Контакт

Економија

ЕЦБ го укина рефинансирањето за некои грчки банки

Објавено пред

Европската централна банка ECB ја укина операцијата на давање ликвиднсот на неколку грчки банки, имајќи предвид дека не ја спровеле докапиталзиацијата, соопштија извори од централната банка на еворозоната, не споменувајќи за кои банки станува збор.

dobivaj vesti na viber

Ваквиот развој на ситуацијата ја истакнува слабата состојба на банкарскиот сектор во Грција, каде што локалните штедачи ги повлекуваа еврата од банките во страв од можно излегување на земјата од еврозоната, иако Франција и Германија, дете водечки економии во зоната на единствената европска валута, се решителни во намерите да ја задржат Атина во европската монетарна унија. Само во понеделник Грците од тамошните банки повлекле околу 700 милиони евра поради стравувањето од девалвација.

„Имајќи предвид дека докапитализацијата не е спроведена ECB ги укина операциите на монетарната политика. Банките сега се во програмата за пружање итна ликвидност којашто им ја оневозможува Народната банка на Грција“, изјавил неименуван извор ECB за Reuters.

ЕCB ги овозможува своите операции за рефинансирање исклучиво на солвентните банки. Тие, пак, коишто не ги исполнуваат строгите прописи на ECB а нивната централна банка ги оценува како солвентни може да бараат помош во вид на итна ликвидност кај матичните централни банки.

Европската централна банка одби да ја коментира најновата информација којашто лошо се одрази врз пазарите на валутите, дополнително притискајќи го курсот на еврото во однос на американскиот долар. Зајакна, исто така, и загриженоста, како во самата Грција така и кај странските инвеститори, дека оваа членка на еврозната ќе биде принудена да ја напушти еврозоната./крај/ро/мф/сн

Економија

За шест месеци наплатени 546,9 милиони денари од концесионерите на рудниците, 126 отсто повеќе од лани во истиот период

Објавено пред

Економската моќ на општините каде што работат рудниците расте. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) во првата половина на 2025 година наплатило рекордни 546,9 милиони денари од концесионерите – дури 126% повеќе отколку во истиот период лани.

dobivaj vesti na viber

Главниот дел од овие пари завршува во општинските буџети. Според важечката законска рамка, 78% од концесискиот надоместок останува во општината каде што е концесијата, а остатокот од 22% оди во државниот буџет. Така локалните власти добиваат директна финансиска инјекција за патишта, здравство, образование и заштита на животната средина – токму во време кога јавните пари се најпотребни.

Зголемувањето на приливите произлегува од два клучни фактори: повисоките тарифи што ги плаќаат концесионерите и построгата контрола врз наплатата. Во почетокот на 2025 година МЕРМС усвои нов Тарифник, со кој надоместоците за експлоатација се зголемија и до 100%. На пример, концесискиот надомест за обоени метали скокна од 2% на 4% од вредноста на ископаниот минерал, а за мермерот на 5% од приходите.

Новите правила се задржани и во нацрт-законот за рударство, кој е на јавна расправа. Со него се воведуваат построги механизми за наплата, казнени камати, листи на стратешки и критични суровини, како и можност за раскин на концесијата при неплаќање. Се зајакнуваат и обврските за заштита на здравјето и биодиверзитетот. Целта е јасна, Македонија се стреми кон одржливо рударство со транспарентно работење и видлив придонес за економскиот раст, и строги правила за заштита на здравјето на луѓето и животната средина.

Во четири општини најголемиот работодавач се рудниците

Распределбата на парите од концесискиот надоместок веќе ја движи локалната економија – гради улици, реновира училишта, инвестира во јавна инфраструктура и еколошки проекти. Најдобар пример за тоа се три општини во Македонија каде рударството има клучно влијание на економскиот развој.

