Контакт

Вести

Четиригодишно девојченце се застрела во лицето, а мајка си во тилот

Објавено пред

Четиригодишно девојченце во Индијанаполис, во американската сојузна држава Индијана, се ранило себеси и својата мајка од оружје пронајдено во домот, пренесуваат американските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Како што изјавил во полицијата таткото на девојченцето, тоа се застрелало самото во лицето, а потоа пукало во тилот на мајката. Двете се пренесени во болници дознава во неделата агенцијата Associated Press. Со каква муниција пиштолот бил наполнет, агенцијата не прецизира.

Другите деца, кои биле во домот за време на инцидентот не настрадале. Полицијата започнала истрага за околностите на случајот, и како детето дошло до оружјето.

Случаите кога неколкугодишни деца се извршители на убиства или ранувања со огнострелно оружје во САД и не се невообичаени, но во суштина тоа се инциденти како резултат на небрежност на родителите и возрасните и се без намери да се пука. Цивилното население на САД, според весникот New York Daily News, поседува меѓу 270 и 300 милиони парчиња оружје, што е приближно по едно на секој жител.

Последниот таков случај на кој медиумите му посветија големо вниамние беше во февруари годинава кога тригодишно момченце играјќи си со пиштол ја застрелало неговата мајка во главата. Трагедијата се одигра во местото Бејлис Гроув, во сојузната држава Мичиген. Откако полицајците по дојава за пукање, ја пронашле 28-годишната жена со прострелна рана во задниот дел од главата.

На самиот крај од 2014 година беше регистриран случајот кога двегодишно момченце случајно си ја застрела мајката која почина на самото место во супермаркет од познатиот трговски синџир „Walmart“ во гратчето со 13 илјади жители Хајден во американската сојузна држава Ајдахо. Според локалната телевизија, 29-годишната жена пазарувала со своите четири деца, кога двегодишникот го извадил од нејзината чанта пиштолот и случајно ја застрелал. Жената од повредите починала на самото место.

Претходно во мај истата година четиригодишно момченце од градот Вичита во државата Канзас, со огнено оружје го застрелало неговото 19-месечно братче. Несреќата се случила кога двете момчиња и едно тригодишно девојче си играле сами во соба, додека во друга просторија во куќата биле нивните татко и чичко. Четиригодишното момче отворило фиока во која се наоѓале пиштоли. Иако не го подигнало оружјето од фиоката, момчето го повлекло чкрапалото и го погодило во гради 19-месечното братче кое стоело во негова близина.

Претходно во април тригодишно девојче од пушка го застрелало своето една година помало братче во американското гратче Колеџ Ворд, во сојузната држава Јута. Според полицискиот извештај, девојченцето ја нашла пушката на таткото во домот и ја вперила кон братчето. Куршумот го погодило детето во стомакот, кое веднаш било пренесено во болница, но за жал, лекарите не успеале да го спасат.

Медиумите, исто така, потсетуваат и на несреќата од пред година ипол што се случи во Филаделфија, во сојузната држава Пенсилванија, кога двегодишно момченце случајно ја застрела својата 11-годишна сестра, од пиштол што го пронашло во спалната соба на родителите.

Се споменува и случајот во градот Савана, во државата Џорџија, кога момченце чија возраст медиумите не успеаја да ја идентификуваат, исто така, случајно ја застрелало својата десетгодишна сестра. Според полициската истрага, девојката побарала од нејзиниот брат да го поддржи оружјето. Момченцето земало да проверува дали пиштолот е полн, и одненадеж истрелал од него. Куршумот ја погодил сестрата во градите и таа починала пред да пристигне брзата помош. За време на несреќата родителите не биле во домот.

Еден од инцидентите со оружје во кои се инволвирани деца во САД е оној во кој од детенце настрада од огнено оружје за кој потсетуваат медиумите се одиграл во септември 2013 година, во националниот парк Јелоустон, кога загина тригодишно девојченце. Тоа било оставено во шаторот без надзор од родителите кои во природниот резерват дошле на одмор, и почнало да чепка по работите во ранецот на татко си од каде го извадила пиштолот и го притиснала чкрапалото. Девојчето починало од здобиените повреди./крај/мф/сн

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија3 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ5 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија6 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет8 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет8 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет8 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион9 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет9 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија20 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија20 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија21 час

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија23 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија1 ден

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...