Македонија
Нарко-зависник се обидел да го убие татко си

Жител на гостиварското село Форино, синоќа се обидел да го убие сопствениот татко со еден убод од нож во стомакот.
Жител на гостиварското село Форино, синоќа се обидел да го убие сопствениот татко со еден убод од нож во стомакот.Како што соопштуваат од МВР, причина за инцидентот е претходна расправија меѓу синот и таткото. Синот, велат од полицијата, бил зависник од дрога, кој за да набави наркотици продавал предмети од дома и делови од возила.По настанот педесет и двегодишниот жител на Форино бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, каде лекарите ја констатирале убодната рана од нож во пределот на стомакот.
Напаѓачот по настанот побегнал, а полицијата презема мерки за негово пронаоѓање. /крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Куманово не смее да падне во рацете на Мартин Костовски

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска го критикуваше кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски, обвинувајќи го за низа спорни постапки и поврзаност со, како што рече, старата матрица на владеење.
Петрушевски потсети дека Костовски, како директор на Службен весник, го објавил Законот за двојазичност без потпис на претседателот на државата, што претставува директно кршење на Уставот. Тој додаде и дека за таа постапка постои кривична пријава.
На прес-конференцијата беа спомнати и наводни сомненија за политички пазар околу францускиот предлог, со вработување на сопругата на Костовски во МНР. Петрушевски го обвини кандидатот и за насилен инцидент од 2017 година кога во алкохолизирана состојба нападнал учесник на протест, и праша како со државна плата започнал изградба на зграда во центарот на Куманово, која потоа била стопирана поради неправилности.
„Куманово не смее да падне во рацете на човек со вакво минато. Куманово заслужува чесност, отчетност и визија – работи кои Мартин Костовски не може да ги понуди“, изјави Петрушевски.
Македонија
Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

Животниот стандард никогаш не бил полош, граѓаните имаат се’ помалку за живот. За 20 отсто е намаена куповната моќ на граѓаните- односно за 20 проценти помалку работи можат да купат сега отколку пред да дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт, истакна на прес-конференција потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова.
Шукова нагласи дека платите не растат, а цените секојдневно одат нагоре.
„Македонија е претпоследна во Европа по минимална плата, само Албанија има пониска минимална плата од Македонија. 70 проценти од вработените во Македонија живеат со плата под 500 евра“,рече Шукова, додавајќи дека средната класа исчезнува, а младите заминуваат бидејќи нема перспектива.
„Ова е реалноста што ВМРО ДПМНЕ сака да ја сокрие – релност во која граѓаните се борат за еден оброк, додека власта се луксузира, си ги покачуваат платите и продаваат приказни дека сме четврти во Европа“, нагласи Шукова.
Притоа, потпретседателката Шукова порача дека СДСМ ќе продолжи да се бори за стабилна економија, за вистински економски мерки и реформи, за држава атрактивна за инвестирање, за економија што носи нови работни места и подобар живот за сите граѓани.
Македонија
(Видео) Пожарите ќе се гаснат со пренаменети армиски и полициски возила кои 8 години биле запуштени, рече Мицкоски

Полициски и армиски возила коишто повеќе од осум години биле целосно запуштени, се пренаменети за да ги гаснат шумските пожари.
Премиерот Христијан Мицкоски кој присуствуваше на презентацијата на 38 возила (уште 5 дополнително ќе бидат доставени), рече дека државата е подготвена да се справи со сезоната на пожарите.
„На овој начин државата заштедува неколку десетици милиони евра, а капацитетите за интервенција се зголемени повеќекратно“, рече премиерот.
Мицкоски додаде и дека оваа недела се очекува да се врати вториот авион за гаснење пожари од сервис, додека третиот треба да пристигне до крајот на месецот или почетокот на август. Исто така, во функција се ставени и по два армиски и полициски хеликоптери.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, на настанот изјави дека се работи за моќни теренски возила со пумпи и цистерни, кои веќе се оперативни.
„Дирекцијата за заштита и спасување во својата структура доби 18 прилагодени моќни теренски возила Пинцгауер (дополнително очекуваме уште 5) со резервоари од 1500 литри, 15 прилагодени оклопни транспортни возила БТР 80 со резервоари од 6 тона и 5 оклопни транспортни возила Хермелин со влечни цистерни од 2, 4, 6 или 8 тона. Сите 43 специјални возила се опремени или се опремуваат со моќни водни пумпи со домет на водниот млаз од 25 до 100 метри“, рече Ангелов.
Ангелов порача дека ова лето „гранката нема да му треба“, истакнувајќи ја подготвеноста во споредба со минатото.
На воениот полигон Пепелиште, присуствуваа и потпретседателот Љупчо Димовски, министрите Тошковски и Мисајловски, градоначалникот Јанчев и други функционери, пришто беше одржана демонстрација на противпожарните капацитети на новите возила.