Компании
Телеком Австрија првпат ги објави кварталните резултат за Вип и Близу во Македонија
Продолжува растот на постпејд корисничката база, регулацијата на интерконекциските цени и жестоката конкуренција ги погодија резултатите во третиот квартал од 2014 година, покажуваат резултатите што Телеком Австрија Групацијата ги објави во четвртокот, а првпат извештајот за Република Македонија ги содржи податоците за Вип оператор и Близу Македонија, по преземањето на компанијата од страна на Телеком Австрија на крајот на јули оваа година.
Продолжува растот на постпејд корисничката база, регулацијата на интерконекциските цени и жестоката конкуренција ги погодија резултатите во третиот квартал од 2014 година, покажуваат резултатите што Телеком Австрија Групацијата ги објави во четвртокот, а првпат извештајот за Република Македонија ги содржи податоците за Вип оператор и Близу Македонија, по преземањето на компанијата од страна на Телеком Австрија на крајот на јули оваа година.
Силната регулација на интерконекциските цени е примарниот фактор кој доведе до значајно намалување на вкупните приходи, кои достигнаа 17 милиони евра во третиот квартал од 2014 година. Пониските цени кон крајните корисници, кои се должат на жестоката конкуренција и високите трошоци за субвенција на паметни телефони за корисниците, имаа еродирачки ефект врз финансиските резултати и доведоа до намалување на заработката пред камати, даноци, амортизација и депресијација (ЕБИТДА) за 15 отсто во споредба со минатата година и изнесуваат 4,3 милиони евра.
Бројот на мобилни корисници на Вип оператор забележа пад од 645,000 минатата 2013 година до 631,000 во третиот квартал од 2014 како резултат на намалувањето на припејд корисничката база, а пазарниот удел на Вип оператор изнесува 27,6 отсто. Уделот на постпејд претплатници забележува тренд на зголемување и на крајот на септември 2014 изнесува 50 процнети од целокупната корисничка база.
Во третиот квартал се вклучени и резултатите на Близу Македонија за август и септември, при што компанијата има 62,000 фиксни пристапни линии на 30-ти септември 2014.
„Силната регулација на интерконекциските цени и веќе премногу ниските цени за мобилна комуникација ја поткопуваат финансиската сила и го намалуваат потенцијалот за инвестирање во инфраструктура и евтини телефони за корисниците. Имајќи ја предвид и дополнително најавената регулација на роаминг цените, негативениот ефект врз индустријата ќе се засили, што особено ќе ги погоди инвестициите во модерна инфраструктура и технологии за натпревар во глобализираниот свет базиран на информации. Можности за нашиот иден раст гледаме во понудата на конвергентни услуги кои ќе обезбедат уште поголема вредност и придобивки за македонските граѓани“, изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Вип оператор и Претседател на Надзорниот одбор на Близу Македонија.
Капиталните инвестиции во Република Македонија во третиот квартал 2014-та се намалени од 11,5 милиони евра во третиот квартал минатата година до 1,6 милиони евра, при што треба да се земе предвид дека 10,3 милиони евра беа инвестирани во третиот квартал на 2013 година. во лиценца за 4Г услуги, велат од Телеком Австрија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

