Македонија
Ден на Европа

Македонија денеска заедно со повеќето европски земји и членките на Европската унија (ЕУ), го одбележува Денот на Европа – 9 мај
Македонија денеска заедно со повеќето европски земји и членките на Европската унија (ЕУ), го одбележува Денот на Европа – 9 мај.
Годинава, со Денот на Европа се одбележуваат 5-годишнината од најголемото проширување на ЕУ и 20-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид.
Денешниот ден се користи како добра можност за да се организираат активности и свечености што уште повеќе ќе ја приближат Европа до граѓаните на континентот и кои ќе придонесат за дополнително меѓусебно приближување на народите во Унијата.
Централна свеченост по повод Денот на Европа, во Македонија се одржува во Тетово и е насловена Мултимедијален европски хепенинг.
Европски собири се организираат и во Битола, Велес, Гостивар, Кавадарци, Кочани и Куманово.
По повод денешниот ден, во Македонскиот народен театар се одржуваат Мајски оперски вечери.
На денешен ден во 1950 година Роберт Шуман го презентираше предлогот за создавање на организирана Европа, како опција за одржување на мирот на со војните разурнатиот и поделен континент.
Предлогот, попознат како „Шуманова декларација“, се смета за почеток на формирањето на она што го денеска го знаеме како Европска унија. /крај/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова по новиот инцидент на трибините: Селективната осуда е лицемерие

По новите националистички скандирања на спортските трибини, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со јавна реакција на социјалните мрежи. Таа порача дека сцените од синоќешниот натпревар меѓу Шкендија и Карабах се реприза на неодамнешната кумановска трагедија и предупреди дека селективното реагирање на вандализмот води кон лицемерие и цинизам.
„Сеопштата осуда на навивачкиот примитивизам на сите ни влеа надеж за цврста решеност за справување со овој неспортски феномен. Но, хипокризија и цинизам е селективното реагирање на неспортскиот вандализам. Само со заедничка, доследна и бескомпромисна битка со шовинистичките изблици, без оглед чии се, ќе градиме здраво општество“, напиша таа.
Фејсбук статусот следи по уште еден спортски настан на кој, наместо фер плеј, доминираа националистички скандирања, меѓу кои и повици за „Голема Албанија“, „Чамерија“ и „Илирида“. Иако Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) апелираше за спортско навивање и воздржаност од провокации, дел од навивачите на натпреварот Шкендија – Карабах упатија навреди што предизвика осуди и реакции од јавноста.
Министерството за внатрешни работи информира дека веќе е започната постапка за идентификација на учесниците во инцидентот:
„Постапуваме врз основа на обезбедена видео и фото-документација. Со јавниот обвинител координираме следни чекори со цел целосно расчистување на случајот“, информираа од СВР Скопје.
Од Основното јавно обвинителство Скопје потврдија дека постапуваат во координација со МВР.
Дополнително загрижи фактот што натпреварот беше следен од повеќе високи функционери од власта и опозицијата, меѓу кои и вицепремиерот Изет Меџити, претседателот на Собранието Африм Гаши, но и лидери на опозициски партии – Али Ахмети и Арбен Таравари.
Гаши, кој пред три дена остро ги осуди сличните скандирања во Куманово, овој пат преку Фејсбук упати честитка до навивачите, нарекувајќи ги „достоинствен пример за националните вредности“.
Хелсиншкиот комитет реагираше дека говорот на омраза не смее да се игнорира и побара од МВР и надлежните институции итно и неселективно да го применат законот.
Спортските натпревари сè почесто стануваат место каде доминира говорот на омраза, а не спортскиот дух. Обвинителството веќе води постапка за националистичките повици на натпреварот во Куманово на 2 август.
Македонија
(Видео) Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

Во лоши услови со силен ветар и во ноќ, тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување безбедно го симна од дрвото на кое беше закачен странскиот параглајдерист во близина на Крушево, соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Параглајдеристот нема сериозни повреди.
Претходно, попладнево од страна на полициската станица Крушево, ДЗС доби информација дека странски државјанин, додека летал со параглајдер удрил во дрво високо над 30 метри, од ударот се здобил со повреди и останал да виси на дрвото.
Бидејки локалните сили не можеа да го симнат повредениот параглајдерист, итно беше активиран тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување,
Македонија
Свадба во струмичкиот затвор – осуденик го кажа судбоносното „да“

Во струмичкиот затвор денес се одржа невообичаен, но длабоко хуман чин – законска регистрација на брак на осудено лице кое моментално ја издржува затворската казна.
Настанот се реализира под покровителство на директорот на установата, Зоран Ристов, и заменик-директорката, Наташа Лазарова Донева, како дел од заложбите за почитување на човековите права и обезбедување правна сигурност за сите, без исклучок, соопшти Управата за извршување санкции.
Со оваа регистрација, лицето се стекна со правен идентитет – важен предуслов за пристап до здравствена, образовна и социјална заштита, но и чекор напред кон успешна ресоцијализација.
Од Управата додаваат дека ваквиот чин е резултат на добра координација меѓу затворската управа, стручните служби и релевантните институции, и покажува дека и во пенитенцијарниот систем постои волја за хуманост, инклузивност и правичност.