе од 60 филма, кои ја одбележаа тековната европската филмска година и врвната работилница „Маркетинг на филм“ се фактографски белег на годинешниот „Синедејс“.

„Оваа година публика не ја водиме на филмско патување, туку ја водиме низ премин. Типично за Дејвид Линч, кому му го посветуваме ова издание, надреално, сонувачки, убаво и контрастно. Тој премин и покрај сѐ е богат со најновите и најнаградувани филмови. Свесни сме дека земја како Македонија, со мал продукциски импакт, филмот се докажа како најголем амбасадор и за да може да виреат такви креативци, но и на таквата префинета публика должни сме да ѝ го дадеме најдоброто што знаеме да го правиме, а тоа е фестивал, пред сé“, вели Маргарита Арсова, програмски координатор на „Синедејс“.

Два филма се на почетокот на фестивалот – „Тоа беше само несреќа“ во режија на Џафар Панахи, добитник на наградата „Златна палма“ на Канскиот фестивал и „Човек лавина“ на Слободанка Рудин, филм за еден од најдобрите музичари и тапанари во поранешна Југославија, Драгољуб Ѓуриќиќ.

„Ова издание на ‘Синедејс’ ги носи и ‘Тајниот агент’ на Мендонса Фило, ‘Домот на младата мајка’ на браќата Дарден, и двата номинирани за ‘Златна палма’, ‘Татко мајка сестра брат’ на Џим Џармуш, кој е добитник на наградата ‘Златен лав’ во Венеција и досега не е прикажан во кината во Европа, потоа филмови во кои македонските филмски екипи се копродуценти, како ‘Оче наш’ на Горан Станковиќ, ‘Ера’ на Парта Келменди, ‘Павиљон’ на Дино Мустафиќ… А ќе гледаме и филмови на Сорентино, Парк Чан-Вок. Особено сме благодарни што годинава и ‘Македокс’ ни се придружува со своја селекција, победници од нивниот фестивал. Многу гости, музика и филмски завршок на годинава за МКЦ“, дополнува Арсова.

Селектор на програмата на 24. „Синедејс“ е Бернд Будер и годинава ќе ги гледаме филмовите структурирани во повеќе селекции: официјална селекција, гала-програма, МК во ЕУ, МК-премиери на кратки филмови, музички документарци, СЕЕ-програма, селекција на Дејвид Линч и „Македокс“.

Жири-комисијата во состав: Сара Климовска – актерка, Северна Македонија, Арсен Оремовиќ – режисер, Хрватска, и Алеш Павлин – режисер. Словенија ќе одлучува за филмовите во официјална конкуренција, а Ана Опачиќ – режисерка, Хрватска, Фатос Бериша – режисер, Албанија, и Јасмина Карајловиќ – продуцентка, Црна Гора, за филмовите во СЕЕ-програмата.

На 4 и 5 декември во клубот МКЦ, во рамките на вечерите „Синемјузик“ имаме специјална селекција од десетина млади европски бендови, поддржани од програмата „Лајвјуроп“. Влезот за концертите е бесплатен.

Фестивалот ќе се случува во просториите на МКЦ, во киното „Фросина“ и во Дансинг-салата „25 мај“.

Билетите за годишното издание на „Синедејс“ ќе бидат по цена од 200 денари за сите филмови, а може да се купат онлајн, преку bileti.mkc.mk (препорачуваме онлајн-продажба), како и на самиот влез на МКЦ.

Фестивалот во најголем дел е поддржан од Агенцијата за филм на РСМ. Други финансиски покровители се Град Скопје, Делегацијата на ЕУ преку програмата за поддршка на европските филмски фестивали, како и мрежата „Лајвјуроп“.

Прикажи повеќе...

Култура

(Видео) Објавен првиот трејлер за контроверзниот биографски филм за Мајкл Џексон

Објавено пред

По бројните извештаи за проблематичната продукција, студиото „Лајонсгејт“ го објави првиот трејлер за биографскиот филм „Мајкл“, кој го режира Антоан Фукуа и го следи животот на кралот на поп-музиката, Мајкл Џексон.

dobivaj vesti na viber

Трејлерот започнува со сцена во студио каде Џексон снима со Квинси Џонс (го игра Кендрик Семпсон), кој вели:

„Знам дека долго го чекавте ова. Песните се снимени, подготвени се. Да почнеме од почеток.“

Следуваат кадри од детството на Џексон, неговите легендарни настапи и видеа, меѓу кои и „Трилер“, додека во позадина свири хитот „Вана би стартин самтинг’“ од 1982 година.

