Свет
„Потполно уништување“ по земјотресот Нов Зеланд.ГАЛЕРИЈА
Моќниот земјотрес со магнитуда од 7,9 степени по Рихтер кој го погоди Нов Зеланд по полноќ кон понеделникот по локално време, во кој загинаа две лица, оштетени се патишта, мостови и згради и предизвикани се проблеми ширум земјата.
По главниот земјотрес, истата областа била погодена од уште најмалку три последователни потреса со интензитет од 6,2, 5,7 и 5,8 по Рихтер кои го погодиле Јужниот остров на кој се наоѓа Амберли, град со околу две илјади жители.

Малку послаб потрес, со магнитуда 6,2 степени, повторно го погоди Нов Зеланд околу 1,45 часот по локално време во вторникот. Кристчерч, најголемиот град на Јужниот остров, сé уште закрепнува од земјотресот со магнитуда од 6,3 кој во 2011 година ја погоди оваа област и уби 185 луѓе.

Новозеландската служба GeoNet објави дека првиот земјотрес бил со магнитуда од 7,5, додека американските геолози добиле резултат од 7,8 а европските од 7,9 степени. Потресите ги разбудија жителите во целата земја, во места оддалечени и по повеќе стотици километри од епицентарот.

Новозеландскиот истражувачки центар GNS Science објави дека изгледа оти треперењето на почвата било резултат на два истовремени потреса, кои траеле подолго од две минути. GeoNet додава дека настанале четири раседи, а еден од нив во близина на брегот е длабок дури 10 метри.

Преку Нов Зеланд минува ткн Пацифички огнен прстен, плоча од вулкани и тектонски раседи во должина од 40 километри. Тој го опкружува Тихиот Океан, минувајќи низ целиот брег на Северна и Јужна Америка, до јужните делови на Алјаска, а потоа преминува он Јапонија, Филипини и Индонезија и завршува во областа на островите Нова Гвинеја, Нов Зеланд и југозападна Океанија. Токму во „огнениот прстен“ се наоѓаат најголемиот број познати вулкани на планетата. Тука, исто така, се случуваат 90 отсто од сите земјотреси на Земјата.

Службите за итна помош со хеликоптер пристигнале на месото на епицентарот на потресот.
„Тоа е потполно уништување. Не знам… ќе бидат потребни месеци работа“, му рекол новозеландскиот премиер Џон Ки на министерот за цивилна одбран и вонредни состојби Гери Броунли, откако прелетал преку крајбрежниот град Каикура, објави министерот на својот профил на Twitter. Ки тамошните свлечишта ги нарекол „грозни“ и процени дека за поправање на настанатата штета ќе бидат потребни „милијарди долари“.

Земјотресот го прекина снабдувањето со електрична енергија, а не се во функција и телекомуникациите. На патиштата се појавија големи пукнатини, а лизгањето на земјата и други штети го оневозможуваат пристапот во најпогодените области.
Нивото на предупредување на опасност од цунами што предизвика масовна евакуација на населението кон повисоките региони на островската земја, е намалена откако големите бранови го погодија главниот град Велингтон на Северниот, како и Кристчерч на Јужниот остров.

Велингтон практично е пуст, бидејќи на вработените и работниците име е наредено да се држат подалеку од градот, додека градскиот совет не одреди колкав е ризикот за оштетените згради. Постоеше загриженоста дека силната бура која го погоди тој град, со ветришта со брзина од 140 километри на час, ќе разнесува по улиците стакло и парчиња цигли и бетон.
Новозеландското министерство за цивилна заштита и вонредни ситуации (MCDEM) прогласи вонредна состојба набрзо по првиот подземен удар за регионот Каикура, Истоименото гратче, познато како популарно место за набљудување на китовите, најсилно е погодено од потресот.

Во зграда во ова место којашто се „урнала како од карти“ пронајдена е една од жртвите, истакнал лекар Кристофер Хенри од тамошната болница. Од истата зграда се извлечени двајца преживеани.
„Наш најголемиот приоритет е осигурување на доставувањето на вода за пиење, храна и други продукти за населението на Каикура, и за околу илјада туристи колку што се проценува дека во моментот ги има во градот“, изјави Броунли. На местото е испратен мултифункционален брод на новозеландската морнарица „HMNZS Canterbury“, додал. Градската служба за спасување и потрага (USAR) соопшти дека во градот пристигнал тим од 20 луѓе со две кучиња трагачи, додека втор тим е во состојба на приправност во Крајстечерч.

