Македонија
Кривична пријава за висок службеник во Министерството за одбрана
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против директорот на Директоратот за политика и планирање, финансии и меѓународна соработка во Министерството за одбрана поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.Како што соопштуваат од МВР, пријавениот неовластено во непосредна спогодба склучил Договор за набавка на опрема со британската фирма „KIN KAM Services Limited“, а истовремено договорот бил класифициран како „државна тајна“. Тој претходно немал добиено согласност од Министерот за одбрана за склучување на договорот, а не била спроведена постапка за одредување на степенот на класификација на документот. Истовремено, набавката не била дел од годишниот план за набавки во министерството.Договорот се однесувал на набавка на 10 BGAN терминали со 10 SIM картички и активирање на 5 активни и 5 пасивни сателитски линии и нивно одржување, во вкупна вредност од 640.625 евра, со времетраење од пет години и можност за продолжување.Досега, во два наврати во 2008-ма и 2009-та година на британската компанија и биле исплатени 259.850 евра, а исплатата била покриена со реферат и решение за исплата што биле потпишани од страна на осомничениот директор. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