Филмот го прикажува патот на Џексон од детска ѕвезда до светска икона, со „интимен поглед во животот и наследството на еден од највлијателните уметници на сите времиња“, стои во синопсисот.

Снимањето завршило во мај 2024 година, но поради дополнителни снимања во јуни, премиерата беше одложена за 24 април 2026 година.

Иако се шпекулираше дека проектот ќе биде поделен на два дела, трејлерот покажува дека сепак станува збор за еден филм.

Режисер е Антоан Фукуа, познат по акциските хитови „Training Day“, „The Equalizer“ и „Olympus Has Fallen“. Сценариото го напиша Џон Логан, автор на „Gladiator“, „The Aviator“ и „Hugo“.

Главната улога ја толкува Џафар Џексон, вистинскиот внук на Мајкл Џексон.

Продуцентот Греам Кинг изјави дека филмот ќе го прикаже Џексон со човечка страна, без да се „исчисти“ неговата биографија:

„Мајкл имаше сложен живот. Сакам да ја прикажам највозбудливата и најнепристрасна приказна што можам, а публиката сама нека одлучи како ќе се чувствува по филмот.“

Контроверзии повторно се појавија поради обвинувањата за сексуално злоупотребување на деца, кои беа обновени во документарецот „Leaving Neverland“ (2019) на Ден Рид.

Рид изјави дека сценариото за „Michael“ било „изненадувачки неискрено“ бидејќи, според него, ги игнорирало обвиненијата и тужителите.

Филмот ќе добие ново финале, бидејќи режисерот Фукуа мора повторно да сними делови поврзани со контроверзните обвинувања за злоупотреба на деца.

Како што пренесува „Анадолија“, првичната верзија на филмот прикажувала Џексон како се грижи за болни деца, што предизвикало реакции и притисок врз продукцијата да направи измени.

Прикажи повеќе...

Култура

Холивуд се збогува со Редфорд: „Замина еден гениј“

Објавено пред

Веста за смртта на Роберт Редфорд го потресе филмскиот свет. Холивудската икона и основач на филмскиот фестивал Санденс почина денес, а бројни реакции од колеги и соработници продолжуваат да пристигнуваат.

dobivaj vesti na viber

Актерката Марли Матлин ја истакна неговата клучна улога во независниот филм. „Нашиот филм, CODA, го привлече вниманието на сите поради Sundance. А Sundance се случи поради Роберт Редфорд. Почина еден гениј“, напиша таа на социјалната мрежа Икс.

Film at Lincoln Center, исто така, му оддаде почит на легендата, нарекувајќи го „вистинска икона на големото платно, неуморен застапник на филмските режисери во подем“.

Новинарот Пирс Морган се потсети на некои од неговите најпознати улоги. „Почивај во мир Роберт Редфорд, 89. Една од најголемите филмски ѕвезди на сите времиња. Вистинска холивудска легенда која глумеше во толку многу од моите омилени филмови: Butch Cassidy and the Sundance Kid, The Sting, The Way We Were, All The President’s Men. Каква кариера, каков актер, каква тажна загуба“, рече тој.

Писателот Стивен Кинг го нагласи неговото влијание врз филмската индустрија: „Роберт Редфорд почина. Тој беше дел од новиот и возбудлив Холивуд од 70-тите и 80-тите години. Тешко е да се поверува дека имаше 89 години.“

Маријана Вилијамсон се осврна на неговите пошироки општествени придонеси. „Малкумина во својот живот направиле повеќе за да придонесат за американското општество од Роберт Редфорд. Во области од филмот до екологијата и политиката, тој ја користеше својата огромна моќ за да помогне во создавањето подобар свет“, напиша таа.

Бројни други познати личности, вклучувајќи ја и Роузи О’Донел, му оддадоа почит на социјалните медиуми.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Не може потпис на правен акт да е предизвикувач на пожар, рече Шилегов, бранител на државниот советник Шофкет Хазари обвинет во „Пулс“

Нешто повеќе од половина час денес во судницата во Идризово адвокатот Петре Шилегов, бранител на државниот советник во Министерството за...

Топ3 часа

(Фото) Претрес во Тетовско, пронајдени дрога, оружје и муниција

Денеска околу 08:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода 30-годишниот Ф.Р. од село Орашје, општина Јегуновце....

