Контакт

Свет

САД ќе основаат нов фонд за финансирање на руски НВО

Објавено пред

Американската администрација започна преговори со конгресот за воспоставување на нова организација која би ги подржувала невладините организации во Русија, соопшти во среда Филип Гордон, помошник државен секретар, задолжен за европските и евроазиските прашања.

dobivaj vesti na viber

Американската администрација започна преговори со конгресот за воспоставување на нова организација која би ги подржувала невладините организации во Русија, соопшти во среда Филип Гордон, помошник државен секретар, задолжен за европските и евроазиските прашања.

„како дел од нашата стратегија за демократија, администрацијата се консултира со конгресот за иницијативата да се создаде нов фонд за поддршка руските невладини организации, кои се посветени на создавање на поплуралистичко и поотворено општество“, рече Гордон. Тој пред сенатскиот Комитет за надворешни односи додаде дека за фондот нема да бидат потребни нови финансиски средства, затоа што би се финансирал од постоечките средства на Инвестицискиот фонд САД – Русија, кој е пример за успешна американска помош за Русија.

Гордон вели и дека САД и досега обезбедувала финансиска помош за руското граѓанско општество.

„Од 2009 година наваму, владата на САД даде околу 160 милиони долари помош за поддршка на програми за човекови права, владеење на правото, за борба против корупцијата, граѓанското општество, независните медиуми, доброто владеење и за демократските политички процеси. Во поскоро време, финансирањето од САД беше употребено за поддршка на независните руски набљудувачи на парламентарните избори и на обуката на независните руски медиуми за професионално и непристрасно новинарство, за охрабрување на информираната партиципација на граѓаните во изборниот процес и за засилување на капацитетот за спроведување на анкети на јавното мислење“, образложи Гордон.

Минатата недела рускиот премиер Владимир Путин предложи поголема одговорност за оние кои се мешаат во рускиот политички живот по наредба од странство.

„Кога парите од странство се инвестираат во политички активности внатре во друга земја, тоа не загрижува. Ние не сме против странски набљудувачи на изборните процеси. Но, кога ќе почнат да мотивираат некои организации внатре во државата, кои тврдат дека се домашни, но всушност се финансирани од странство… тоа е неприфатливо“, дециден е Путин, кој додава и дека стотици милиони долари странски пари биле потрошени за да се влијае врз изборниот процес во Русија.

Владејачката партија „Обединета Русија“ победи на последните парламентарни избори на 4 декември годинава, со добиени безмалку 50 проценти од гласовите. Веднаш по изборите десетици илјади луѓе излегоа на улиците на Москва и на некои други руски градови, на протести за изборните резултати, за ко тврдеа дека се наместени.

Незавсните набљудувачи и критичари тврдат дека гласањето било наместено во корист на „Обединета Русија“ и посочија на повеќе инциденти на полнење на гласачки кутии, но властите во Москва тврдат дека изборите биле фер, а неправилностите безначајни. Рускиот претседател Дмитри Медведев вети и дека ќе се спроведе детална истрага за наводните изборни нерегуларности. /крај/риа/сс/

Свет

Американски конгресмен: Аферата Епстин може да биде крај на монархијата

Објавено пред

Член на американскиот конгресен комитет што ја истражува аферата Епстин изјави дека скандалот би можел да означи „крај на монархијата“.

dobivaj vesti na viber

Конгресменот Ро Кана верува дека кралот Чарлс и кралицата Камила мора да одговорат на прашања за Ендру Маунтбатен-Виндзор, помладиот брат на кралот кој беше вмешан во аферата, објави Скај њуз.

Кана, демократот зад законодавството што доведе до објавување на документите за Епстин, рече дека верува оти британската монархија е во својата најранлива точка во историјата.

„На кралот и кралицата треба да им се постават прашања, а ова потенцијално би можело да биде крај на монархијата“, изјави тој за Скај њуз.

„Ако немаат одговори, ако се вмешани во аферата Епстин, тоа не изгледа добро за британската монархија“.

„Кралот мора да одговори што знаел, што знаел за Ендру, а само одземањето на титулата на Ендру не е доволно“, додаде тој.

„Ендру мора да излезе пред нашиот комитет и да почне да одговара на прашања. Не мислам дека соодветна казна е тој повеќе да не е принц. Мора да има нешто повеќе од тоа.“

Тој, исто така, го критикуваше кралското дистанцирање.

