Европа
Песков: Тврдењата за руска инвазија во Украина се неумесни

Кремљ ги смета за неумесни формулациите за наводна можност од воена интервенција на Русија во Украина, изјави во средата Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател, одговарајќи на изјавите на челникот на НАТО, дека Москва може да ги искористи воените вежби за префрлување војници во источна Украина.
„Кога станува збор за дислокацијата на воените единици на територијата на Руската Федерација, тоа прашање мора да му се постави на министерството за одбрана, Поставувањето на прашањето дека се подготвува инвазија, ја сметаме за неумесна“, го цитира агенцијата РИА Песков кој одговорил на новинарско прашање за можноста да биде извршена инвазија во источна Украина, на териториите кои се под контрола на рускојазичните бунтовници, што го отворија западни извори во врска со прегрупирањето на руските војски во Ростовската област, во близина на руско-украинската граница.
Претходно во средата, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека смета оти Русија ќе ги искористи воените вежби, за да го прикрие префрлувањето на руски војници на украинска територија.
Украинските власти и Западот честопати ја обвинуваат Русија дека со регуларни единици и воено ги помагаат бунтовниците во мнозински рускојазичниот исток на Украина, што Москва одлучно го негира тврдејќи дека станува за внатрешен украински конфликт и бара докази за тоа. Русија не негира дека во борбите во Донбас на страна на проруските милиции може да се борат како доброволци пензионирани или активни припадници на војската кои земаат одмор или отсуство.
Неодамна беше објавено видео во кое двајца војници изјавуваат дека биле на разузнавачка задача во Украина, по наредба на своите единици. Руското министерство изјави дека станува збор за лица кои не се во редовниот состав на воените единици, додека руската дипломатија уште очекува нејзините претставници да добијат можност да се сретнат со двајцата ранети Руси во болница во Киев./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
АфД: Мерц ја плати цената за монструозната изборна измама

Крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) го поздрави неуспехот на конзервативниот лидер Фридрих Мерц да биде избран за канцелар во првиот круг од гласањето во парламентот.
Шефицата на АфД, Алис Вајдел, изјави дека резултатот, според кој Мерц доби шест гласа помалку од потребното апсолутно мнозинство, ги покажува „слабите темели“ врз кои е изградена коалицијата на конзервативниот лидер со социјалдемократите.
Мерц беше оштетен од самиот почеток, рече првиот секретар на пратеничката група на АфД, Бернд Бауман, во видео објавено на Икс.
„Тој ја плати цената за сите свои предизборни интриги, за монструозни изборни измами какви што никогаш порано не биле видени.“
Европа
(Видео) Снимен моментот кога Фридрих Мерц сфати дека сепак не е избран за канцелар

Кандидатот на Христијанско-демократската унија, Фридрих Мерц, не го доби потребниот број гласови во првиот круг од изборите за канцелар во Бундестагот и не беше избран за канцелар, што е историски уникатен случај.
310 од вкупно 630 пратеници во Бундестагот гласаа за Фридрих Мерц во првиот круг, што значи дека најмалку 18 пратеници на ЦДУ/ЦСУ и Социјалдемократската партија на Германија, кои би требало да формираат коалициска влада, не гласаа за Фридрих Мерц.
За обезбедување на долгоочекуваните избори за наследник на Олаф Шолц му беа потребни 316 гласови.
Тоа е прв случај во историјата на СР Германија канцеларот да не биде избран во првиот круг.
Friedrich Merz unexpectedly failed to achieve the majority required to be elected German chancellor.
Here's how that moment unfolded in parliament ⬇️ pic.twitter.com/aCKkNLYqmM
— DW Politics (@dw_politics) May 6, 2025
Камерите го забележаа моментот кога лидерот на германските демохристијани сфати дека сепак не е избран за канцелар.
Европа
(Видео) Пожар на најголемиот градски пазар во Харков

За време на големиот руски напад врз Харков, избувнал пожар на најголемиот пазар во градот, Барабашово. Оштетени се неколку станбени згради и возила. Вкупно 11 лица се повредени во регионот Харков.
Massive Russian drone attack on Kharkiv last night. There were about 20 hits on the city.
Barabashovo market, the largest market in Kharkiv, is burning from the drone attacks. Thankfully, no one was hurt, although material losses from the fire will likely be huge. pic.twitter.com/USaAA67sTS
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) May 6, 2025
Гувернерот на Харковската област, Олех Синехубов, изјави дека околу 20 малопродажни објекти на пазарот се целосно уништени.