Свет
Израел се подготвува за војна во Синајската пустина?
Поранешниот шеф на израелскиот Совет за национална безбедност (NSC) го повика режимот на воена акција на Синајскиот полуосторв поради растечките тензии со Египет
Узи Дајан за израелската телевизија Channеl 7 изјави дека израелската војска и другите безбедносни сили треба да се подготват за период различен од минатото во справувањето со новата египетска влада. Тој тврди дека ваквиот воен чекор ќе има за цел да ги одврати оние кои претставуваат закана за израелската држава. „Ова е време кога израелската армија треба да ја наметне нејзината контрола на Синај“, вели Дајан. На израелските војници им е забрането присуството на Синајскиот полуостров според мировниот договор со Египет од 1979 година. Тензиите меѓу Каиро и Тел Авив ескалираа откако израелските војници во четвртокот убија неколку египетски војници и припадници на безбедносните сили. Дајан, исто така, откри дека на состанокот кој минатата седмица се одржал во присуство на началникот на израелскиот Генералштаб, Бени Џанст, било разговарано за прашања поврзани со ситуацијата на Синајскиот полуостров, но одбил да изнесе детаљи од разговорите. Нагласувајќи го значењето од зачувување на мировниот договор меѓу Израел и Египет постигнат со посредништво на САД, Дајан изјави дека израелски претставници треба да се заложат за „одржување на безбедноста на своите цивили додека се осигури дека нема ескалации на тензиите меѓу Израел и Египет“. Израелската армија мора да „одговори силно во справувањето со терористите и да ја информира египетската влада дека воено може да интервенира на Синај“ за да се спречи израелската граница да стане ранлива зона за нападите на милитантите, вели Дајан во разговорот за израелската телевизија. Во саботата, Египет одлучи да го повлече својот амбасадор во Тел Авив откако односите меѓу двете влади станаа многу затегнати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Мировниот план е речиси готов
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека мировниот план за завршување на војната со Русија е речиси готов.
Во својот говор на Светскиот економски форум во Давос, тој рече дека документите насочени кон завршување на војната се речиси готови, дека тоа е навистина важно.
„Украина работи со целосна искреност и решителност и носи резултати. Русија мора да биде подготвена да ја заврши оваа војна, да ја запре оваа агресија“, рече Зеленски, додавајќи дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за заштита на небото.
Кога беше прашан за „Комитетот за мир“ на Трамп, кој беше ратификуван порано денес во Давос, тој рече дека секој има свои причини за приклучување или неприклучување кон Комитетот.
„Европа сè уште не формирала единствен став за американската идеја. Можеби вечерва, кога ќе се состане Европскиот совет, ќе одлучат нешто. Но, за документите веќе беше одлучено утрово, а вечерва конечно би можеле да одлучат нешто и за Гренланд.
Тој исто така рече дека не треба да се прифати дека Европа е само „салата од мали и средни сили зачинети со непријателите на Европа“.
„Кога сме обединети, навистина сме непобедливи и Европа може и мора да биде глобална сила, не таква што реагира доцна, туку таква што ја дефинира иднината“, рече тој.
Регион
Отруено бебе во Србија: по грешка наместо вода, во шишето имало бензин
Вистинска драма се одвивала денес во градинка во општина Блаце, бидејќи осумнаесетмесечно бебе имало проблеми, односно аспирација. Брзата помош веднаш реагирала, пренесуваат медиумите во соседството.
Под ознаката итно, во придружба на педијатар, бебето е префрлено во Општата болница Прокупље, а потоа оттаму во Клиничкиот центар во Ниш.
Според првичните информации, најверојатно бабата на детето по грешка сипала медицински бензин во шишето со вода.
Според информациите од одредени медиуми, се сомнева дека симптомите на труење биле откриени за време на престојот на детето во групата од градинка.
Според првичните информации, најверојатно бабата на детето по грешка сипала медицински бензин во шишето со вода.
Имено, медиумите тврдат дека тоа започнало поради шише со вода, но овие тврдења не се потврдени.
Свет
Фон дер Лајен повторно го преживеа гласањето недоверба во ЕП
Предлогот за гласање недоверба на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, не ја доби потребната поддршка на пленарната седница на Европскиот парламент, која се одржува во Стразбур оваа недела. Гласањето беше емитувано во живо на официјалната веб-страница на парламентот.
Според официјалните резултати, 165 европратеници гласаа за иницијативата, 390 гласаа против, додека 10 европратеници беа воздржани. Така, убедливото мнозинство против предлогот уште еднаш ја потврди стабилната поддршка на актуелната претседателка на Европската комисија во рамките на најголемите политички групи во Европскиот парламент, пренесуваат медиумите.
Ова беше трето гласање недоверба на Урсула фон дер Лајен, а иницијативата ја покрена парламентарната група Патриот. Како главна причина, тие го наведоа противењето на одлуката на Европската унија да потпише договор за слободна трговија со „Меркосур“, кој, според нив, носи ризици за европското земјоделство и економските интереси на поединечните земји-членки.
И претходните два обида за гласање недоверба на Европската комисија, започнати минатата година, завршија со неуспех. Тие предлози не успеаја да обезбедат ниту четвртина од гласовите во Европскиот парламент, иако трите најголеми парламентарни фракции континуирано ја поддржуваа Фон дер Лајен.
Иако иницијативата повторно беше отфрлена, дискусијата што следеше по неа покажа дека поделбите во Европскиот парламент, особено во однос на трговската политика и односите со надворешните партнери, сè уште се изразени и ќе останат една од клучните теми во наредниот период.

