Свет
На братот на Обама му е забранет влезот во Британија

Еден по повеќето полубраќа на американскиот претседател му е ускратен престојот во Лондон, заради давање лажни податоци во истрага за полов напад на девојче
Кениецот Самсон Обама минатата седмица бил одбиен за добивање виза за посета на Велика Британија, потврдиле британските власти за BBC. Тој бил задржан на лондонскиот аеродром East Midlands Airport.Еден од африканските полубраќа на престедателот Барак Обама, планирал кусо да се зарджи во Лондон, како што навел заради неговиот бизнис со мобилини телефони близу Најроби, пред да замине за Вашингтон. Самсон и Барак имаат ист татко кој го напуштил сегашниот претседател на САД кога тој имал две години, а загинал во сообраќајна несреќа во 1982 г..Како што соопштиле британските власти, отисоците од прстите го поврзале Самсон со пријавен сексуален напад врз британско девојче, во периодот кога тој во Лондон престојвуал со мајка му. Во образложението за одбивање издавање виза за влез во Британија, било наведено дека во ноември минатата година кога полицијата го испитувала за наводниот напад врз девојчето, кој Самсон го негирал, тој користел лажно име за што добил и опомена од полицијата.Пред неколку месеци друг полубрат на Барак Обама беше осомничен и притворен за поседување наркотици, но подоцна беше ослободен од обвиението од кениските власт. Џорџ Обама кој живее во сиромашното предградие на главниот град на Кенија, Најроби, на крајот од јануари о.г. беше уапсен но по два дена ослободен за поседвуање дрога. Тој тогаш изјави дека станува збор за недоразбирање.Џорџ има 24 години и со Барак имаат ист татко, Барак Обама Постариот, и заедничко им е што и двајцата не го познаваат. Американскиот претседател додека бил многу мал бил напуштен од татка си, а кога Џорџ имал само шест месеци, татко им загинал во сообраќајна несреќа. Барак Обама Помладиот во својата книга пишува дека отсекогаш се борел со чувствата кон својот татко.За полубратот Џорџ Обама се дозна во 2008 г., а го откри новинарот на CNN, Дејвид Мекензи. Тогаш новинарот напиша дека Џорџ живее во сиромашното предградие на Најроби во трошна куќарка и дека заработува помалку од долар на ден, на што кенискиот Обама се налути и беше предизвикан да даде изјава дека медиумите претеруваат и дека тој е целосно задоволен како живее и дека и’ помага на заедницата колку што може.Барак и Џорџ Обама се сретнале само двапати во животот, а Џорџ беше еден од ретките роднини кои не присуствуваа на инаугурацијата на Барак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Грција го усвои контроверзниот закон – отворен патот за 13-часовно работно време

Грчкиот парламент денес го усвои новиот закон за труд, кој предизвика бурни реакции и протести во целата земја. Со 158 гласа „за“ и 109 „против“ владиниот предлог беше изгласан, а левичарската опозициска партија СИРИЗА одби да учествува во гласањето.
Законот, кој според владата има цел да го направи пазарот на труд поприспособлив и поефикасен, им овозможува на работодавците во приватниот сектор да бараат од своите вработени да работат до 13 часа дневно наместо досегашните осум. Продолженото работно време може да се применува најмногу 37 дена годишно, а работниците се заштитени од отказ доколку одбијат да работат прекувремено.
Владата тврди дека со новите правила се зголемуваат флексибилноста и заштитата на работниците, особено оние со семејства, и дека законот дозволува четиридневна работна недела доколку има претходен договор меѓу работодавецот и вработениот.
Меѓутоа, синдикатите и опозицијата остро реагираа предупредувајќи дека реформата ја укинува суштината на осумчасовниот работен ден и ја легализира прекумерната експлоатација. Синдикатот на државните службеници ADEDY порача дека „флексибилното работно време во пракса значи уништување на семејниот и на општествениот живот и укинување на работничките права“.
Синдикатите потсетуваат и дека просечните плати во Грција се значително пониски од европскиот просек, а нерегистрираниот труд и натаму е голем проблем. Опозициските партии оценија дека законот е застарен и спротивен на европските тенденции за скратување на работното време и воведување пократка, но поквалитетна работна недела.
Новите одредби предвидуваат и поголема флексибилност при вработувања на определено време, со цел, како што наведува Министерството за труд, да се стимулираат продуктивноста и модернизацијата на пазарот на труд.
И покрај уверувањата на владата дека законот ќе ги заштити работниците и ќе овозможи подобра рамнотежа меѓу работа и приватен живот, јавноста останува поделена.
Свет
Индонезија, Азербејџан и Пакистан – три земји во преговори за мировна мисија во Газа

Американски официјален претставник изјави дека Индонезија, Азербејџан и Пакистан разговараат со САД за можноста да испратат војници во идната меѓународна мисија за стабилизација на Пojaсот Газа, објави американски функционер од одбраната, кој побарал да остане анонимен поради чувствителноста на преговорите, јавува „Политико“.
Ова е дел од планот во 20 точки за мир предложен од Доналд Трамп, кој предвидува привремени сили за обука и поддршка на палестинската полиција и соработка со Египет и Јордан.
САД нагласуваат дека американски војници нема да влегуваат во Газа, туку ќе дејствуваат од координативен центар северно од Израел. Египет, Катар и ОАЕ ќе имаат свои официри таму. Досега нема официјални потврди од трите земји.
Целта на мисијата е привремено да се обезбеди обука на палестинските безбедносни структури и да се овозможи разоружување на Хамас. Аналитичари и дипломати ја доведуваат во прашање изводливоста на планот, а формирањето на силите може да трае неколку месеци од моментот на одлуката.
Свет
„Борбата не е завршена“ – Нетанјаху решен да ги врати сите тела на заложниците

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел е решен да ги врати сите тела на заложниците што сè уште се во рацете на Хамас.
Тој ја повтори својата порака за време на одбележувањето на втората годишнина од нападот на Хамас велејќи:
„Борбата уште не е завршена, но едно е јасно – секој што ќе крене рака против нас, ќе плати висока цена“.
Израел го обвини Хамас за прекршување на договорот за примирје, според кој сите заложници – живи и мртви – требало да бидат предадени до понеделник. Хамас предаде 20 живи заложници и девет тела, но тврди дека за другите му е потребна специјална опрема за пребарување под урнатините.
Министерот за одбрана Израел Кац порача дека ако Хамас не го почитува договорот, Израел во координација со САД ќе ја продолжи офанзивата до целосен пораз на организацијата.