Компании
НРБМ реагира на реакцијата на FXLider
Во врска со реакцијата на „ФХлидер“, појаснуваме дека единствено овластените банки, Фондот за осигурување депозити, осигурителните друштва, пензиските фондови и инвестициските фондови можат да инвестираат, преку овластен учесник, на странската берза или на организиран пазар на хартии од вредност, реагираат во петоткот кабинетот на гувернерот Народна банка на Република Македонија
„Член 14 од Законот за девизно работење јасно пропишува дека резидентите, освен спомнатите, немаат право да инвестираат во хартии од вредност во странство. „ФХлидер“ со својата понуда на услуги ги таргетира токму оние на кои тоа не им е дозволено.
Понатаму, моделот на „левериџ трејдинг“ којшто го нуди „ФХлидер“ е исклучително ризичен за непрофесионални инвеститори и може да се спореди со лотарија“, се вели во реакцијата.
Во прилог е доставен целиот текст од член 14 од Законот за девизно работење.
ЗАКОН ЗА ДЕВИЗНОТО РАБОТЕЊЕ(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 34/01, 49/01, 103/01, 51/03, 81/08, 24/11, 135/11, 188/13, 97/15, 153/15 и 23/16)
Вложувања на резиденти во хартии од вредност во странство
Член 14Резидентите можат да вршат упис, да уплатуваат и да тргуваат со хартии од вредност во странство само преку овластен учесник на пазарот на хартии од вредност (во натамошниот текст: овластен учесник) или преку овластен учесник на странска берза или организиран пазар на хартии од вредност. Овластениот учесник е должен за сите вложувања на резидентите во хартии од вредност во странство, како и за измена на овие вложувања, вклучувајќи и нивно отуѓување редовно да доставува извештај до Народната Банка на Република Македонија. Доколку резидентот врши упис, уплатува или тргува со хартии од вредност во странство преку овластен учесник на странска берза или организиран пазар на хартии од вредност, е должен да го достави извештајот од ставот 2 на овој член до Народната банка на Република Македонија. Резидентите освен овластените банки, не можат да вложуваат во хартии од вредност во странство. Овластените банки можат во свое име и за своја сметка да вложуваат во хартии од вредност во странство кои ги исполнуваат условите пропишани од страна на Народната банка на Република Македонија. По исклучок на став 4 на овој член, Фондот за осигурување на депозити, осигурителните друштва, пензиските фондови и инвестиционите фондови можат да вложуваат во хартии од вредност во странство согласно со законите кои го регулираат нивното работење. По исклучок од ставот 4 на овој член, резиденти-зависни друштва основани во технолошко индустриските развојни зони можат, заради наградување на своите вработени, за своја сметка, а во име на вработените, да купуваат акции издадени од владеачкото друштво./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

