Свет
Нови 15 убиени во Мексико

Ниту успехот на репрезентацијата во Јужна Америка која постигна историска победа над Франција, не ги запира ни за момент крвавите пресметки меѓу мексиканските накро картели
Портпаролката на обвинителот во мексиканската држава Чихуахуа соопштила дека во петокот биле убиени 15 лица во пограничниот северен град Сиудад Хуарес, меѓу кои биле и две 15-годишни девојчиња, прнесува Associated Press.Девојките се наоѓале во автомобил со уште три мажи кога врз нив бил отворен оган. Од обвинителството соопштиле дека девојките биле убиени во автомобилот додека мажите кои се обиделе да побегнат биле застрелани на улицата. Во други одвоени напади настрадале уште десет лица во последните 24 часа во Сиудад Хуарез. Градот се наоѓа спроти Ел Пасо од другата страна на американско-мексиканската граница во сојузната држава Тексас. Сиудад Хуарез е еден од најопасните градови на светот со најголема стапка на убиства која најчесто е двоцифрена на дневно ниво. Неговата местоположба во близина на главниот пат за шверцот на дроги за богатиот американски пазар го направи градот боиште на нарко картелите и бандите кои се борат за превласт на теренот. Сиудад Хиарез со 1,3 милиони жители во сојузната мексиканска држава Чихуахуа е еден од најсмртоносните градови во светот. Во последните три години во него во војната со нарко картелите и локалните банди со кои се броат за превласт на шверцерските канали за дрога, се убиени околу четири илјади лица. Само во 2009 г. во градот беа регистрирани 2.635 убиства во овие пресметки, од вкупно 7.700 извршени во цело Мексико, што според статистиката изсеува 191 човек на 100 илјади жители. Во петокот во државата Синелоа, исто така на север од Мексико, која е силен бастион на истоимениот нарко картел еден од најсилните во земјата, мексиканскта армија упаднала во три кужи во градот Кулиакан и запленила повеќе од милион долари во готовина и други скапоцености, повеќе парчиња огнено оружје и кокаин, соопштиле локалните власти. Војската добила анонимни инфорамции за куќите, но во рацијата никој не бил уапсен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Беспилотно летало соборено над зградата на полската влада во Варшава

Безбедносните служби неутрализираа беспилотно летало што леташе над владините згради во центарот на Варшава, а двајца белоруски државјани се уапсени, објави вечерва полскиот премиер Доналд Туск.
„Службата за владина безбедност штотуку неутрализираше беспилотно летало што леташе над владината зграда и над палатата Белведер“, објави Туск на Икс. „Белведер“ е една од официјалните резиденции на полскиот претседател.
„Двајца белоруски државјани се уапсени“, додаде Туск. „Полицијата истражува“.
Инцидентот се случи во време кога Полска е во состојба на зголемена готовност откако група руски беспилотни летала влегоа во воздушниот простор на земјата минатата недела, анализираат медиумите во регионот.
Туск предупреди тогаш дека тоа е „најблиску што сме дошле до отворен конфликт од Втората светска војна“.
Фото: принтскрин
Свет
Популарноста на Макрон на најниско ниво досега, според последните анкети

Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон достигна најниско ниво откако дојде на власт во 2017 година, при што само 17 проценти од испитаниците го фаворизираат шефот на државата, според анкетата на Ипсос.
Популарноста на Макрон нагло опаѓа за 7 процентни поени во споредба со јули 2025 година и изнесува 17 проценти одобрување, што претставува најниско ниво досега забележано откако тој дојде на власт во 2017 година, објавува „Трибин д Диманш“.
Дополнително, се забележува дека новоизбраниот премиер Себастијан Лекорни, кој беше назначен од Макрон, веќе има висок негативен рејтинг и дека е непозната политичка фигура за многу испитаници, објавува Танјуг.
Анкета на Ипсос покажа дека најпопуларните политичари кои ќе го заменат Макрон како претседател на Франција во 2027 година се лидерите на крајно десничарската партија Национално собрание (RN), Џордан Бардела со 35 проценти позитивни мислења и Марин Ле Пен со 32 проценти, пренесуваат медиумите.
Фото: принтскрин
Свет
Нетанјаху: Не ја исклучувам можноста за нови напади врз раководството на Хамас, каде и да се

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека не ги исклучува понатамошните напади врз лидерите на Хамас „каде и да се“, додека арапските и исламските шефови на држави одржуваат самит за да покажат поддршка за Катар по нападот од минатата недела врз земјата од Персискиот Залив.
Обраќајќи се на самитот, катарскиот емир Тамим бин Хамад ал-Тани рече дека израелскиот напад бил „кукавички и предавнички“, тврдејќи дека во времето на нападот, лидерите на Хамас го проучувале предлогот за прекин на огнот на САД што им го презентирале Катар и Египет.
Хамас објави дека петмина негови членови се убиени во израелскиот напад, но не и раководството. Еден член на катарските безбедносни сили, исто така, бил убиен.
Зборувајќи заедно со американскиот државен секретар Марко Рубио во Ерусалим, Нетанјаху рече дека Израел сè уште не добил конечен извештај за резултатите од нападот.
Рубио ќе отпатува во Катар по неговата посета на Израел, изјави висок функционер на американскиот Стејт департмент, пренесуваат светските медиуми.
Рубио го повика Катар да продолжи да игра конструктивна улога во решавањето на конфликтот во Газа, велејќи дека тоа би можело да помогне во постигнувањето на целта за ослободување на сите 48 заложници што сè уште се држат во Газа, разоружување на Хамас и градење подобра иднина за жителите на Газа.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, посочи дека не е задоволен од нападот и вчера изјави дека Израел треба да биде внимателен.
Фото: принтскрин