Свет
Светските државници му оддадоа почест на Вацлав Хавел

Претседателот на САД, Барак Обама и другите светски државници во неделата го истакнаа придонесот на починатиот поранешен чешки премиер Вацлав Хавел, нарекувајќи го скромен јунак чиј отпор на комунизмот помогна во создавањето на обединета и слободна Европа.
Претседателот на САД, Барак Обама и другите светски државници во неделата го истакнаа придонесот на починатиот поранешен чешки премиер Вацлав Хавел, нарекувајќи го скромен јунак чиј отпор на комунизмот помогна во создавањето на обединета и слободна Европа.
„Неговиот мирен отпор ги раздрма темелите на една империја, ја изложи празнината на репресивната идеологија и докажа дека моралното лидерство е посилно од кое и да е оружје“, се наведува во изјавата на американскиот претседател Барак Обама, во која се додава дека тој во Вацлав Хавел секогаш имал вдахновение.
„Тој исто така ги симболизираше тежнеењата на половината од континентот отсечен со железната завеса и помагаше да се придвижи текот на историјата која доведе до обединета и демократска Европа“, се додава во изјавата на Обама.
Францускиот претседател Николас Саркози изјави дека „Франција загуби приајтел, а Европа еден од нејзините најмудри луѓе“.
Британскиот премиер Дејвид Камерон потсети на востанието во Прага во 1989 година, подоцна познато како „Кадифена револуција“, со којашто според многумина го започна крајот на власта поддржана од СССР. „Никој од мојата генерација никогаш нема да ги заборави тие моќни призори од Вацлавске намести“, рече Камерон.
Генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен, за Хавел рече дека „светот ќе се сеќава на него како на голем писател, визионер и предводник кој помогна повторно да се обедини Европа по половина век“.
Политичкиот противник на Хавел, Вацлав Калус, кој во 2003 година го замени на фунцкијата претседател на Чешката Република за него рече дека „беше симболот на новата ера на чешката држава“. Премиерот Петр Нецас го нарече „симболот на 1989-та“ и човекот „кој за својата земја одработи голема работа“.
Словачката премеирка Ивета Радичова изјави дека Хавел беше оној што „ги отвори вратите на светот по 1989 година“.
Во соседна Полска основачот на синдикалното движење Солидарношч и поранешен претседател, легендарниот Лех Валенса, го нарече Хавел „голем борец за слобода на нацијата и за демократијата“. „Тоа е голема штета и голема загуба. Беше голем теоретичар на нашето врем и и неговиот мудар глас силно ќе и’ недостига на Европа, особено сега кога минува нииз сериозна криза. Беше голем поборник на борбата за слободата, демократијата и ослободување од комунистичкиот јарем. Штета е што повеќе не е со нас, ќе се молам за неговата душа“, изјави Валенса кој како и Хавел, некогашен дисидент, стана шеф на држава по падот на комунизмот во двете земји во 1989 година.
Поранешната американска државна секретарка со потекло од Чешка и голем пријател на Хавел, Медлин Олбрајт, изјави дека Хавел придонел Чесите да се чувствуваат горди како народ. „За многу луѓе на светот зборот Хавел и Чех се едно исто“, рече Олбрајт.
Германската канцеларка Ангела Меркел, којашто израсна во комунистичка источна Германија, рече дека „неговата предаденост на слободата и демократијата се незаборавни, како што е и неговата човечност“. Во пораката до Клаус, таа запиша „И ние Германците многу му должиме. Заедно со вас, го оплакуваме заминувањето на еден голем Европеец“.
Германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле го нарече Вацлав Хавел „пионерот на обединувањето на Европа“. „Хавел беше духот на чешката револуција. Без него будењето на демократијата во источна Европа ќе беше незамисливо. Германскиот народ ја дели тагата со чешкиот народ“, кажа шефот на германската дипломатија.
Австрискиот претседател Хајнц Фишер на својот чешки колега му ја упати телеграмата со следната порака „Со смртта на Вацлав Хавел, се заврши импресивниот живот на големиот Европеец, писател и хуманист“.
Претседателот на Европскиот парламент, Полјакот Јержи Бузек си спомена на порашениот чешки претседатл Вацлав Хавел и му оддаде признание на својот „пријател и херој на Кадифената револуција“. „Вацлав Хавел ја претставува Кадифената револуција и обединувањето нс Европа. Беше и ќе остане херој. Ќе го оплакуваат во Република Чешка и Словачка, но и на целиот европски континент за чиешто обединување придонесе“, изјави Бузек.
