Свет
Најмалку осум цивили убиени во напад на хотел во Кабул
Најмалку осум цивили и двајца полицајци се убиени во нападот на талибаните врз ексклузивен хотел во Кабул, каде што престојуваат речиси сите странци и гувернерите на провинциите кога се во Кабул, соопшти полицијата
Најмалку осум цивили и двајца полицајци се убиени во нападот на талибаните врз ексклузивен хотел во Кабул, каде што престојуваат речиси сите странци и гувернерите на провинциите кога се во Кабул, соопшти полицијатаВо нападот на хотелот „ИнтерКонтинентал“, која започнал доцна синоќа, биле вмешани најмалку осум милитанти, некои од нив бомбаши-самоубијци. Во борбите се убиени осум цивили, меѓу кои и висок судски функционер, а уште дванаесет се ранети, соопшти началникот на полицијата во кабул, генерал Мохамад Ајуб Саланги, кој додаде дека при тоа загинале и двајца полицајци.Борбите, кои траеле повеќе од пет часа, биле прекинати дури кога биле повикани хеликоптери на НАТО да ги убијат преостанатите тројца милитанти кои успеале да стигнат до кровот на хотелот и се забарикадирале таму. Официјалните бројки за убиените во нападот се уште не се објавени, но полицијата соопшти дека до сега открила 16 мртви тела, вклучувајќи ги и тие на милитантите. Портпаролот на талибаните Забинула Муџахид ја презема одговорноста за нападот. Во текот на нападот во хотелот имало околу 70 гости и сите се безбедни.Нападот врз хотелот во кабул доаѓа на само еден ден пред почетокот на меѓународната конференција на тема транзиција на цивилната и воената одговорност за безбедноста на Авганистан од меѓународната мисија ИСАФ, предводена од НАТО, на новосоздадените авганистански сили за безбедност. Насилствата во Авганистан значително се зголемија по убиството на поранешниот лидер на терористичката мрежа ал Каеда, осама бин Ладе, на 2-ри мај во Пакистан, од странана американски командоси. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Колумбија: Ги раскинуваме дипломатските односи со Израел
Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради војната во Газа.
Петро претходно силно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.
„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има претседател геноциден“, рече Петро на собир по повод Меѓународниот ден на трудот.
Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, додаде тој.
Во шестмесечната воена операција на Тел Авив загинаа 34.488 Палестинци, а ранети се 77.643, според здравствените власти во Газа. Војната ги расели повеќето од 2,3 милиони жители на Појасот Газа и го уништи најголемиот дел од крајбрежната енклава.
Најавата на Петро за прекин на дипломатските односи со Израел доаѓа во екот на се почестите шпекулации дека Израел наскоро ќе го нападне градот Рафах во јужниот дел на Газа, каде што се засолниле повеќе од милион Палестинци раселени од своите домови.
Регион
Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција
Два земјотреси, во растојание од една минута – во 19.19 и 19.20 часот – вечерва се регистрирани на територијата на Албанија.
Земјотресите се со интензитет од 2,1 степен според Рихеровата скала.
Епицентарот на првиот земјотрес бил на седум километри од Елбасан, додека вториот на 62 километри од Тирана.
Според информациите на ЕМСЦ, неколку минути претходно, земјотрес од 2,5 степени имало и во јужниот дел од Грција, а уште два од 2 и 2,3 степени се регистрирани предмалку на Крит.
Претходно денес, Хрватска ја погоди силен земјотрес од 4,7 степени, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина. По овој потрес, следеа неколку помали.
Свет
Хамас: Одговор за предлогот за примирје и ослободување на заложниците веројатно утре
Водачите на Хамас вечерва рекоа дека го проучуваат предлогот за примирје и ослободување на заложниците што им го претставија египетските посредници и велат дека се надеваат оти ќе го испратат својот одговор до утре, се вели во соопштението на палестинската милитантна група испратена до „Асошиејтед прес“.
Тековната рунда разговори за примирје меѓу Израел и Хамас изгледаат сериозни, но страните се во несогласување за едно клучно прашање – дали војната треба да заврши како дел од договорот, објави „Тајмс оф Израел“.
„Многу веројатно утре, односно четврток, ако даде Господ, посредниците ќе добијат одговор“, соопшти Хамас.
Преговорите меѓу Хамас и Израел, преку посредници како САД, Катар и Египет, траат со недели, а по Париз се водат нови рунди разговори во Каиро.