Општината Македонска Каменица, со помалку од 7.000 жители, директно зависи од рударството. Рудникот САСА е најголем работодавач во регионот со околу 770–790 вработени, што претставува повеќе од половина од активната работна сила во градот. Во 2024 година, приходите од концесиски надоместоци во општината достигнаа речиси 107 милиони денари (околу 1,8 милиони евра). Од нив, 106 милиони денари произлегуваат од надоместокот за експлоатација на минерални суровини, кој тогаш изнесуваше 2%. Со оглед дека од 2025 година овој процент се зголеми на 4%, општината може да очекува значителен раст на приходите и дополнителна финансиска стабилност за финансирање на локалната инфраструктура и јавни услуги.

Двете општини, Крива Паланка и Пробиштип, ги поврзува истиот концесионер – компанијата Булмак, која управува со рудниците Тораница и Злетово. Компанијата во рудниците двата рудника вработува над 800 лица, што ја прави најголем работодавач во регионот.

 

Со околу 18.000 жители, Крива Паланка е дом на рудникот Тораница, со годишен капацитет од 320.000 тони. Рудникот е еден од најстабилните извори на приходи и работни места во регионот. Во 2024 година, општинската каса инкасирала околу 40 милиони денари по основ на концесиски надоместоци. Од нив, 32 милиони денари (околу 520 илјади евра) се само од експлоатација на минерални суровини. Со зголемувањето на тарифите во 2025 година, се очекува приходите да бидат речиси двојно повисоки.

Традиционално рударски град со околу 13.000 жители, Пробиштип речиси целосно зависи од рударството. Во 2024 година, општината наплатила 23,7 милиони денари (околу 390 илјади евра) од концесиски надоместоци.

Бучим од Радовиш пак, веќе најави дека очекува кон општините Радовиш, Конче и Штип каде работат рудниците Бучим и Боров Дол, да исплати концесиски надоместоци во висина од 181.7 милиони денари или речиси 3 милиони евра.

Финскиот баланс – рударство и туризам заедно

Финското искуство покажува дека рударството и туризмот не мора секогаш да бидат во судир. Во општината Киттила во Лапонија, во Финска, каде што е најголемиот ски-центар Леви, веќе повеќе од една деценија функционира и златниот рудник Сурикусусико. Рудникот обезбедува стотици постојани работни места и стабилна економска база за локалното население, додека туризмот продолжува да биде двигател на сезонските приходи. Општината инвестира во инфраструктура што служи и за туристите и за рударските семејства, а рударската компанија одржува постојан дијалог со локалните жители и дури нуди туристички тури во рудникот. Пример кој покажува дека со строга еколошка регулатива, транспарентна комуникација и активна улога на општините, рударството може да стане партнер, а не закана за туризмот. Пример кој и Македонија може да го земе како модел.

Што ако ги снема рудниците?

Економските показатели и историјата покажуваат дека рударството е една од најстарите и најважни индустрии која обезбедува суровини за градежништво, енергетика, технологија, здравството и за комуникациите. Денес минералите се сметаат и за стратегиско оружје за развој. ЕУ веќе ги вклучи оловото, цинкот и ретките метали во листата на критични суровини. Македонија, со своите ресурси и растечка регулатива за одговорно рударство, има потенцијал да биде стратешки партнер во европската приказна за суровинска безбедност.

Прикажи повеќе...

Економија

УЈП ја унапредува соработката со даночните обврзници-воведени нови дигитални услуги

Објавено пред

Управата за јавни приходи, како што е соопштено, континуирано ја унапредува соработката со даночните обврзници и инвестира во современи услуги што се брзи, сигурни и достапни без физичко присуство.

dobivaj vesti na viber

Во февруари годинава, УЈП ја воведе новата дигитална услуга „е-Уверение за остварен доход“, која им овозможува на граѓаните целосно електронски, бесконтактно и преку сигурна постапка да го добијат овој документ. Од нејзиното воведување досега, за само неколку месеци, се издадени 5.688 уверенија, со што е заштедено значително време како за граѓаните, така и за службениците на УЈП, а работата се одвива според најсовремени дигитални стандарди. Покрај тоа, значително е модернизирана и услугата за издавање на „Уверение за состојба на даноци“. Со автоматизација на внатрешните процеси, во изминатите три месеци сите поднесени барања навремено се обработуваат и уверенијата се издаваат во рок од најмногу пет календарски дена, што претставува значително подобрување во споредба со претходниот период. Тоа значи дека 100% од уверенијата се издадени во законски предвидениот рок, се истакнува во информацијата од УЈП.

