Контакт

Економија

Премиерот Груевски со владиниот економски тим во посета на Москва

Објавено пред

Премиерот Никола Груевски заедно со владиниот економски тим во понеделник престојува во Москва, како дел од неколкудневната посета на Русија чија цел е презентација на инвестициските можности на Македонија.

dobivaj vesti na viber

Предвидено е Груевски, заедно со делегацијата во која се и Зоран Ставрески, министер за финансии, Ваљон Сарачини, министер за економија и Бил Павлески, министер без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции, да присуствува и да се обрати на бизнис форум во Москва организиран од Трговско-индустриската Комора на Русија.

Премиерот Груевски ќе оствари средба со губернаторот на Московската област, Сергеј Шојгу, а ќе се сретне и со менаџерскиот тим на компанијата „Протек Груп“.

Покрај посетата на Москва, предвидено е владината делегација во следните неколку дена да престојува и во Владимир, Нижњиј Новогород и Санкт Петерсбург.

Република Македонија и Руската Федерација имаат воспоставено дипломатски односи на 31 јануари 1994 година, под уставното име. Политичките односи меѓу двете земји ги карактеризира позитивен развоен тренд во сите подрачја од заемен интерес. Значителна карактеристика на билатералните односи е интензивирањето на размената на посети на високо ниво.

Шестата седница на мешовитата меѓувладина Комисијата за трговско-економска и научно-техничка соработка, која е закажана да се одржи на 2-3 јули во Нижниј Новогород, се очекува да доведе до натамошно интензивирање на соработката во овие областите на економијата, земјоделството, културата, образованието и во други сектори. Во постапка се повеќе инцијативи за склучување на нови билатерални договори и други документи за уредување на односите и соработката во поголем број области од заемен интерес.

Културната соработка се одвива согласно Спогодбата за соработка во областа на образованието, културата и науката. Во рамките на соработката во областа на образованието и науката, приоритет е потпишување на Спогодба за заемно признавање на дипломите и титулите. Во однос на соработката во областа на внатрешните работи постои размена на информации и искуства и соработка меѓу МВР на двете земји во борбата против нелегалната трговија со наркотични средства и за контрола на нивното движење, како и во други области за сузбивање на криминални активности.

Руската Федерација е значаен трговски партнер на Република Македонија. Најзастапени производи во извозот за Русија се: лекови за малопродажба, феросилициум, зелка и сличен зеленчук, свеж или разладен, кајсии, цреши, вишни, праски и сливи, свежи, јаболки, свежи, делови и прибор за каросерии, производи од камен или други минерални материи , компир, освен сладок компир, домати итн.

Најголем дел од увозот на стоки од Русија во 2011 година се однесува на нафта и масла добиени од битуменозни минерали, природен гас во гасовита состојба, плоснато валани производи од железо или нелегиран челик итн.

Во трговската размена со земјоделско прехранбени производи реализирано е зголемување на позитивниот трговски биланс во 2011 година, за повеќе од три пати (остварени 9,3 милиони евра во 2011 година спрема 2,8 милиони евра во 2010 година, извозот бележи пораст од 120,1%, а увозот намалување од 81,6%).

Според податоците од НБРМ, од вкупниот кумулативен прилив на странските директни инвестиции, околу 10 милиони евра се од Руската Федерација. Во 2011 година вкупниот прилив на инвестициите од оваа земја, изнесува 5,19 милиони евра, што е значително поголем од целокупниот прилив до 2010 година. Во 2011 година во ТИРЗ – Скопје 1, рускиот фармацевтски холдинг „Протект Груп“ ја отпочна градбата на фабриката „Продис ДОО“ инвестиција во вредност од 5 милиони евра. Фабриката ќе произведува хомеопатски производи, чаеви, минерали, органски и неоргански житарки.

Во однос на енергетиката, соработката со Руската Федерација во досегашниот период се одвиваше преку следните активности: Испорака на природен гас со руската компанија ОАО „Гаспром“, потпишан е Меморандум помеѓу Владата на Република Македонија и руската компанија „Лукоил“ за изградба на бензински пумпи во Републиката, се пристапи кон реализација на изградбата на гасна електрана-топлана ТЕ-ТО Скопје, од страна на АД „Топлификација“ – Скопје и руската компанија „Синтезис“, кои за таа цел формираа акционерско друштво.

