Македонија
Конгрес на СДСМ на 3 јули

Централниот одбор на СДСМ донесе одлука на 3 јули партијата да одржи Конгрес за гласање на доверба на партиски органи.
Централниот одбор на СДСМ донесе одлука на 3 јули партијата да одржи Конгрес за гласање на доверба на партиски органи.
„Расположението и атмосферата на седницата одеше во прилог на констатацијата дека СДСМ успеа да добие поддршка од 370 илјади граѓани и да ја зголеми својата поддршка за 150 илјади гласа, односно за околу 65 отсто“, изјави членот на Централниот одбор, Јани Макрадули.
На вчерашната седница не станало збор за оставка на лидерот на партијата Бранко Црвенковски.
Како што рече Макрадули општа е констатацијата дека претседателот на СДСМ, Црвенковски не само во рамки на партијата, туку во рамки на опозицискиот фронт треба да биде предводник на борбата против власта./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од скопски Карпош и Ѓорче Петров

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, соопшти дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска (петок ), без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 11:30 часот, корисниците од дел од улица Алжирска. (Општина Карпош)
· од 11:00 до 14:00 часот, дел корисниците од Новоселски Пат во околината на ОУ Тихомир Милошевски. (Општина Ѓорче Петров).
Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Гази Баба

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( петок ) поради водоводен приклучок од Ф -80мм на ул.30 Трубарево, прекинато водоснабдување ќе има за корисниците од нас.Трубарево од 09:00 часот до завршување на приклучокот (општина Гази Баба)
Македонија
Сончево и многу топло со температура до 40 степени, попладне краткотрајно невреме

Времето денеска, сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на дневните температури за 5-7 степени во споредба со денешните. Од понеделник дневните температури повторно ќе бидат во постепен пораст.