Македонија
Неправилно скеле– причина за смртта на работникот
Трудовиот инспекторат утврдил определени недостатоци на скелето од кое што вчера попладне падна и на лице место почина работник, кој што работел на изградбата Музејот на ВМРО и жртвите на комунизмот.
Трудовиот инспекторат утврдил определени недостатоци на скелето од кое што вчера попладне падна и на лице место почина работник, кој што работел на изградбата Музејот на ВМРО и жртвите на комунизмот.
Работникот бил ангажиран од фирмата Крин КГ Прилеп и работел на поставување на мермерни плочи на фасада. Фирмата Крин била подизведувач на градежни работи каде што главен изведувач е АД Бетон – Штип.
Несреќата се случила кога работникот паднал од фасадно скеле на висина од 10 метри на агол помеѓу северната и источната фасада.
„Од инспекцискиот увид утврдени се определени недостатоци на скелето за што е дадена забрана за вршење на работа се до отстранување на утврдените неправилности“ се вели во соопштението од Државниот инспекторат за труд.
Инспекторатот врши понатамошен увид на целокупната документација од областа на безбедноста и здравје при работа за починатиот работник и за фирмите Бетон АД Штип, Крин КГ Прилеп.
Инспекторатот прибира изјави на очевидците и изјави од другите работници во бригадата.
„По завршување на целокупниот увид во документацијата, Државниот инспекторат за труд ќе превземе соодветни законски мерки и за истите ќе бидете благовремено информирани. Исто така , Ве информираме дека во текот на 2010 година и 2011 година направени се редовни инспекциски надзори од областа на брз на овој објект “ информираат од Инспекторатот.
Министерството за транспорт и врски се прогласи за ненадлежно во овој случај.
„Во однос на заштитата при работа надлежен е трудовиот инспекторат, доколку има некакво надминување на габаритите или не се гради согласно одобрениот за градење тогаш надлежноста е на министерството за транспорт“ изјави министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Министерот за финансии, Зоран Ставрески смета дека не е проблем тоа што се ангажираат компании кои не членуваат во синдикални организации.
„Тоа не е услов во ниедна земја за определување за тоа кои компании ќе бидат на тендер ниту е задолжително за компаните, членувањето во синдикатите е доброволно$ вели Ставрески.
Вчера доцна попладне околу 16:45 часот на лице место почина работник, кој работел на изградба на објектот „Музеј на Македонската борба и жртвите од комунизмот“. Неофицијално се работи за Горан Т, на возраст од четириесетина години. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерството за здравство ги разгледува можностите и капацитетите за поддршка на Швајцарија за згрижување на повредените од трагичниот пожар
Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана, соопштија од таму.
„Во таа насока, Министерството за здравство веќе постапува во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC) воспоставен е канал на комуникација и со здравствените власти во Швајцарија.
Воедно, Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејствата на настраданите и најдлабока солидарност со повредените од овој трагичен настан“.
Македонија
Понудена помош за справување со трагичната несреќа: телефонски разговор на Муцунски со швајцарскиот амбасадор Зомер
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по остварена консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Азир Алиу попладнево оствари телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер.
Во рамки на разговорот, Муцунски изрази искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.
Во таа насока, министерот ја изрази подготвеноста на Република Северна Македонија да прифати повредени пациенти, како и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во домашните здравствени установи.
Дополнително, министерот изрази подготвеност, доколку има потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“
Секторот за внатрешни работи информира дека во моментов, повторно е воспоставен нормален сообраќај на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“.
Сообраќајот, сега е нормализиран и се одвива во двете насоки а беше затворен и во целосен прекин, од 30.12.2025 година, поради превртена цистерна на патот.
Од тогаш, сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и дислокација на превртената цистерна од коловозот.

