Свет
Русија и Турција и натаму различно гледаат на судирот во Сирија
Русија и Турција се согласија во понеделникот дека имаат различни погледи за решавањето на граѓанската војна во Сирија, што според аналитичарите укажува дека мали за шансите за брзо ставање крај на 20-месечните судири.
Една од главните теми на коишто во понеделникот во турската метропола Истанбул разговараа рускиот претседател Владимир Путин и неговиот домаќин турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, беше ситуацијата на Сирија. Меѓутоа, главна цел на овој еднодневен состанок од работен карактер во рамките на третото заседание на руско-турскиот Совет за соработка на високо ниво, е да не се дозволи различните ставови за Сирија негативно да влијаат на јакнењето на трговската и енергетската соработка.
Така, и покрај политичките несогласувања, Русија и Турција последните десет години ја засилија меѓусебната соработка, а посебно во областа на трговијата и енергетиката. Според руски извори, обемот на трговската размена во 2012 година би требало да достигне 35 милијарди американски долари. Москва е првиот снабдувач на Турција со природен гас и треба да ја гради првата нуклеарна централа во Турција со договорот потпишан во 2010 година. За време на посетата на Путин потпишани се низа договори за продлабочување на меѓусебната соработка.
Путин во понеделникот изјави дека целта на двете страни е трговската размена да се зголеми на 100 милијарди долари годишно и потврдил дека во најкус период ќе биде имплементиран проектот за грдење на нуклеарната централа во Турција договено во 2010 година.
„Позициите на Руската Федерација и Турција целосно се согласни кога станува збор за тоа што треба да се стори во Сирија, меѓутоа немаме заеднички пристап во врска со методите како тоа да се направи“, изјави Путин на заедничката прес-конференција со Ердоган.
Турција, загрижена поради сирискиот арсенал хемиско оружје, сѐ поголемиот број бегалци и сириската поддршка на курдските бунтовници, е главниот спонзор на вооружената сириска опозиција и водечкиот глас на западната акција против сирискиот претседател Башар ал-Асад.
За Турција, Русија, еден од главните сојузници на Сирија, е клучната алка за решавање на судирот поради кој стотици илјади сириски бегалци пребегаа во Турција и кој се заканува со избувнување на меѓу верска воја и во соседните земји. Бидејќи сириските бунтовници се мнозински сунити, а претседателот Асад им припаѓа на алавитите (огранок на шиитскиот ислам), кој ја има поддршката на Друзите и на христијаните.
„Нашата најголема желба е итно прекинување на крвопролевањата и судирите во Сирија и нашите министри за надворешни работи продолжуваат да работат на тоа“, рекол турскиот премиер Ердоган.
Русија и Кина двапати ја искористија можноста за вето во Советот за безбедност при Обединетите нации при носење резолуции со кои требаше да се изврши притисок врз претседателот Асад да замине од власта, со што беа блокирани Турција, Западот и арапските земји кои сакаат да ја добијат поддршката на ОН за отворено помагање на сириските бунтовници. Москва и Пекинг своите акции ги правдаа со тоа што со текстовите на резолуциите за крвопролевањата се осудува само режимот на Асад, но не и вооружената опозиција.
Аналитичарите сметаат дека по консолидирањето на сириската опозиција, Русија ги зајакнала напорите да прикаже дека не стои зад режимот на Асад и дека е неутрална и дека ја интересира само мирот во регионот. Меѓутоа, Москва досега воопшто не даде да се насети дека ќе го промени својот став во врска со решението на конфликтот во Сирија, а тоа се преговори коишто ќе доведат до избори и формирање нова влада во Дамаск.
„Ние не сме адвокати на сирискиот режим, не го штитиме. Нас нѐ загрижува иднината на Сирија“, изјавил Путин.
Додал дека ставовите на Турција и Русија за иднината на Сирија се исти, но дека се разликуваат според методи кои треба да се применат. Путин, исто така, рекол дека тој и Ердоган во текот на состанокот дошле до нови идеи на кои во иднана
Турските функционери во понеделникот ги брифираа странските новинари дека на Русија треба да ѝ се дадат гаранции дека нема ништо да загуби со заминувањето од власт на Асад. Русија, имено, е најголемиот снабдувач со оружје на Сирија со повеќе милионски зделки секоја година, а на сириска територија е сместена и руската морнаричка база, единствена воена ваза надвор од границите на поранешниот Советски сојуз.
Турскиот премиер во текот на прес-конференцијата истакнал дека покрај за ситуација во Сирија, било разговарано и за општата ситуација на Блискиот исток. Притоа Ердоган ѝ се забалгодарил на Русија за поддршката за палсетиснакта резаолуција во Генералното собрание на ОН за унапредувањето на статусот на Палестина во светската организација./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

