Македонија
Адеми во Литванија ги презентираше мерките за обезбедување дополнителни инвестиции

Министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми во Литвaнија, учествува на редовниот состанок на министрите за животна средина на ЕУ и на земјите кандидати за членство на ЕУ.
Адеми ги презентираше последните национални мерки кои, усогласени со политиките на ЕУ, обезбедуваат дополнителни инвестиции за заштита и унапредување на биодиверзитетот, за заштита на националните паркови во државата, како и за понатамошен развој на механизмите за спречување на климатските промени.
„Во текот на последната деценија поддршката за развој на инфраструктурата во заштитените подрачја, генерално во рамките на европската заедница, а и на билатерална основа беше значителна. Комбинирајќи национални и меѓународни извори бевме во можност значително да ја подобриме заштитата на видовите и живеалишта. Сепак, останува уште многу да се направи. Особено во однос на оперативните трошоци на администрацијата задолжена за заштита на природата и финансирање на други ден-за-ден активности. Ова е област каде ние, на национално ниво, се уште се соочуваме со големи проблеми“, рече Адеми.
Тој додаде дека Министерството за животна средина интензивно е во потрага по нови извори на финансирање.
„Позитивен примери е неодамна воведената такса за посета на националните паркови и за вршење на стопанска дејност во паркот, како што се поседување на хотел или ресторан. Исто така, проширени се туристичките такси во заштитените подрачја. Овие мерки се дел од имплементацијата на неодамна донесениот документ „Финансирање на заштитено подрачје: Опции за Македонија“, во кој се предвидуваат бројни финансиски инструменти и посебни активности за зајакнување на финансиската состојба на заштитените подрачја“, нагласи Адеми.
Според него, и покрај зголемувањето на националните извори за финансирање на заштитата на биолошката разновидност, фондовите на странска помош остануваат многу важни во градењето на нашите системи за заштита, како и учеството на приватниот сектор.
„Ова не само што помага во обезбедување на дополнителни финансиски средства, туку може да обезбеди и долгорочна одржливост на активностите за заштита. Затоа, ги поздравуваме ЕУ финансиските инструменти за биолошка разновидност кои даваат предност на финансирање од приватниот сектор. Ги следиме со интерес случувањата во оваа сфера и ќе бидеме подготвени да ги испитаме можностите кои таквите инструменти можат да ги донесат “, рече Адеми.
Во дискусија за придонесот кон политиките на ЕУ за намалување на климатските промени на глобално ниво, министерот Адеми реферираше:
„Тешко е да се зборува, па дури и да се влијае врз глобалните прашања од земја која има мало влијание во климатски промени. Сепак, веруваме дека секоја акција е важна за постигнување ниско јаглероден раст. Република Македонија се обврза да даде придонес во остварувањето на оваа глобална цел, која се рефлектира во неколку донесени стратешки секторски документи“, рече Адеми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Аеродром и Центар денеска без вода

По добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација, Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, информира дека денеска поради планирани зафати без водоснавбдување ќе останат:
· поради изведувње на водоводен приклучок од Ф- 100мм на ул.Пандил Шишков 9, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица на високата зона од број 1 до бр.49 и дел од корисниците на ул.Вангел Тодоровски, Руди Чаевац, и Коста Новаковиќ, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до санирање на дефектот, општина Аеродром;
· поради изведувње на водоводен приклучок од Ф-400мм на ул.Мирче Ацев, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Бул.Кочо Рацин, Славко Јаневски (по старо Стив Наумов), Тетовска, Славе Георгиевски Шнајдерот и дел од Бул.Крушевска Република, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот, општина Центар.
Македонија
Претпладне променливо облачно, а попладне сончево со умерена облачност

Претпладне променливо облачно, а попладне сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Времето во наредните денови
Во сабота во југоисточните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Во недела повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа со поинтензивни процеси во форма на невреме. Локален дожд ќе има и во понеделник претпладне, а потоа ќе настапи стабилизирање на времето.
Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.