Македонија
Облачно време со слаб снег
Времето во Македонија во четврток ќе биде претежно облачно со слаби врнежи од снег, особено претпладне.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Температурата ќе се движи од -5 до 3 степени.
Во Скопје температура до 1 степен. /крај/ухмр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
153 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев
Денеска се одбележуваат 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.
Централното чествување по повод раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност ќе биде во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде што цвеќе ќе положат премиерот Христијан Мицкоски, претставници на Собранието, делегации на други институции, на партии, граѓански здруженија,…
Поради одбележувањето, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим околу црквата „Св. Спас“. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“ на потегот од ул.„Иљо Војвода“ до крстосница со ул.„Прохор Пчински“.
Роденденот на Гоце Делчев ќе биде одбележан и во Штип. Пред спомен – бистата во дворот на Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Ново Село ќе биде положено цвеќе, по што беседа за македонскиот револуционер ќе одржи проф. д-р Ана Витанова – Рингачева, а предвиден е настап на Академски хор на Музичка академија при УГД – Штип и Универзитетскиот ансамбл „Македонија“.
Македонија
Судски совет и ЈО да се фатат за работа, да ја разрешат судијката Алексовска Стојановска, бара ВМРО-ДПМНЕ
„Одговорност за неказнивоста на криминалците мора да има. Оние кои што дозволија криминалците, наместо во затвор, слободно да се шетаат по улиците мораат да понесат одговорност. Таквата неказнивост на криминалците од правосудните органи, доведе тие да се чувствуваат посилни и над законот, и да газат се пред себе“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Таков е и случајот со возачот убиец, кој пред некој ден ја усмрти младата девојка на Партизанска, која уредно поминувала на семафор на зелено за пешаци.
Дента, наместо во возилото кое го управувал без возачка дозвола, требал да биде во затвор ако судијката Даниела Алексовска Стојановска постепела согласно закон. Па, наместо во поправен дом, возачот кај кој била пронајдена значителна количина на дрога, го испратила во затвор.
Возачот убиец кој ја усмртил младата Фросина Кулакова бил фатен за трговија со дрога и истиот, по ниту еден основ не можел да биде ослободен од затвор и пратен во поправен дом.
Оттука, упатуваме порака до Судскиот совет, конечно да се фати за работа и веднаш да ја разреши судијката Даниела Алексовска Стојановска, која го ослободила од затвор возачот убиец.
Исто така, го повикуваме и Јавното обвинителство да отвори истражна постапка за истата судијка и да утврди како и зошто досудила таква одлука.
Обвинителството и судството немаат веќе време за трошење, народот очекува да се фатат за работа и да го спроведуваат законот, па така и да ја оправдаат платата што ја добиваат од парите на граѓаните. Народот очекува правда и одговорност“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка каде што се измерени -8 степени
Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -8 степени, -5 било во Крушево, -3 во Берово, -2 во Крива Паланка, Куманово, Скопје-Петровец и Прилеп, 0 во Штип, Охрид, Кавадарци, Дебар, Виница и Скопје-Зајчев Рид, 1 во Велес, Битола, Тетово, 2 во Струмица, 5 во Гевгелија.
Висината на снежната покривка во 7 часот утрово изнесувала 32 сантиметри на Попова Шапка, 13 на Маврови Анови.
Времето денеска
Променливо облачно со повеќе сончеви периоди во северните делови. Во претпладневните часови во југоисточните делови ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.
Во Скопје Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.