Свет
Седуммина убиени на протестите во Техеран

Иранското државно радио пренесе информација дека седум лица биле убиени во вчерашните протести против изборот на Ахмадинеџад за претседател
Според Иранското државно радио, убиените биле насилници кои нападнале контролен пункт на војската.Во понеделник вечерта беше лиферувана информација која ја јавил снимателот на иранската телевизија Press TV, а ја пренела британската Sky News.„Има повремени истрели… Гледам луѓе како трчаат“, рекол снимателот од местото каде се случил судир меѓу демонстрантите и полицијата.Истовремено и иранските корисници на интернетската мрежа за дружење Твитер информирале дека дошло до престрелка со смртни последици. Според овие информации, десетици илјади луѓе денеска се собрале во центарот на Техеран на протести против, според нив, украдените претседателски избори од минатиот петок. Демонстрантите се собрале иако постоеше забрана за одржување протест во знак на поддршка на кандидатот Мирхосеин Мусави кој повика на поништување на изборите. Се’ уште не е потврдена информацијата од саботата кога миланска Corriere della Sera повикувајќи се на телвизијата Аl Arabia, извести дека имало и три жртви на овие судири. Оваа телевизиска станица од Дубаи има свое дописништвово Техеран, кои соодлука на иранските власти е затворено, како што му рекле на уредникот – на една седмица.Првиврзаниците на противкандидатот на прогласениот победник на претседателските избори претседателот Махмуд Ахмадинеџад, Мирхосеин Мусави, за денеска под негово водство најавија нови протест.Врховниот ирански лидер ајатолахот Али Хамнеи, му нареди на иранскиот Совет за заштита на уставот да ги разгледа приговорите на Мусави и да поведе истрага по тврдењата дека изборите од петокот биле лажирани во полза на Ахмадинеџад.Во Иран продолжуваат протестите против Ахмадинеџад Протестите во Техеран продолжија, тројца мртвиНемири во Иран по победата на Ахмадинеџад Махмуд Ахмадинеџад реизбран за претседател на ИранМоже ли Ахмадинеџад да ги изгуби изборите од Иранките?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Орбан: Штета е што Фон дер Лајен мора да се грижи, листата на недостатоци на ЕУ им е позната на сите

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека е штета што претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, морала да се грижи и да се бори додека ја презентирала состојбата на ЕУ во својот годишен говор до нацијата бидејќи листата на слабости на Унијата им е позната на сите.
„Урсула фон дер Лајен денес ја оценува состојбата на Унијата. Штета е што мора да се грижи“, напиша Орбан на својата страница на социјалните мрежи, објавува унгарски „Немзет“.
Тој додаде дека листата на недостатоци им е позната на сите – бавна економија, влошување на конкурентноста, миграциска криза и насилство, изгубена војна, бесмислена зелена политика.
„Народите на Европа се презаситени од ова. Затоа патриотските сили стануваат посилни во цела Европа. Затоа француската влада постојано пропаѓа, затоа Навроцки победи во Полска и затоа Андреј Бабиш ќе победи во Чешка“, напиша Орбан на „Фејсбук“ со забелешка дека „срамно е што Урсула фон дер Лајен мора да страда“, пренесува „Танјуг“.
Денес, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го одржа својот годишен говор до нацијата во Европскиот парламент, прв во нејзиниот втор мандат, и изјави дека само обединета и повторно обединета Европа може да биде независна Европа, дека поголема и посилна Унија е гаранција за безбедноста на сите и дека иднината на Западен Балкан, Украина и на Молдавија е во ЕУ.
Фото: принтскрин
Свет
Британскиот премиер: Упадот со руски беспилотни летала во Полска е исклучително загрижувачки

Британскиот премиер Кир Стармер утрово остро го осуди рускиот упад во полскиот воздушен простор нарекувајќи го екстремно загрижувачки.
Стармер го опиша нападот врз Украина како варварски и додаде дека тоа е грубо неодговорен потег на Русија што само го потврдува очигледното непочитување на мирот од страна на Путин и континуираното бомбардирање невини Украинци.
Тој рече дека разговарал со полскиот премиер Доналд Туск за јасно да ја стави до знаење поддршката на Обединетото Кралство. „Искрено сум им благодарен на НАТО и на полските сили, кои бргу реагираа за да ја заштитат алијансата“, рече Стармер.
Тој додаде дека Велика Британија, заедно со партнерите и преку раководството на коалицијата на волјата, ќе продолжи да го зголемува притисокот врз Путин сè додека не се постигне праведен и траен мир.
Фото: принтскрин
Регион
Трагедија на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград: маж почина штом слета од Тунис

Вистинска драма се одвивала синоќа, еден час по полноќ, на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, кога на патникот Н. Л. (64) му се слошило штом неговиот авион слетал од Тунис.
Според информациите објавени од „Блиц“, лекарите на аеродромот „Никола Тесла“ веднаш му укажале помош, но човекот не можел да се спаси.
Неговата сопруга била до него цело време. Таа, неофицијално, изјавила дека на нејзиниот сопруг му се слошило штом излегол од авионот. Лекарите итно реагирале, но и покрај нивните напори, немало начин да се спаси.
За случајот било известено Вишото јавно обвинителство, кое нареди обдукција на телото на мажот, објавија српските медиуми.