Свет
Груевски не и се јавил на Вилма Трајковска
Во декември лани премиерот Груевски им пишал писма
на Вилма и на семејствата на останатите осуммина загинати, во кои навел дека
лично ќе се заложи за вонсудско порамнување
УТРЕ ПРОДОЛЖУВА ПРОЦЕСОТ ЗА ОБЕСШТЕТУВАЊЕ НА СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ВО
"КИНГЕРОТ"
Во декември лани премиерот Груевски им пишал писма
на Вилма и на семејствата на останатите осуммина загинати, во кои навел дека
лично ќе се заложи за вонсудско порамнување
Ако до утре во 11 часот не се јави премиерот Никола Груевски, односно
јавниот правобранител за вонсудско спогодување, во Основниот суд Скопје 2 ќе се
одржи процесот против државата, во кој семејствата на загинатите во несреќата
на владиниот "кингер" во 2004 година кај Мостар бараат отштета.
Тужбите за претрпени жал, тага и болка за изгубен родител, син или сопруг(а)
биле поднесени уште лани во јуни.
Досега беа закажани две рочишта, но тие се одлагаа по барање на правобранителот
за да се направи обид за вонсудско спогодување за отштетата. Вилма Трајковска,
сопруга на загинатиот претседател Борис Трајковски, бара 600 илјади евра за
болката што ја претрпеле таа и нејзините деца, но и таткото Киро Трајковски.
Вкупната сума во сите тужби, поднесени од 30 лица, изнесува 100 милиони денари.
Во декември лани премиерот Груевски им пишал писма на Вилма и на семејствата на
останатите загинати членови на кабинетот на Борис Трајковски, како и на
членовите на екипажот, во кои навел дека лично ќе се заложи за вонсудско
порамнување. Но оттогаш па до денеска, велат членовите на ужалените семејства,
ниту премиерот ниту правобранителот, не ни се јавија. Ова веќе личи на обид да
се одолжи обесштетувањето, се сомневаат соговорниците.
Портпаролот на Владата Ивица Боцевски вчера, како што рече, поради
презафатеност, не успеал да обезбеди одговор дали премиерот ќе ја оствари
најавата и лично ќе се заложи за вонсудско порамнување, како што навел во
дописот.
Адвокатите што ги консултиравме, пак, велат дека и да почне судењето како што
треба, се уште има можност во наредните денови, ако има интерес,
правобранителот да им се јави на семејствата и од нив да побара да преговараат
за сумите, според можностите на државата. (С.К.Д.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
По протестот на опозицијата во Тирана, 17 лица се уапсени, а 35 под истрага
17 лица се уапсени, а против 35 се води истрага на слобода, по протестот на албанската опозиција во Тирана кој ескалираше во тензии и судири со безбедносните сили, јави RTSH.
Инцидентите започнале кога дел од демонстрантите се судриле со полицијата во близина на кабинетот на премиерот Еди Рама. Според информациите, кон зградата биле фрлани молотови коктели.
Полицијата интервенирала со солзавец за да ја растера толпата. Подоцна протестот се префрлил кон зградата на парламентот, каде што биле регистрирани нови инциденти и фрлање запаливи средства, по што следувала нова полициска интервенција.
Во судирите се повредени повеќе лица, кои се пренесени во болница.
Од полицијата информираат дека протестот не бил претходно одобрен, наведувајќи дека имало информации за можни насилства, имајќи ги предвид претходните инциденти.
Демонстрантите побараа оставка од владата по обвинувањата за корупција против вицепремиерката Белинда Балуку.
Свет
Фицо ѝ се закани на Украина: Ако не добиеме нафта до понеделник, ќе ви ја исклучиме струјата
Словачкиот премиер, Роберт Фицо, упати ултиматум до Киев, со кој најавува дека Словачка ќе ги прекине итните испораки електрична енергија за Украина ако до понеделник не се обнови транзитот на нафта кон земјата. Со ова се дополнително заоструваат веќе напнатите односи меѓу двете држави.
„Ако украинскиот претседател до понеделник не го обнови снабдувањето со нафта за Словачка, истиот ден ќе побарам од надлежните словачки компании да ги запрат итните испораки електрична енергија за Украина“, изјави Фицо.
Тој го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека се однесува злонамерно кон Братислава и дека не го цени мировниот пристап на Словачка. Фицо истакна дека Украина најпрво ја запрела испораката на гас, што, според него, предизвикало штета од 500 милиони евра годишно, а потоа и испораката на нафта, создавајќи дополнителни економски и логистички проблеми.
Премиерот нагласи дека Словачка од почетокот на војната ѝ помага на Украина, прифаќајќи околу 180.000 украински државјани, обезбедувајќи хуманитарна помош и организирајќи заеднички состаноци на владите.
„Словачка прави многу повеќе од некои други земји“, рече Фицо.
Тој додаде дека односите не можат да бидат еднострана улица и дека Словачка како суверена и горда држава не може да прифати однос од кој единствено Украина има корист.
Свет
(Видео) Експлозија на камион со гас во Сантјаго, има загинати и повредени
Камион кој превезувал течен гас експлодирал во Во Сантјаго, Чиле, при што загинале четири лица, а 17 се повредени.
Меѓу жртвите е и возачот на камионот, кој според извештаите, изгубил контрола пред експлозијата.
📌 Deadly gas truck blast rocks Chile’s capital
💥 Gas truck explodes on highway in Renca district of Santiago, killing at least four people and injuring 17 others
🎥 Moment of explosion shows massive fireball engulfing roadway pic.twitter.com/axPSHzf5WA
— Anadolu English (@anadoluagency) February 20, 2026
Силната експлозија создала огромен облак чад, а ударот се почувствувал на растојание од 150 до 200 метри.
Во несреќата биле оштетени најмалку 50 возила.
Јавниот обвинител во Чиле отвори истрага за случајот.

