Компании
Шпаркасе Банка со промотивни производи во експозитурата во Охрид
Во пресрет на овогодинешното 54-то издание на фестивалот Охридско лето, „Шпаркасе Банка“ ја продолжува традицијата на подржувач на културата и уметноста помагајќи ги најголемите и најпрестижните културни манифестации во земјава.
Во пресрет на овогодинешното 54-то издание на фестивалот Охридско лето, „Шпаркасе Банка“ ја продолжува традицијата на подржувач на културата и уметноста помагајќи ги најголемите и најпрестижните културни манифестации во земјава.
Во фестивалските денови „Шпаркасе Банка“ планира низа активности кои ќе се случуваат во Охрид. Специјални промоции и повластени услови со намалени каматни стапки и провизии за сите правни и физички лица кои ќе аплицираат во експозитурата на „Шпаркасе Банка“ во Охрид, за времетраење на Фестивалот.
„Ни претставува особена чест што сме дел од магијата на Охрид, спектакуларноста на Античкиот театар и врвната програма на овогодинешниот фестивал Охридско Лето. Покрај поддршката на Фестивалот, ’Шпаркасе Банка’ на сите нови клиенти – физички лица им нуди потрошувачки кредити со каматна стапка за 0,50 отсто пониска од редовната, кредитна картичка со фиксна каматна стапка од 6 проценти за првите шест месеци и пречекорување по трансакциска сметка без провизија за одобрување, додека пак правните лица добиваат бесплатно одржување на сметка и електронско банкарство во првите шест месеци, одобрување на кредити без провизија, како и бесплатни Visa Business картички“, изјави Глигор Бишев, претседател на Управниот одбор на „Шпаркасе Банка“ Македонија..
Бишев истакна и дека со поддршката на манифестацијата Охридско лето, „Шпаркасе Банка“ уште еднаш ја потврдува улогата на покровител на настани што го збогатуваат културниот живот и придонесуваат кон афирмирање на културата и уметноста. додаде дека заложба на банката останува активно да придонесува кон развојот и унапредувањето на уметноста во земјата. Општествената одговорност е стратешки приоритет во корпоративното управување на „Шпаркасе Банка Македонија“, а иницијативите во доменот на вложување во општествени добра веќе се видливи и вклучуваат бројни проекти, меѓу кои и оние од доменот на развојот на културата, уметноста и филмот, потцрта првиот човке на банката. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)