„Не го разбирам овој британски обичај кралот и кралицата да се навредуваат ако некој им постави прашање. Ајде, ве молам. Тие се само човечки суштества, носат иста облека и јадат иста храна, мора да одговорат на истите прашања како и сите други.“

Ендру Маунтбатен-Виндзор ги негираше обвинувањата за злоупотреба и нема индикации дека поширокото кралско семејство имало какви било врски со Џефри Епстин. Сепак, осудениот педофил бил поканет во Бакингемската палата и го посетил имотот Балморал. Неговата соработничка и осудена за сексуална трговија со луѓе, Гислајн Максвел, исто така е фотографирана во Сандрингам со Ендру.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Насилни протести во Сиднеј: Демонстрантите се судрија со полицијата

Објавено пред

Триесет лица се уапсени, а десетици демонстранти побарале медицинска помош во Сиднеј откако избувнаа судири со полицијата поради посетата на израелскиот претседател Исак Херцог на Австралија.

dobivaj vesti na viber

Демонстрантите организираа митинг и ги обвинија полицијата и безбедносните сили за употреба на прекумерна сила, додека лидерите на Нов Јужен Велс ги бранеа постапките на полицијата за време на протестот на кој се собраа речиси 7.000 луѓе во центарот на Сиднеј.

Судири меѓу демонстрантите и полицијата се случија кога толпата се обиде да маршира кон австралискиот државен парламент. Полицијата официјално изјави дека голем број демонстранти се обиделе нелегално да ги пробијат полициските бариери кога се случиле физички конфронтации.

Полицијата, исто така, изјави дека се обидела да ги спречи демонстрантите да се пробијат бидејќи во исто време во Меѓународниот конгресен центар се одржувал собир на еврејската заедница по повод комеморација за жртвите во терористичкиот напад на плажата Бонди и дека нивната акција имала за цел да спречи потенцијален конфликт меѓу двете страни.

Во еден момент, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата. „Околностите беа тешки за полицијата која се обидуваше да ја смири ситуацијата“, рече Крис Минс, премиерот на државата Нов Јужен Велс.

Израелскиот претседател Херцог ќе посети неколку австралиски градови во наредните денови за да изрази солидарност со австралиската еврејска заедница по смртоносното масовно пукање минатата година. Трагичниот настан се случи на 14 декември 2025 година, за време на прославите на Ханука на плажата Бонди во Сиднеј, во кои беа убиени петнаесет лица.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Нови детали за филмскиот напад во Италија: Разбојниците се преправале дека се полицајци

Објавено пред

Организиран и вооружен напад врз возило за трансфер на пари беше извршен вчера утрото на автопатот SS613 што ги поврзува Бриндизи и Лече во јужна Италија. Инцидентот се случил во близина на градот Тутурано, а за време на операцијата дошло до размена на оган со карабињерите. Две лица се уапсени, додека по другите се трага.

dobivaj vesti na viber

Внимателно испланиран напад
Според италијанските медиуми, напаѓачите користеле неколку возила, вклучувајќи возила со сини ротирачки светла како оние што ги користат полициските автомобили. Наводно, тие го искористиле ова за да се преправат дека имаат полициска интервенција со цел полесно да го запрат сообраќајот и да го изолираат блиндираното комбе за трансфер на пари, кое подоцна ќе го дигнат во воздух.

Групата прво го блокирала патот понатаму со тоа што поставила возило преку патот и го запалила. Некои извештаи укажуваат дека најмалку две возила биле запалени за целосно да се блокира патот и да се спречи поминување на други возила.

Нападнатото возило било возило на БТВ Батистоли. Напаѓачите биле вооружени, а италијанските медиуми објавија дека користеле автоматско оружје, вклучително и пушки Калашников. Исто така, се споменува употреба на експлозиви во обид да се отвори оклопното возило.

Судири со полицијата и потрага по напаѓачите
Карабињерите пристигнале на местото на настанот кратко потоа, по што избувнала престрелка. Според досега достапните информации, ниту еден од карабињерите, вработените во возилото за трансфер на пари или цивили не е повреден, иако едно полициско возило било погодено од куршум.

Во голема полициска операција, уапсени се две лица осомничени за учество во нападот. Според италијанските медиуми, некои од напаѓачите се обиделе да избегаат по судирот, а потрагата по преостанатите членови на групата сè уште е во тек.