Предлог на нови проекти за соработка во енергетиката е изградба на дел од Националниот гасоводен систем на Македонија со средства обезбедени со Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација. Со средства во висина од 60.560.242.44 US$ обезбедени со Спогодбата и средства како учество на Македонија во висина од 15.140.060 US$, Владата утврди да се финансира изградбата на дел од приоритетниот магистрален правец Клечовце – Штип – Хамзали – Стојаково – граница со Република Грција, вклучувајќи и крак до Неготино- ТЕЦ Неготино, во вкупна должина од 210 километри.

Владата формира експертски тим за водење на преговори на техничко ниво со компании предложени од Руската Федерација. Двете страни во моментов разменуваат соодветни технички, правни и останати елементи, важни за трасата, предвидената цена на нејзина реализација и рокот на изведба.

Соработката во областа на туризмот да се одвива според Спогодбата за туристичка соработка помеѓу двете земји. Туристичката соработка помеѓу агенциите и угостителските капацитети од двете земји, се интензивира во 2009 година преку вклучување на туристичката понуда на Македонија во програмите на руски туроператори, како и продажба на аранжмани за посета на Русија во програмите на туристички агенции од земјава. Во однос на финансиите, склучен е Договор за одбегнување на двојното оданочување и заштита на фискална евазија по однос на данокот од доход и данокот на капитал, и Договор за поттикнување и заемна заштита на инвестициите.

Постои и Спогодба за соработка и взаемна помош во царинските работи. /крај/со/ач

Економија

„Лукоил“ го продава имотот во странство на американска компанија

Објавено пред

Од

Рускиот енергетски гигант „Лукоил“ ќе го продаде поголемиот дел од својот странски имот на американската инвестициска фирма „Карлајл“, објави денес одделот за односи со јавноста на „Лукоил“. Одлуката следува по воведувањето санкции од страна на САД врз руската нафтена компанија во октомври.

dobivaj vesti na viber

САД воведоа санкции врз „Лукоил“ и „Роснефт“, во октомври лани, замрзнувајќи ги американските средства на „Лукоил“ и заканувајќи се со секундарни казни за странските субјекти што работат со нив. Санкциите, првите такви мерки наметнати од втората администрација на Трамп, се дизајнирани да извршат притисок врз Москва да се согласи на мировни преговори во Украина, со оглед на тоа што приходите од фосилни горива играат клучна улога во одржувањето на воените напори на Русија.

Договорот со „Карлајл“ не ги вклучува средствата на „Лукоил“ во Казахстан и сè уште чека одобрение од Министерството за финансии на САД, соопшти руската компанија, додавајќи дека разговорите со други потенцијални купувачи се во тек.

Вредноста на договорот не беше откриена, иако меѓународниот имот на „Лукоил“ се проценува на вредност до 22 милијарди долари.

„Лукоил“ е втор по големина производител на нафта во Русија и една од најголемите компании во земјата, со учество од 2 проценти од глобалното производство на нафта. Покрај удели во нафтени полиња во Казахстан, Узбекистан, Блискиот Исток, Африка и на други места, „Лукоил“ управува и со три рафинерии за нафта во Европа и стотици бензински пумпи низ целиот свет, вклучително и во САД.

Администрацијата на Трамп претходно одобри ослободување од санкции за бензинските пумпи на „Лукоил“ во странство додека продажбата беше во тек. Швајцарската трговска куќа „Гунвор“ првично беше заинтересирана за купување на средствата на компанијата во странство, но ја повлече својата понуда во ноември откако Министерството за финансии на САД ја опиша како „кукла на Кремљ“.

Прикажи повеќе...

Економија

Божиновска на серија средби со амбасадори: меѓународна соработка за енергетска сигурност

Објавено пред

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска оствари серија билатерални средби со претставниците на дипломатскиот кор во земјава. Меѓународната соработка и партнерствата со пријателските земји се клучни за обезбедување на безбедна и одржлива енергетска иднина за нашата земја, истакна Божиновска.

dobivaj vesti na viber

Продлабочувањето на енергетската соработка беше фокус на средбата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска со амбасадорката на Литванија, Вилма Дамбраускиене. Акцентот беше ставен на размената на искуства во енергетската транзиција и напредокот на нашата земја на тој план, како и реализација на проекти од енергетскиот сектор во насока на еколошка, економска и социјална одржливост.