Во следната фаза, како што е најавено, оваа услуга ќе биде целосно дигитална и бесконтактна, овозможувајќи уште поедноставен, побрз и поефикасен пристап за граѓаните и компаниите. „Нашата цел е јасна – даночните услуги да бидат со висок стандард, брзи, едноставни и доверливи. Сакаме граѓаните и компаниите да добиваат квалитетна услуга со само неколку клика, без непотребни процедури и без губење време. Долгорочната и стратешка определба за трансформација на УЈП е создавање „нов лик“ и „нов амбиент“ – како за даночните обврзници, така и за даночните службеници и соработниците на даночната администрација. Овие резултати покажуваат дека сме на вистинскиот пат“, изјави директорката на УЈП.

Прикажи повеќе...

Економија

Секој почеток е полесен кога е како на вода – Back to School без финансиски стрес!

Објавено пред

Септември е на прагот со нови возбудливи моменти за децата, но и со нови финансиски предизвици за родителите. Купување книги, ранци, тетратки, прибор за цртање, спортска опрема или нов компјутер – списокот е долг, а трошоците знаат да бидат големи токму во период кога семејниот буџет е најоптоварен.

dobivaj vesti na viber

Како што традиционално се фрла чаша вода за среќа и успешен почеток, така и ние во Mint Credit сакаме да бидеме вашиот добар знак за лесен и безгрижен старт на учебната година. Со Mint Credit добивате aванс до плата – 20.000 МКД со 0% камата и без дополнителни трошоци*.

 

Колку земаш – толку враќаш!

Со Mint Credit, овој септември училишните подготовки стануваат полесни од кога било. Со понудата аванс до плата добивате финансиска поддршка кога ви е најпотребна, а враќате точно онолку колку што позајмивте.

Она што е најважно е што средствата може да ги искористите каде и да сакате:

· Во книжара за книги, прибор и училишен материјал,

· За нова чанта, патики или спортска опрема,

· За таблет или лаптоп кој ќе им помогне на децата во учењето

· Или за било која друга потреба поврзана со стартот на учебната година. Аплицирањето е брзо и лесно преку Mint App – со само неколку клика го добивате потребниот износ директно на вашата сметка. Нема редици, нема чекање, сè завршувате од удобноста на вашиот дом.

Ние веруваме дека секое дете заслужува да тргне во новата учебна година подготвено, со самодоверба, насмевка и чаша вода по нив за успешен почеток. А вие заслужувате да уживате во тие моменти, наместо да се грижите за финансии.

🎒 Со Mint Credit, овој септември вашето семејство ќе биде подготвено за нови успеси – лесно, сигурно и без финансиски стрес.

💡 За повеќе информации, посетете ја нашата веб-страница, контактирајте нѐ на 15 107, или во некоја од нашите филијали. Ние сме тука за вас!

*Оваа понуда важи за првиот земен кредит од ваков тип.

 

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

(Видео) „Филипче со лаги за економијата во стилот на Заев – не знае чија е јахтата, ама знае дека ќе коалира со ДУИ“, вели Стојаноски

„Денешната прес-конференција на Венко Филипче е најдобар доказ дека СДС е изгубена во сопствените лаги и дека се обидува со...

Македонија54 минути

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година, и тоа по сите предмети, велат од МОН

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети согласно наставните планови во...

Топ1 час

МВР со детали за пожарот кај „Зебра“: четири возила зафатени од огнот

Денеска, во 2.05 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територијата на Центар, било опожарено патничко моторно...

