Македонија
Започна забавата на плоштадот Македонија

Централната забава по повод укинувањето на визите за македонските граѓани започна вечерва на плоштадот Македонија.
Централната забава по повод укинувањето на визите за македонските граѓани започна вечерва на плоштадот Македонија.
Како што јави репортерот на Макфакс, бројот на посетителите на плоштадот постојано се зголемува и покрај студеното време.
Концертот започна во 18 часот со настапот на Слаткаристика, ДНК, Елвир Мекиќ, Тони Зен, кои изведоа по три песни од својот репертоар, по што треба да настапат Јован Јованов, Ламбе, Адриан Гаџа, Елена Ристеска, Каролина, Есма, Калиопи, Владо Јаневски и Влатко Стефановски трио.
Настапот на најголемата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ е закажан за некаде по 22 часот, а познатиот диџеј Фетбој Слим ќе настапи во 00. 30 минути.
Настапот на музичарите може да се следи и преку три видеобима, а околу плоштадот се поставени осум мали и два големи пункта на кои може да се купат сокови, пиво и вино.
На дел од плоштадот поставен е голем часовник, кој го одбројува времето до полноќ, кога стапува на сила визната либерализација.
Предвидено е премиерот Никола Груевски во придружба на останатите министри да се појават на прославата околу 20:30 минути. /крај/бк/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Сопиште, Студеничани и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од селото Света Петка (општина Сопиште);
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците дел од селото Маркова Сушица (општина Студеничани);
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците дел од улиците 100,21,23,83 (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила времето на чекање за влез во државата е околу 30-45 минути, на ГП Богородица за излез е околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска и утре поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.