Полицијата во областа околу Крајстчерч известува за 19 провали во домови и комерцијални простории, коишто се случиле откако жителите се евакуирани на повисоките места.
„Многу е тажно што во времето во кое луѓето се соочуваат со ваквите травматични настани, а заедниците се обединуваат за да си помагаат, постојат такви кои се заинтересирани само за стекнување полза“, изјави окружниот командант на полицијата на Кантербери, Џон Приајс.
Потресите ја уништиле браната на реката Кларенс, северно од Крајстчерч, со што низводно е пуштено големо количество вода, соопштија власите./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мелони: Не би поддржала американски напад врз Гренланд, но тие мора да бидат таму
Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, денеска изјави дека не верува оти Соединетите Американски Држави ќе употребат воена сила за анексија на Гренланд, предупредувајќи дека таков потег би имал тешки последици за НАТО.
На традиционалната новогодишна прес-конференција, Мелони додаде дека постои потреба од „сериозно и значајно“ присуство на НАТО во арктичкиот регион, вклучително и на Гренланд.
„И понатаму не верувам во хипотезата дека Соединетите Американски Држави би покренале воена акција за да ја преземат контролата врз Гренланд, опција што очигледно не би ја поддржала“, рече Мелони.
„Тоа не би било ни во интерес на САД“
„Верувам дека тоа не би било во ничиј интерес. Мислам дека тоа не би било ни во интерес на Соединетите Американски Држави, да бидам јасна“, додаде италијанската премиерка.
Операцијата на американската војска во која беше соборен лидерот на Венецуела повторно ја поттикна загриженоста околу американските намери кон Гренланд. Белата куќа во вторникот соопшти дека САД разгледуваат повеќе опции за преземање на Гренланд, меѓу кои и употреба на воена сила.
„На сите им е јасно дека тоа значително би влијаело врз НАТО“
Мелони, која важи за една од најблиските европски сојузнички на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека „на сите им е јасно“ оти секој американски потег поврзан со Гренланд би имал значително влијание врз НАТО. Таа додаде дека токму тоа е причината зошто не верува дека Вашингтон ќе ги реализира своите закани.
Сепак, истакна дека е важно НАТО да го засили своето присуство во арктичкиот регион, како и да ја разбере загриженоста на САД околу потребата од спречување на „прекумерно мешање на други актери кои би можеле да бидат и непријателски расположени“.
Свет
Писмо од Трамп до Орбан: поддршка пред изборите во Унгарија
Американскиот претседател Доналд Трамп му посакал многу среќа на унгарскиот премиер Виктор Орбан, долгогодишен сојузник, во неговата изборна кампања, во писмо што Орбан го објави на својата „Фејсбук“ страница.
Двајцата лидери се сретнаа во Белата куќа на 7 ноември, каде што Трамп му одобрил на Орбан едногодишно изземање од американските санкции за руската енергија, со што бил спречен пораст на цените што сериозно би го погодил унгарското стопанство, изјави Орбан.
Во своето писмо, Трамп наведува дека храброто водство на Орбан служи како пример за остатокот од светот. Тој додава дека со нетрпение очекува продлабочување на соработката во областа на одбраната, енергетиката и илегалните миграции.
„Отсекогаш цврсто ги браневте принципите што ја прават Унгарија толку извонредно место – верата, семејството и суверенитетот“, напишал Трамп во писмото од 10 декември.
Свет
Половина Киев без греење по тешкиот напад; Кличко: Ако можете, напуштете го градот
Половина од станбените згради во Киев, речиси 6.000, моментално се без греење откако клучната инфраструктура на главниот град беше тешко оштетена во голем руски напад. Градот се соочува и со прекини во водоснабдувањето, пишува Украинска Правда.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека синоќешниот комбиниран напад бил најтежок досега за клучните инфраструктурни објекти на главниот град.
„Комуналните служби ги поврзаа социјалните објекти – особено болниците и породилиштата – на мобилни котларници. Заедно со енергетичарите работат на враќање на струјата и греењето во домовите на жителите на Киев“, рече Кличко.
In Kyiv and the region, the aftermath of the massive Russian strike is still being dealt with. All necessary services are deployed. Twenty residential buildings alone were damaged. Recovery operations after the strikes also continue in the Lviv region and other regions of our… pic.twitter.com/AMkwfKHOkC
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) January 9, 2026
„Градските служби работат во вонредни услови. За жал, за наредните денови се прогнозираат тешки временски услови“, додаде градоначалникот, упатувајќи апел до граѓаните.
„Исто така апелирам до жителите на главниот град кои имаат можност привремено да го напуштат градот и да заминат некаде каде што постојат алтернативни извори на струја и топлина, да го сторат тоа“, заклучи Кличко.
Нападот започнал во вечерните часови на 8 јануари, кога во Киев се слушнале експлозии предизвикани од руски напади со дронови. Во населбата Десњански, беспилотно летало погодило покрив на станбена зграда.
Потврдено е дека во рускиот напад врз Киев загинале четири лица. Поради оштетување на надземната мрежа и прекините во снабдувањето со електрична енергија во Киевската област, регистрирани се и доцнења во сообраќајот на дел од патничките возови. До утрото на 9 јануари, повеќе од 500.000 потрошувачи во градот Киев и околната област останале без електрична енергија.