Македонија3 часа

(Видео) Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт основните трошоци се зголемени за 4.300 денари, а минималната платата за 1.800 денари

ВМРО-ДПМНЕ за една година ја доведе државата во најголема економска несигурност што сме ја виделе досега, а граѓаните живеат сé...

Македонија4 часа

„Кандидатурата на Мециновиќ за Скопје е договор на партијата Левица да им помогне на СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Јасно е дека кандидатурата на Амар Мециновиќ е дил на Левица за помош на ДУИ и СДС, со математика Орце...

Топ5 часа

Убиство во Кавадарци, тројца уапсени

Денеска во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на улицата „Никола Минчев“ во...

Македонија6 часа

Муцунски за „Политико“: Државата не е подготвена за уставните измени што ги бара Бугарија без цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното такво барање

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде интервју за политичкиот...

Свет7 часа

Макрон до Нетанјаху: Обвинувањата за антисемитизам се навреда за Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон испрати писмо до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во кое остро реагираше на неговите обвинувања дека Париз...

Македонија7 часа

Пожар кај „Зебра“, огнот зафатил возило

Пожар избувнал ноќеска во главниот град во близина на трговскиот центар Зебра. Според последните информации огнот се проширил и зафатил...

Свет8 часа

Премиерот на Канада: Путин се плаши да се сретне со Зеленски

Рускиот претседател Владимир Путин се плаши да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да разговара за условите за...

Свет8 часа

Зеленски: Од украинска страна сè ќе биде што е можно поподготвено за да се стави крај на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека во текот на оваа недела претставниците на таа земја ќе имаат повеќе меѓународни контакти,...

Свет8 часа

Трамп: Нема да има светска војна, но ќе има економска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен да воведе економски санкции врз Русија доколку рускиот претседател Владимир Путин...

Македонија18 часа

Министерството за одбрана реагира на соопштението на СДСМ: Лицемерно, со манипулација на факти и со целосно извртување на вистината

„Лицемерно, со манипулација на факти и со целосно извртување на вистината – така се карактеризира соопштението од политичката партија СДСМ...

Свет21 час

Откриено е што САД ѝ нудат на Русија: „Сакаа да објават ударна вест веднаш по Алјаска“

Американски и руски владини претставници разговараа за неколку енергетски договори на маргините на мировните преговори за Украина што се одржаа...

Свет22 часа

(Видео) Боинг со 250 патници принудно слета во Русија, имаше дефект на моторот

Авион на „Ер Чајна“ што леташе од лондонски Хитроу до Пекинг утрово изврши непланирано слетување во Русија по дефект на...

Македонија22 часа

Влада: Се конкретизираат работите за изградба на третата фаза од пругата од Крива Паланка до границата со Бугарија како и изградба на тунелот како гранична точка

„По средбата на високо ниво меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и вицепремиерот и министер за транспорт на...

Македонија22 часа

„Не било доволно папаја, манго, аспарагус и други егзотични овошја, Министерството за одбрана набавува кафе и алкохол за 31.000 евра“, велат од СДСМ

„Додека стандардот на граѓаните постојано опаѓа и семејствата едвај врзуваат крај со крај, владата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжува...

Македонија23 часа

„Народот денес е побогат од времето на СДС, единствена разлика е што нема милиони за Филипче и Заев од државниот буџет“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче одамна изгубил чувство за реалноста, очигледно некаде по првиот тендер како министер за здравство, но сега откако беше...

Македонија1 ден

Кривична пријава за градоначалникот на Делчево: вработил лице што исполнувало услови за пензија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 25.08.2025 до ОЈО Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т. (54) од Делчево поради...

Македонија1 ден

Алиу: Очекувам објективни резултати од анализата на кардиолошките и на кардиоваскуларните интервенции

Министерот за здравство Азир Алиу утрово одржа состанок со интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и на...