Свет
Русија по забраната за увоз на храна од Западот се врти кон Јужна Америка

Руската ветеринарна служба ќе забрани увоз на сите видови американска храна, како и овошје и зеленчук од земјите од Европската унија, а бидејќи Русија е голем увозник на американска и европска храна, оваа забрана е знак дека се продлабочува судирот кој веќе руско-западните односи ги доведен на нивото од Студената војна.
Агенцијата Reuters извести дека по најавите за одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да го донесе указот „За примена на одредени специјални економски мерки во насока на безбедноста на Руската Федерација“, со кој за период од една година се забранува или ограничува во Русија да се увезат земјоделски производи, суровини и храна од државите кои се придружија на санкциите против земјата, не успеала да добие коментар од руските ветеринарни власти, ниту од претставниците на Европската комисија во Брисел.Руската агенција РИА Новости, пак, јавува дека од надлежните служби ѝ било потврдено дека со декретот на претседателот под целосна забрана се опфатени овошјето и зеленчукот од земјите членки на Европската унија. Истиот извор потврдил и дека Русија ќе го забрани увозот на земјоделски производи од САД, вклучително и месото и преработките од живина. Се известува, исто така, дека веќе започнале консултациите за составување на листата веднаш по објавувањето на декретот. Агенцијата наведува и дека „руските трговци ќе ги заменат увозните производи со домашни, поради привремената рестрикција на увозот на храна“.Со декретот на претседателот Путин „се забранува или ограничува тргувањето со странство поради увоз во Руската Федерација на одредени видови земјоделски производи кои потекнуваат од земјите кои се одлучиле да воведат економски санкции за правни и/или физички лица или оние коишто им се придружиле на тие мерки“. Русија е најголемиот увозник на овошје и зеленчук од Европската унија. На пример, во 2011 година откупила 21,5 отсто од извозот на зеленчук на ЕУ и 28 проценти од целото овошје што ЕУ го извезувала. Русија увезува и многу американско пилешко месо, така минатата 2013 година откупила 276 илјади тони, што е 8 отсто од американскиот извоз, објави американското министерство за земјоделие. Единствено соседното Мексико увезува повеќе американско пилешко месо.Веднаш откако Кремљ го објави декретот на претседателот Владимир Путин, руската служба за фитосанитарна контрола јави дека во четврток со амбасадорите на Еквадор, Бразил, Чиле и Аргентина ќе разговара за можноста да увезува од овие земји. Претседателот на бразилското здружение на преработувачи во живинарската индустрија Франциско Тура веднаш во Сао Паоло најави дека оваа земја во Русија може да испрати дополнителни 150 илјади тони пилешко.Руската централна банка објави дека забраната за увоз на евтини производи го отежнува контролирањето на инфлацијата којашто во јули падна на 7,5 отсто на годишно ниво, но и натаму е значително повисока од 6,5 отсто колку што беше минатата година. Западните банки, пак, и покрај економските секторски насочени санкции против Русија, најавуваат големи профити на рускиот пазар.Поради падот на продажбата во вториот квартал од годинава, американскиот гигант „Coca Cola“ објави во средата дека ќе престане да се рекламира на руските телевизии./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.