Божиновска, на средбата ја истакна посветеноста на Министерството да обезбеди услови за земјата да се насочи кон енергетски одржлив амбиент.

Во рамки на средбите, министерката Божиновска разговараше со амбасадорот на Австрија во Република Северна Македонија Н.Е. Мартин Памер, при што беа разменети мислења за енергетските политики, енергетската транзиција и можностите за австриски инвестиции и експертска поддршка во развојот на одржливи енергетски проекти.

На средбата со амбасадорката на Народна Република Кина во земјава, Џианг Сиаојан се разговараше за размена на искуствата меѓу двете земји, при што беше истакната подготвеноста од кинеска страна за примена на нивните практики во справување со загадување на воздухот и примена на обновливи извори на енергија.

На средбата со амбасадорката на Украина во земјава, Лариса Дир, министерката Божиновска ги презентираше конкретните чекори коишто се преземаат со цел исполнување на европските енергетски стандарди и интеграција во заедничкиот пазар на ЕУ. При тоа, министерката Божиновска ја нагласи подготвеноста на нашата земја да помогне во напорите за заздравување на украинскиот енергетски сектор.

Билатералните средби коишто Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги реализира се потврда за посветеноста на Министерството во насока на остварување на визијата за чиста, праведна и одржлива енергетска иднина

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Цветков: Додека власта си дели тендери, нема пари за поголема минимална плата

Објавено пред

Пратеникот на СДСМ, Борче Цветков, на денешната собраниска седница упати прашање до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, кое се однесуваше на минималната плата и дека, власта нема пари за нејзино зголемување, додека истовремено, како што рече, продолжува да си дели тендери.

dobivaj vesti na viber

„Во изминатиот период сме сведоци на континуиран раст на цените на основните животни производи. Храната поскапува, сметките растат, а инфлацијата директно го јаде и она малку што работниците го добиваат на крајот на месецот.

Во такви услови минималната плата не расте со исто темпо, туку заостанува, оставајќи илјадници семејства во постојана финансиска неизвесност.

Семејниот буџет на работникот е на минимум, а притисокот од сè поголемиот раст на цените е огромен. Денес ниту три минимални плати не се доволни за покривање на основните животни потреби.

Инфлацијата од 4,1 проценти и вртоглавиот раст на цените го загрозуваат животниот стандард. Платите постојано стојат во место, а Владата упорно тврди дека нема финансиски простор за нивно зголемување.

Денес зборуваме за минималната плата како единствен приход за десетици илјади граѓани во оваа држава. Зборуваме за плата од која треба да се платат кирија или кредит, сметки за струја и греење, храна, лекови, училишни потреби и превоз.

И кога сето тоа ќе се собере, станува јасно дека минималната плата одамна не обезбедува ниту минимум достоинство“.

Постојано зборувате, додаде тој, за економски раст, за стабилни индикатори и за успешни политики, но прашањето, како што рече е, за кого е тој раст.

„Секако не е за работникот кој живее од минимална плата. За него секој нов месец е нова борба дали да купи храна или да плати сметки. Тоа, министре, не е економска стабилност, тоа е сиромаштија.

Потрошувачката кошница јасно покажува дека минималната плата не ги покрива ни основните потреби. Покрај тоа, вашето министерство, кое вие го водите, нема понудено јасен план како минималната плата ќе се усогласи со реалните трошоци за живот.

Почитувани, економијата не се мери во број на тендери, туку во квалитетот на животот на граѓаните, односно на работниците. А, денес квалитетот на животот на работниците е на самото дно.

Држава во која работник што работи полно работно време не може да живее од својата плата е држава која потфрлила во својата основна социјална функција“.

Според него, барањето за зголемување на минималната плата на 600 евра, како и 100 евра зголемување во останатите сектори, е оправдано и неопходно.

„Ние, како опозиција, целосно ги поддржуваме барањата на работниците и Сојузот на синдикатите. Секој работник заслужува достоинствена плата за живот.

Оттука и моето прашање до вас, министре:

Дали ќе поддржите суштинско зголемување на минималната плата, односно дали ќе го поддржите барањето на работниците и ќе ја зголемите минималната плата на 600 евра, како и 100 евра за останатите“, праша пратеникот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Мицкоски: Ако заѕиданите пари биле од продажба на нива, што би барале во ѕидот?