Вацлав Хавел беше иконата на антикомунистичкото дисиденство, симбол на раѓањето на демократијата во источна Европа, писател и поранешен чешки претседател. Почина во неделата во 75-та година од животот по долго боледување од канцер на белите дробови.
Хавел кого го нарекуваа претседателот-философ беше еден од лидерите на Кадифената револуција од 1989 до 1992 година, деветти претседател на Чехословачка а од 1993 до 2003 година во два мандата беше првиот претседател на Чешката Република. Како писател и драматург во театарот ја вткаја политиката за мирно да ја спроведе до крајот ерата на комунизмот и стана херојот на епската војна за завршувањето на Студената војна.
Чешкиот политичар и поранешен дисидент од времето на комунистичкиот режим, Вацлав Хавел, е роден на 5-ти октомври 1936 година во Прага во имотно семејство коешто загубило сѐ во времето на комунистичкиот режим. Не му било дозволено да се здобие со средношколско образование бидејќи бил етикетиран како „премногу буржоаски“, но подоцна посетувал вечерни курсеви, додека преку ден работел како лабораториски техничар.
Добитник е на Фулбрајтовата награда за книжевност, беше работник во театарска работилница за сценски намештај, работник во пиварница и затвореник, а претседател на државата стана по упорната борба за човекови права кој му донесе голем углед, како меѓу неговите сонародници, така и во светот. Пишуваше театарски пиеси давајќи им свој придонес на реформите кои ја либерализираа државата и се обидуваа да го намалат советскиот притисок.
Советската инвазија во 1968 година ја запре либерализацијата и реформите на тогашна Чехословачка, а тоа воедно беше и почетокот на бробата на Хавел за човекови права. Издржувајќи се од работата во пирварница, Хавел објавувал многу написи и есеи во весниците за книжевна и театарска уметнсот кои тајно се дистрибуирале. Неговото пишување не им се допаѓало на тогашните комунистички власти кои му понудиле да ја напушти земјата. Хавел тоа го одбил со зборовите кои подоцна станаа историски „Решението на човековите права не е во тоа да ја напуштиме земјата“. Тој му се потсмеваше на комунистчкиот режим нарекувајќи го „Апсурдистан“.
Заедно со стотина чешки интелектуалци во 1977 година учествуваше во создавањето на документот наречен Повелба 77, со којашто од властите се барало да им обезбедат на граѓаните основни човекови права. Бил уапсен пред Повелбата 77 да биде растурена во јавноста. Следната 1978 година е осуден, а по завршувањето на постапката е прогласен за виновен и е осуден на 4,5 години затвор поради поврзаност со групата наречена Комитет за одбран на неправедно прогонуваните. Од затворот е пуштен во 1983 година, но во 1989 година минал уште девет месеци во затвор поради учество во демонстрациите. Таа година Граѓанскиот форум ја покрена ткн Кадифена револуција, која беше предводена од Хавел и од други опозициски водачи, кои бараа безусловна оставка на чехословачкиот претседател Густав Хусак.
Самиот Валав Хавел, меѓутоа, секогаш потенцираше дека во душата е уметник а не активист. „Никогаш не сакав да бидам политички писател. Мислам дека добрите уметници и добрата уметност, особено добриот театар, секогаш се политични – не затоа шро добрите писатели и добрите режисери сакаат да бидат политични, туки поради тоа што тоа е суштината на театарот“, рече во една прилика Хавел.
По оставката на Хусак, стана нов деветти по ред претседател на Чехословачка. На местото претседател останува до 1992 година, кога поднесе оставка бидејќи словачкиот парламент изгласа сопствен устав. Наскоро потоа Чехословачка се подел на две држави – Чешка и Словачка. Во следната 1993 година Хавел беше избран за претседател на Чешка и на тоа место остана два мандата.
Како претседател на Чешка ја укина смртната казна и помилуваше многу осуденици за полесни злосторства. Американскиот музичар Френк Запа го прогласи за почесен културен амабсадор на Чешка. Двапати се женеше, првата сопруга Олга почина, а по нејзината смрт влезе во брак со актерката Дагмар Вешкрнова. По повлекувањето од претседателската функција се занимаваше со пишување.
