Македонија
Вечерва завршува летното сметање на времето
Летното сметање на времето завршува во недела, на 28-ми октомври, со придвижување на стрелката на часовникот за еден час наназад.
Како што соопшти Бирото за метрологија,летното сметање на времено завршува во недела 28-ми октомври во 3 часот, така што стрелката на часовникот ќе се врати еден час наназад, па во 3 часот ќе се смета како 2 часот. Системот на зимско и летно сметање на времето се оправдува со заштедат на трошоците и е создаден од економски причини. Европската унија и останатите земји во Европа од 2002 година одредија зимското сметање на времето да почнува во последната недела од месец октомври и да трае до последната недела од март. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Георигиева-Трпевски: СДСМ бара оставка од Таравари за хаoсот во здравството
Здравствен систем е пред колапс и во тотален хаос: нема лекови на Онкологија, дечиња умираат на Клиниката за детски болести, има недостиг на кадар, повторно има листи на чекања, нема добри здравствени услуги, кажа денеска на прес-конференција, д-р Душанка Георигиева-Трпевски, членка на Извршниот одбор на СДСМ.
„Само минатата година, за шест месеци, регистрирани се 19 починати доенчиња и едно петгодишно девојче. Ова не се бројки – ова се изгубени животи! Деца умираат поради недостаток на здравствена грижа, поради неодговорноста на надлежните. Нема лекови на Клиниката за Онкологија, луѓе умираат поради неспособност на власта. Ова не е само здравствен проблем – туку хуманитарен, затоа што е директна закана по човечките животи. Животи кои зависат од лековите што државата мора да ги обезбеди, а денес ги нема! Сега дознаваме и дека лицата со хемофилија се во страв – тендерот за нивните лекови не е распишан навреме, и големи се шансите да остануваат без основната терапија која им значи живот!
Листи на чекања за преглед има повторно, пациенти се жалат дека ова станува голем проблем. И работата на Клиниката Козле е доведена во прашање. Се врши мобинг врз лекарите од директорка која по секоја цена ја штитат Таравари и ДПМНЕ, на директна штета на здравјето на децата“ вели Георигиева-Трпевски.
Таа истакна дека на чело на многу клиники се поставени директори без потребното искуство, што дополнително го влошува функционирањето на здравствениот систем.
„Има директори кои земаат пари за дежурства, а никогаш не се појавиле на клиника! Оваа катастрофална состојба во здравството не е случајна. Таа е резултат на неспособност и неодговорност на министерот Таравари и Министерството за здравство. Таравари веќе осум месеци раководи со здравствениот сектор, а неговата партија управува со овој ресор веќе две години. Политичкиот континуитет е факт, како што е факт и целосниот колапс на здравствениот систем. Ова не може и не смее да продолжи! Катастрофата во здравството ја плаќаат луѓето со своето здравје и живот. СДСМ бара итна оставка од министерот Арбен Таравари за хаосот во здравството! Бараме одговорност!“, заклучи Георигиева-Трпевски.
Македонија
Филипче: Обидот да се етикетира гневот на народот како „опозициски“ е отсуство на емпатија и бегање од проблемите
Обидот да се етикетира гневот на народот дека опозицијата ги организира протестите е навреда на луѓето што протестираат, власта покажува целосно отсуство на емпатија кон сопствениот народ и наместо да бара решенија ја сведува јавната болка на политички пазар, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче во објава на Фејсбук.
„Гледам како провладини профили водат наратив дека опозицијата ги организира протестите. Со ова не само што ги навредуваат луѓето што протестираат, туку и покажуваат целосно отсуство на емпатија кон сопствениот народ. Наместо да преземат одговорност и да бараат решенија, тие повторно бегаат од вистинските проблеми и ја сведуваат јавната болка на политички пазар.
Трагедијата треба да ја обедини нацијата во жалост и барање одговорност – не да се сведува на политичка пресметка. Обидот да се етикетира гневот на граѓаните како „опозициски организиран“ е само очајничка стратегија за да се одвлече вниманието од системските пропусти. Влада што се плаши од гласот на сопствениот народ веќе признава дека потфрлила.
Историјата е сведок дека секоја власт што не ги слушала граѓаните, на крајот била казнувана.“ наведува Филипче.
Македонија
(Фото) Муцунски на Универзитетот Харвард: ЕУ мора да ги интегрира земјите-кандидати од Западен Балкан во својата визија за иднината
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Бостон, вчера се обрати на 11-тата Европска конференција на Универзитетот Харвард, насловена „Лидер или сонувач? Улогата на Европа во фрагментираниот светски поредок“. Овој настан претставува еден од најзначајните форуми за трансатлантски дијалог и европски прашања во САД, обединувајќи водечки научници, креатори на политики, лидери и студенти од двете страни на Атлантикот.
Во своето обраќање на панелот „Улогата на Европа во глобалната дипломатија – поврзување на Балканот и пошироко“, министерот потенцираше дека Европската унија мора да се справи со постоечките нееднаквости и да ги интегрира земјите-кандидати од Западен Балкан во својата визија за иднината. Истакна дека е неопходно засилување на постепената интеграција на регионот во различни политики на ЕУ, како и продлабочување на соработката во стратешки области како енергијата, климатските промени, одбраната и безбедноста.
Министерот Муцунски нагласи дека ЕУ политиката кон Западен Балкан е тест за нејзината глобална амбиција. Доколку Унијата има цел да ја зајакне својата геополитичка и геоекономска позиција, таа мора да започне токму од регионот.
„Кредибилитетот на Унијата не се гради само преку зборови, туку со конкретни дела. Европа мора да преземе поголема одговорност за регионот, но истовремено и ние во Западен Балкан мораме да ја разбереме оваа реалност и да го направиме нашиот дел“, истакна тој во своето обраќање