Којзнае колку илјадници евра биле заѕидани, изедени и потрошени, ова е последица на антиуставниот имплант СЈО, вели премиерот Христијан Мицкоски....

Македонија7 часа

Грипот стивнува, намалени бројките на новозаболени, но остануваат препораките за маска во простории со многу лица

Институтот за јавно здравје и оваа недела пријави помал број новозаболени од грип и заболувања слични на грип. Директорката Марија...

Македонија8 часа

Брисел ги прифати барањата, возачите се признаени како професионалци, го решаваме проблемот со превозниците, објави Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски соопшти дека од Брисел пристигнале, како што вели, „одлични вести“ во...

Македонија9 часа

(Видео) Филипче: Техничката влада мора да остане, не се созреани условите за укинување

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче истакна дека техничката влада мора да остане затоа што не се созреани условите за нејзино...

Македонија9 часа

Бислимоски и РКЕ очекуваат расчистување на случајот со „Тритерол Петрол“: Постапено е согласно закон

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и претседателот Марко Бислимоски се отворени...

Топ10 часа

Мицкоски: Нема да има уставни измени без загарантираните права на Македонците во Бугарија и без гаранции дека нема да се соочуваме со блокади од субјективни причини

На денешната собраниска седница за пратенички прашања премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот Скендер Реџепи околу уставните...

Македонија10 часа

Силувале 13-годишно девојче, ја удирале и навредувале: осомничени четири лица од Неготинско

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано...

Македонија12 часа

Зголемена опасност од лавини на Шар Планина: Националниот парк со предупредување, посетителите да постапуваат претпазливо

Националниот парк Шар Планина информира дека на територијата на паркот во моментов е присутна висока лавинска опасност, особено во деловите...

Македонија12 часа

Стефковски: Општина Гази Баба треба да врати 127 милиони денари за Скопски саем

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски се обрати до граѓаните, а по повод пресудата на Апелациониот суд во Скопје...

Македонија13 часа

АХВ доби поддршка: Изградбата на гробишта за домашни миленици претставува решавање на деценискиот проблем

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов и стручни лица од Агенцијата, неделава одржаа работни состаноци со...

Македонија13 часа

Злоупотреби во Прилепската болница: меѓу обвинетите за проневера и поранешната директорка

Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе Обвинителен акт против 8 физички и едно правно лице за продолжени кривични дела – Проневера...

Топ14 часа

Кривична пријава за „даночно затајување“ против фирма од Струмица и двајца управители

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица, В.Ј. (35) и С.П. (44),...

Македонија14 часа

Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ...

Свет15 часа

Америка сериозно размислува за напади врз Иран, има неколку опции, објави Ројтерс

Американскиот претседател Доналд Трамп разгледува опции против Иран, кои вклучуваат целни напади врз безбедносните сили и нивните водачи за поттикнување...

Свет16 часа

(Видео) Агентите на Служба за имиграција добија нови инструкции по смртта на двајца Американци: „Избегнувајте контакт“

Агентите на американската Служба за имиграција и царина (ICE) во среда добија нови инструкции да избегнуваат контакт со „агитатори“ додека...

Свет16 часа

(Видео) Откриено каква течност е употребена за напад врз американската конгресменка

Еден маж е уапсен откако ја испрскал американската конгресменка Илхан Омар со течност за која подоцна се утврдило дека е...

Европа16 часа

Мерц: Влезот на Украина во ЕУ во 2027 година не доаѓа предвид, тоа не е можно

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека пристапувањето на Украина во Европската Унија во блиска иднина не е можно. „Пристапувањето на...

Свет16 часа

Индија ги намалува царините за увоз за европски луксузни автомобили

Индија веднаш ќе ги намали царините за луксузни европски автомобили од 110 проценти на 30 проценти според новиот трговски договор...

Македонија17 часа

Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила

Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила. Како што известуваат...

Македонија1 ден

(Видео) Симнете ги розовите очила и погледнете ги работниците – порачаа синдикатите до функционерите на протестот за повисоки плати, се бара 600 евра минималец

Со транспарентот „Протестираме за плата“, голем број граѓани излегоа на улиците за да го поддржат протестот на Сојузот на синдикатити...