Македонија3 часа

Обвинение за таткото и двете ќерки: спречиле службени лица да одземат добиток во Крива Паланка

Основното јавно обвинителство Крива Паланка поднесе обвинителен предлог против три лица за кривично дело спречување службено лице во вршење службено...

Македонија3 часа

(Видео) „Филипче работел на изградба на прифатен центар за мигранти во Македонија“: Лефков објави документи

„Филипче не е лидер, туку потрчко на Заев, едно дугме-политичар кој има единствена улога да го покрива и штити неговиот...

Топ4 часа

Уапсено лицето што насилно упадна во студиото на „Инфомакс“

Полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишија од слобода 43-годишниот Г. С. од Скопје веднаш по добиената пријава на...

Македонија5 часа

Насилен упад во студиото на „Инфомакс“, ЗНМ бара најстрога санкција за напаѓачот

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува бруталниот напад што вчера се случи во редакцијата на „Инфомакс“ за...

Топ5 часа

Приведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно однесување во авион за време на лет

Вчера околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи...

Европа6 часа

(Видео) „Невозможно е да се запрат, тие се насекаде“: Покровск е нападнат од огромен број руски војници

Во една од најжестоките битки од почетокот на војната, украинските сили го бранат Покровск од огромни руски сили од околу...

Регион7 часа

Црногорскиот премиер рече дека ќе влезе во ЕУ пред Србија; Вучиќ: Прво скокни, па кажи оп

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера во Брисел ја коментираше реакцијата на црногорскиот премиер Милојко Спајиќ на неговата идеја земјите од...

Европа7 часа

(Видео) Зеленски: Во руската историја никој никогаш не бил толку зависен од Кина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави, по извештајот на шефот на киевската служба за надворешно разузнавање, дека Русија и Кина преземаат...

Свет8 часа

Трамп: Поканети сме на состанок во Европа, на кој би учествувал и Зеленски

САД се поканети на состанок во Европа овој викенд, каде што се очекува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави вчера...

Свет8 часа

(Видео) Американците упаднаа на танкер кај Венецуела, објавена снимка: „Транспортира нафта“

САД запленија танкер за нафта крај брегот на Венецуела, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, со што се ескалираа тензиите со...

Македонија19 часа

Градот Скопје обезбедува сопствен стан, шелтер центар за заштита на жртвите од родово базирано насилство

На денешната седница на Советот на град Скопје беше донесена одлука со која се отвора можност еден стан во сопственост...

Свет19 часа

Зеленски: Го финализираме мировниот документ што наскоро ќе им го претставиме на Американците

Претседателот на Украона, Володимир Зеленски вели дека земјата го финализира мировниот документ од 20 точки и ќе го претстави на...

Македонија20 часа

Пазарот на недвижности расте – Аеродром со најмногу склучени купопродажби во првата половина од годината

Пазарот на недвижности во земјава во првите шест месеци од оваа година бележи зголемена динамика, а гледано на територијата низ...

Топ21 час

Скопјанец го онесвестил брата си со дрвена ногарка по глава и си легнал да спие, ОЈО го гони за обид за убиство

Скопското Обвинителство, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против едно лице, за обид за убиство врз неговиот брат. Обвинетиот 37-годишник,...

Топ22 часа

Уапсени 12 лица од Скопје, купувале оружје и муниција од Косово, го криеле во Сингелиќ и Брест

По неколкумесечна предистражна постапка, денес во раните утрински часови, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија23 часа

ДЗС не е детективска служба да открива нелегални објекти, ги има околу 100.000, рече Шабан Салиу и тврди дека немал ништо со „Пулс“

Актуелниот министер без ресор, Шабан Салиу, обвинет за трагедијата во кочански „Пулс“ како директор на Дирекцијата за заштита и спасување...

Македонија1 ден

Тројца бугарски државјани осомничени за неовластена трговија со македонски народни носии

Основното јавно обвинителство Битола отвори против тројца бугарски државјани, жители на Пловдив, поради основано сомнение дека вршеле кривично дело неовластена...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Ќе се повлечам од политиката ако Филипче најде и еден мигрант, во спротивно да се извини јавно

„Граѓаните треба да знаат каква е состојбата, СДСМ нема тема, притисокот е голем за Венко Филипче однатре и однадвор да...