Поради инцидентот, делницата SS613 помеѓу приближно 8 и 13 километри, во областа Сан Пјетро Вернотика, била затворена во двата правци.

Сообраќајот бил пренасочен кон алтернативни патишта, додека пожарникарите и полицијата ги отстранувале запалените возила и спровеле истрага.

Сè уште не е официјално потврдено дали напаѓачите успеале да ги земат парите од блиндираното возило. Истрагата е во тек, а италијанските власти продолжуваат да го утврдуваат точниот број на учесници и целокупната динамика на нападот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 минути

Американски конгресмен: Аферата Епстин може да биде крај на монархијата

Член на американскиот конгресен комитет што ја истражува аферата Епстин изјави дека скандалот би можел да означи „крај на монархијата“....

Свет33 минути

(Видео) Насилни протести во Сиднеј: Демонстрантите се судрија со полицијата

Триесет лица се уапсени, а десетици демонстранти побарале медицинска помош во Сиднеј откако избувнаа судири со полицијата поради посетата на...

Европа51 минута

(Видео) Нови детали за филмскиот напад во Италија: Разбојниците се преправале дека се полицајци

Организиран и вооружен напад врз возило за трансфер на пари беше извршен вчера утрото на автопатот SS613 што ги поврзува...

Свет1 час

Мета и Гугл обвинети за намерно предизвикување зависност кај млади корисници

Судењето против Мета и Гугл започна во понеделник во граѓанскиот суд во Лос Анџелес, а адвокатите на тужителите ги обвинија...

Свет1 час

(Видео) Американската војска нападна уште еден брод во Пацификот, двајца мртви

Американската војска објави на социјалната мрежа X дека извршила напад врз брод во источниот Пацифик ноќеска по централноевропско време, при...

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување...

Свет13 часа

ЕУ забранува уништување на непродадена облека и обувки

Европската комисија денеска усвои мерки со кои се спречува уништување на непродадена облека, модни додатоци и обувки, со цел да...

Македонија13 часа

Даниел не се замерил со никого, мотивот најверојатно е пари, рече адвокатот на Кајмакоски кој по киднапирањето е стабилен, но под стрес

Македонскиот пејач, Даниел Кајмакоски, беше киднапиран во Белград ноќта меѓу сабота и недела, а по трауматичниот настан моментално се опоравува,...

Македонија14 часа

Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, епидемиологот Оранска рече дека болеста е донесена однадвор

Кај четворица слушатели на курсот за професионални војници во велешката касарна е потврдена шуга. Тие се пуштени на домашно лекување...

Македонија15 часа

„Сите сме под стрес“: сопругата на пејачот Даниел Кајмакоски разговараше со медиумите по киднапирањето

Сопругата на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, Марина, се огласи еден ден по неговото киднапирање . Имено, ноќта меѓу сабота и...

Топ18 часа

Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река

Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна...

Македонија20 часа

За една недела, 4.991 прекршок преку системот „Безбеден град“, најмногу за брзо возење

Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се...

Топ20 часа

Кривична пријава за сопственик на фирма од Охрид по смртта на негов вработен, не му обезбедил соодветна обука

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи...

Македонија20 часа

ОЈО ГОКК: Се разменуваат информации со српското обвинителство за да се утврди евентуална поврзаност на двата случаи и потеклото на марихуаната

Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони...

Македонија20 часа

Министри и градоначалници на средби со високи претставници на УНЕСКО во Париз, ќе се разговара за статусот на Охрид

Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна...

Македонија21 час

Утре ССМ ќе го блокира Собранието: Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 за работниците е срамно

Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) денес испрати уште еден повик до работниците утре во 9 часот да излезат на...

Македонија22 часа

„Немирната совест го натера Заев на панични реакции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во...

Свет23 часа

Врските на Епстин со Силиконската долина биле многу повеќе од комуникација само со Гејтс и Маск

Најновото објавување на милиони документи од Министерството за правда на САД поврзани со осудениот педофил Џефри Епстин фрли нова светлина...

Европа1 ден

Празната украинска амбасада во Москва казнета поради неплаќање струја

Московскиот суд ѝ наложи на украинската амбасада во Русија, која е затворена од почетокот на руската инвазија во февруари 2022...

Европа1 ден

(Видео) Моќен напад со дронови врз Одеса: погодена зграда, едно лице загина

Руските сили извршија серија напади со ракети и беспилотни летала врз неколку украински градови во текот на ноќта. Во Одеса,...