Македонија
Европратениците дебатираат по нацрт-резолуцијата на Талер
Комитетот за надворешна политика на Европскиот Парламент ја започна дискусија по нацрт-резолуцијата подготвена од страна на словенечкиот европратеник Зоран Талер, базирана на минатогодишниот извештај на Европската Комисија за напредокот на земјата.Талер во резолуцијата бара одредување на датум за старт на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија. Во својата денешна дискусија ги посочи областите набројани и во нацрт-резолуцијата, на кои Македонија треба да работи во следниот период – состојбата во медиумите, реформата на јавната администрација и состојбата во медиумите.Холандскиот пратеник, Јоханес Корнелис ван Бален упати критики до Талер, забележувајќи му дека резолуцијата ја напишал со политичка диоптрија на социјалдемократ.Британецот Чарл Тенок, пак, упати забелешка на Талер за пофалните зборови што ги упатил до евроамбасадорот Ерван Фуере, посочувајќи дека еден дипломат не треба да се меша во внатрешните работи на една земја. Германскиот и словачкиот пратеник, Елмар Брок и Едуард Кукан во дебатата упатија повик до опозицијата за нејзино враќање во македонското Собрание. Словенецот Јелко Кацин, пак, ги повика македонските политички лидери да го потпомогнат процесот на проширување со испраќање на позитивни сигнали до Брисел и ги повика самите да се запрашаат зошто земјата не добива датум за преговори веќе шестта година по ред.Грчката пратеничка, Елени Марија Копа, застанувајќи во одбрана на својата земја, ја обвини Македонија дека нема намера да попушти во спорот со името. Во нејзината дискусија таа посочила дека земјата не ги исполнува Копенхашките критериуми за членство во однос на медиумите и судството. Дебатата во комитетот се одвива паралелно со формирањето на неформалната група „Пријатели на Македонија“ во Европскиот Парламент, чија основна цел ќе биде поддршка на европската интеграција на Македонија. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мециновиќ: Владата води историски најопасна надворешна политика по државните интереси
На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица Амар Мециновиќ даде критички осврт на надворешната политика која ја води владата на ВМРО-ДПМНЕ. Мециновиќ на почетокот се осврна на тоа зошто министерот Муцунски не е присутен на пратеничките прашања и праша дали можеби неговото отсуство е поврзано со градењето на новиот објект на покривот на Министерството за надворешни работи.
„Јас и претходно реагирав за едно многу контроверзно гласање во Генералното собрание на Обединетите Нации. Тоа е гласањето против обидот за носење на резолуција за прекин на огнот во Газа. Тогаш вие гласавте против, надвор од очекувањата на македонското општество и надвор од традицијата дипломатска која Македонија ја има”, истакна Мециновиќ.
Пратеникот од Левица дополни дека ова е првиот владин кабинет за надворешна политика кој гласал против кревањето на ембаргото на Куба. Ваквиот чекор според Мециновиќ претставува најгруб дисконтинуитет во традицијата на македонската дипломатија.
Тој се осврна и на односите со Кина, безвизниот режим и прашањето за Тајван, како и на поширокиот геополитички контекст на продлабочена криза во трансатлантските односи. Ја обвини Владата дека во момент кога САД стануваат сè понепредвидлив партнер, таа ја врзува Македонија исклучиво за американската линија, занемарувајќи ја европската траекторија.
„Албанија воведе безвизен режим со Кина и се приближува кон Европската Унија. Вие не воведувате безвизен режим и се оддалечувате од Европската унија. Моето пратеничко прашање е: каде оди овој брод?” – праша пратеникот од Левица.
Македонија
Министерство за правда: Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Со мнозинство гласови пратениците ја изгласаа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет. Законот се проследува на второ читање, информираат од Министерството за правда.
Министерот за правда Игор Филков во своето обраќање рече дека со овој закон во министерството е започната нова ера на работа и функционирање, во којашто секој битен и суштински закон за граѓаните на Република Македонија ќе се изготвува низ отворен, јавен и транспарентен процес.
,, Клучни новини кои се предвидени со Законот се:
Јавност во постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет,
За прв пат прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“.
Воведување јавна расправа при избор на кандидатите за не-судски членови со цел поголема транспарентност и одговорност,
Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите,
Јасно прецизирање на постапката за дисциплинска одговорност на судиите, но и на членовите на судскиот совет,
Воспоставување обврска Судскиот совет да ги прецизира, индивидуализира и образложи одлуките за избор и утврдување одговорност на судиите,
Утврдување на рокови за преземање дејствија за дисциплинска одговорност на судиите, како и прецизирање на основите и постапката за жалба против одлуката на Судскиот совет, како и
бројни други решенија за унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на ЕУ”, рече Филков.
Тој изрази жалење што дел од опозицијата не беше присутна на седницата за носење на, како што оценува, исклучително важен закон кој е дел од Реформската агенда.
Македонија
Утре, во утринските часови наместа со појава на магла, во текот на денот сончево со умерена облачност
Утре во утринските часови наместа ќе има појава на магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно и претежно тивко.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.

