Македонија
Груевски: Македонија има високообразовани кадри
Секоја земја има свој двигател на општествениот напредок, како наоѓалишта со нафта и морски туризам, но Македонија со знаење ќе се натпреварува со големите земји во Европа и светот
На овој начин премиерот Никола Груевски се обрати на конференцијата „Инвестициите во образованието се инвестиции во иднината на државата,“ на која присуствуваа членовите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и подмладокот на Европската народна партија.„Секоја земја има свои двигатели на општествениот напредок, некаде тој е морскиот туризам, некаде наоѓалишта на нафта, извори на природен гас, но во сите земји без исклучок основен и фундаментален двигател е образованието. Токму затоа Македонија како земја која нема пристап на море, ниту наоѓалишта на нафта, е силно посветена да напредува врз база на инвестициите во образованието“, рече Груевски.Тој вели дека инвестициите во образованието треба да се надградуваат и стимулираат за да придонесат за високо образовни кадри и квалификувана работна сила.„Ние го гледаме знаењето како јавно добро и како единствен инструмент за натпревар со големите земји во Европа и во светот“, изјави премиерот.Податоците од пописот реализиран пред десет години покажуваат дека половина од севкупното население е со основно образование, но Груевски вели дека образованието е во голем подем со проектите за задолжително основно и средно образование.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

