Надворешна политика
Тачи: Скопје и Атина да ги искористат моделот на Приштина и Белград за надминување на проблемите
Скопје и Атина би можеле да го искористат моделот и напорите кои Приштина и Белград ги прават за надминување на меѓусебните спорови, советува косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи, кој во четвртокот во Скопје оствари средба со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.
Тачи порача дека Косово дели исти цели со Македонија, односно зачленувањето во Европската унија (ЕУ) и во НАТО, а за постигнување на какво и да е решение за постоечките проблеми, потребно е тие да се остават во минатото и да се гледа кон иднината.
„Косово се залага за еден стабилен и мирен регион, со јасна европска перспектива. Македонија беше една од првите земји која што го призна Косово и ние сме благодарни за тоа. Целта на Косово е зачленувањето во НАТО и ЕУ и токму поради тоа Косово дава поддршка на македонските евроатлански интеграции, а даваме и поддршка на изнаоѓање на решение на спорот меѓу Македонија и Грција. Како модел за ова може да служат и напорите кои ги прават Приштина и Белград, а за постигнување на таков договор едноставно треба старите спорови да се останат во минатото и да се гледа кон иднината“, изјави Тачи.
Министерот за надворешни работи Никола Попоски порача дека Македонија и Косово имаат одлични билатерални односи и дека двете страни во моментов работат на повеќе заеднички проекти.
„Косово и Македонија имаат одлични билатерални односи, отворен политички дијалог и работиме на неколку полиња, едното е заедничките инфраструктурни проекти и прекуграничната соработка, кои се важни за билатералната соработка и заедничките европски амбиции. Три работи беа истакнати како значајни за следниот период: едната е можноста за заеднички состанок помеѓу владите на Косово и Македонија, потоа олеснување на условите за минување на границата, а третата е во делот на регионалната соработка и зголемување на интензитетот на проекти кои би можеле да ги промовираме како заеднички во контекст на европските интеграции“, изјави Попоски.
Во контест на билатералната соработка се и двата договори кои двете страни ги потпишаа во четвртокот, а кои се однесуваат на заемната заштита на инвестициите и соработката на дипломатските академии на двете министерства за надворешни работи. Тачи исто така соопшти дека во Косово веќе започнале работите околу проектот за изградба на делницата од Приштина до Скопје, проект во висина од 600 милиони евра и дека сега се очекува и Македонија ќе започне со соодветни активности./крај/мф/бс
Извор: Фото/МИА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.