Македонија
Пуштен во употреба проширениот булевар Митрополит Теодосиј Гологанов
Проширениот булевар Митрополит Теодосиј Гологанов денеска и официјално беше пуштен во употреба.
Проширениот булевар Митрополит Теодосиј Гологанов денеска и официјално беше пуштен во употреба.Булеварот го отворија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, премиерот Никола Груевски и градоначалниот на општината Центар, Владимир Тодоровиќ.„Реализацијата на овој капитален проект во голема мера ќе придонесе за решавање на сообраќајните проблеми во централното градско подрачје, ќе се зголеми проточноста на возила и ќе се намали времето на патување, што ќе влијае и врз заштитата на животната средина“, изјави градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ.За целосна реконструкција на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов Градот Скопје потроши околу 96 милиони денари. Втората фаза од овој капитален проект продолжува со подготовка на инфраструктурен проект за проширување на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов од вкрстувањето со улицата Франклин Рузвелт до улицата Московска, со иста ширина.„Сакам да додадам дека Градот Скопје ќе продолжи да реализира проекти за растоварување на сообраќајниот метеж во Скопје и дека наредниот капитален проект на којшто ќе се посветиме ќе биде проектот за проширување на улицата Првомајска“, најави градоначалникот Трајановски.Премиерот Никола Груевски рече дека реализацијата на проектот за проширување и реконструкција на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов е пример за добрата соработка меѓу Градот Скопје, Владата на РМ и скопските општини и најави дека Владата и во иднина ќе ги поддржува градските проекти што се во корист на граѓаните. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) ДИК: Излезноста на повторените локални избори во четири општини до 18:30 часот е 28,07 проценти
Државната изборна комисија соопшти дека излезноста на повторените избори до 18:30 часот изнесува 28,07 отсто.
По општини:
– Врапчиште: 31,76 %
– Гостивар: 28,22 %
– Маврово и Ростуше: 28,04 %
– Центар Жупа: 13,18 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека поради задоцнето отворање, ќе има продолжување на пет избирачки места, три во Гостивар и две во Маврово-Ростуше. Најдолгото продолжување на гласањето во траење од 2 часа и 45 минути ќе биде на избирачко место 503 во Гостивар.
На избирачкото место 0782 во Ќафа немало гласање бидејќи тоа воопшто не било отворено.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.

