Македонија
Груевски за оставката на Јанакиески ќе се произнесе по празникот
Премиерот Никола Груевски по празникот 8. Септември ќе се произнесе во врска со понудената оставка на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Премиерот Никола Груевски по празникот 8. Септември ќе се произнесе во врска со понудената оставка на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.Како што јавува Макфакс, министерот Јанакиески понуди оставка од морални причини во саботата, по несреќата на бродот „Илинден“ во водите на Охридското Езеро.Во саботниот инцидент загинаа 15 бугарски туристи. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пратениците треба да знаат дека се избрани за во Собрание да аргументираат, а не да се сликаат и да молчат: Богоев ги искара неговите сопартијци по вчерашниот молк
Критики на сметка на новите пратеници од Социјалдемократскиот сојуз од дел од нивните сопартијци.
Молкот на вчерашната конститутивна собраниска седница предизвика реакции меѓу членовите на партијата.
Стефан Богоев од СДСМ, оценува дека пратениците треба да дискутираат во Собрание, а не да молчат.
„Пратениците треба да знаат дека се избрани од народот за во Собрание да аргументираат и дискутираат, а не да се сликаат и да молчат!
Особено на седници на кои се формира владеачко мнозинство и се бира претседател на Собрание.
СДСМ треба да има конструктивна, но пред се корективна и проактивна улога во Собранието.
Тоа мора да биде така од самиот почеток, во спротивно, други партии ќе го превземат опозицискиот простор“, напиша на социјалните мрежи Богоев.
18 пратеници од СДСМ и коалицијата за европска иднина, и покрај тоа што беа присутни, не учествуваа во гласањето за избор на претседател на Собранието.
Македонија
Ќе ја замени градоначалничката фотелја и ќе биде гласот на народот: Блерим Беџети ќе делува како пратеник
Градоначалникот на Општина Сарај и актуелен организациски секретар на ДУИ, Блерим Беџети, соопшти дека градоначалничката фотелја ќе ја замени за пратеничка.
Преку неговиот Фејсбук статус вели дека отсега ќе делува како пратеник во Собранието на Република Македонија и дека ќе биде гласот на волјата на народот.
„Од денеска започнува моето ново патување како пратеник во Собранието. Ветувам дека ќе бидам гласот на волјата на народот и ќе докажам дека легитимитетот на албанскиот глас му припаѓа на Европскиот фронт. Продолжуваме обединети за европска држава и подобар економски развој“, напиша Беџети на Фејсбук.
Тој беше пратеник од 2006 до 2009, а и министер за правда во периодот 2011-2014 година.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, попладне наместа со локално невреме, пороен дожд и грмежи
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени. УВ=6
Во Скопје, времто ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 26 степени.
И во четврток ќе има повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Од петок дневната температура ќе биде во значителен пораст и на повеќе места ќе биде над 30 степени. Сепак во попладневните часови можна е изолирана појава на пороен дожд и грмежи.