Хавел беше со многу нарушено здравје од 1996 година, кога поради карцином му беше отстранет дел од белите дробови. Минатата сабота него го посети долгогодишниот пријтел Далај Лама, кого во јануари 1990 година го прими во официјална државна посета, со што го предизвика гневот на Кина. Хавел континуирано ја напаѓаше Кина поради кршењето на човековите права на Тибет.
Неколку пати беше номиниран за Нобеловата награда за мир и доби безбројни признанија за неговата работа како „глобален амабсадор на совеста, бранејќи ги погазените од Дарфур до Мианмар“. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Путин до Западот: Купија билет и не патуваа, само за да се налутат на кондуктерот: рускиот енергетски систем работи беспрекорно

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека одбивањето на европските земји да се потпираат на руските енергетски ресурси сериозно ја поткопа конкурентноста на нивните економии и доведе до пад на индустриското производство и пораст на цените низ целиот континент.
Зборувајќи на пленарната сесија на Руската недела на енергија во Москва, Путин истакна дека постапките на западните политички елити „ја уништија глобалната енергетска инфраструктура“, нагласувајќи дека политичкиот притисок довел до ирационални одлуки во ЕУ, според западните медиуми.
„Многу европски земји, под политички притисок, одбија да купуваат руски енергетски производи. Веќе неколку пати предупредив за последиците – не за Русија, туку за самите тие земји. Гледаме пад на индустриската активност и пораст на цените поради поскапата нафта и гас од странство“, рече Путин.
Тој додаде дека, по забраната за соработка со Русија, западните компании почнаа да ја губат својата технолошка предност и да го намалуваат производството, додека руските експерти станаа „технолошки лидери“ на пазарот.
„Што направија? Купија билет и не патуваа – само за да се налутат на кондуктерот. Каква глупост.
Нашиот енергетски систем е еден од најголемите во светот. Овој огромен комплекс работи сигурно и ефикасно“, заклучи претседателот на Русија.
Свет
Кремљ: Путин го предупреди Трамп за време на разговорот

Во денешниот телефонски разговор, рускиот претседател Владимир Путин го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп дека испраќањето крстосувачки ракети „Томахавк“ во Украина ќе го загрози мировниот процес и ќе им наштети на односите меѓу САД и Русија. Веста беше потврдена од Кремљ во официјално соопштение, пренесуваат медиумите во регионот.
Според Кремљ, Путин изразил загриженост поради можноста напредното американско оружје во рацете на украинските сили да доведе до понатамошна ескалација на конфликтот. Предупредувањето јасно посочи дека таков потег од страна на Вашингтон би имал директни негативни последици врз билатералните односи на двете сили.
Советникот на Путин, Јуриј Ушаков, им изјави на новинарите дека Путин во разговорот нагласил дека руските сили во моментов имаат „целосна стратешка иницијатива“ по целата линија на фронтот во Украина.
Ушаков додаде дека денешниот повик, кој траел речиси два и пол часа, бил инициран од руска страна. Тој, исто така, објави дека на планираниот нов самит меѓу двајцата претседатели ќе му претходи разговор меѓу државниот секретар на САД, Марко Рубио, и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој се очекува да се одржи во наредните денови, пренесува index.hr.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан по разговорите Трамп-Путин: Голема вест за мирољубивите луѓе, подготвени сме

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека наскоро повторно ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, а овој пат средбата ќе се одржи во Будимпешта. Двајцата лидери се согласија за нов самит за време на телефонски разговор.
Унгарија е подготвена да биде домаќин на самитот Русија-САД, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Планираната средба меѓу американскиот и рускиот претседател е голема вест за мирољубивите луѓе низ целиот свет. Подготвени сме!“ напиша тој на X.
Трамп и Путин последен пат се сретнаа пред два месеци во Алјаска, но таа средба не донесе конкретен напредок кон мирот во Украина, по што следеше период на дипломатско затишје меѓу Вашингтон и Москва, анализираат медиумите.
Денешниот телефонски повик не беше објавен со денови, за разлика од некои претходни, а аналитичарите истакнуваат дека времето на неговото случување е исклучително значајно. Имено, Трамп утре треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Клучната тема на нивниот разговор ќе биде можното испраќање американски ракети со долг дострел „Томахавк“ во Украина, што би претставувало значително зголемување на воената помош за земјата.
Фото: принтскрин