Европа
Зад нападите во Париз стои Абделхамид Абаауд
Белгиските безбедносни сили се сомневаат дека зад симултаните терористички напади од петокот вечерта во француската престолнина Париз, стои Абделхмид Абаауд, а нејзините специјални сили во понеделникот започнаа голема операција во бриселската општина Моленбек, додека медиумите јавуваат за детонации и истрели.
Абделхамид Абаауд се смета за мозокот на неуспешните терористички напади кои полицијата ги спречи во јануари годинава во Вервеиер, на истокот од Белгија.
Белгиската телевизија RTL претходно објави дека наводно е уапсен 16-годишниот Салех Абдеслам, роден во Брисел, за која Франција распиша потерница поради учество во терористичките напади во Париз. Тој е брат на еден од бомбашите самоубијци, 30-годишниот Брахим Абделслам,
Белгиската државна телевизија RTBF ја демантираше оваа вест, велејќи дека полицијата уапсила едно лице, но дека тоа не е Салах Абдеслам. „Операцијата на специјалните полициски сили во моментов е во тек во Моленбек“, се наведува во извештајот.
Медиумите известуваат дека полицијата го блокирале пристапот на една улица во квартот Моленбек и преку мегафон повикувала едно лице да се предаде
Според телевизијата RTL, лицето коешто е приведено е „еден од најбараните злосторници во Белгија“, алудирајќи на Абдеслам, било приведено откако специјалците употребиле солзавец и шок гранати.
Во Моленбек веднаш по париските атентати беа уапсени седум лица коишто се осомничен за поврзаност со терористичките напади во француската престолнина. Сите тие живеел е во еден од главните марокански квартови во Брисел, Моленбек-Сен-Жан.
Началничката на оваа општина, Франсоаз Скепманс, претходно призна дека таму значителен дел од населението се доселеници од Северна Африка, од кои околу 30 отсто се исламски радикали кои заминале да се борат во Сирија на страната на џихадистичките групи, веќе се вратиле од блискоисточните боишта.
„Во Моленбек сметаме дека 30 луѓе, според сознанијата на полицијата, се поврзани со радикалниот ислам. Некои од нив заминале да се борат во Сирија и се вратиле од таму, другите сé уште се наоѓаат таму“, додаде Скепманс.
„Во регионот забележуваме проблеми со самоидентификацијата, вклучително и кај нашата религиозна младина, и тоа ги турка во крајна радикализација“, смета.
„Во Моленбек во текот на децении стана пренаселен со население од мароканско потекло. И сека продолжува значителнито прилив доселеници. За многумина од нив интеграцијата мина успешно, но некои семејства, за жал, остануваат надвор од тоа“, рече Скепманс.
Федералната полиција на Белгија побара од медиумите да се воздржат од објавување снимки од текот на антитерористичката операција, „поради тактички причини, како и поради безбедноста на населението“, изјави портпаролот Петер де Ваел./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Герасимов: Во јануари окупиравме 300 квадратни километри во Украина
Руските сили зазедоа повеќе од 300 квадратни километри украинска територија во првата половина на јануари, изјави началникот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов. Русија соопшти дека минатата година зазела 6.640 квадратни километри во Украина.
Украинскиот парламент во среда го назначи младиот технократ Михаил Федоров за министер за одбрана, додека владата се стреми да ги поттикне иновациите за да ја зајакне војската за време на тешката фаза од речиси четиригодишната војна.
Претседателот Володимир Зеленски изјави дека му наредил на 34-годишниот Федоров да спроведе брзи одлуки за заштита на украинското небо, зајакнување на линиите за снабдување на фронтот и воведување други технолошки решенија за запирање на руското напредување.
Исцрпената украинска армија е побројна и пооружена на фронтовските линии откако започна руската инвазија во февруари 2022 година. Руските сили бавно напредуваат во источниот регион Донецк и се обидуваат да ги пробијат одбранбените линии на југ и североисток.
Бидејќи дипломатските напори за завршување на војната не даваат опипливи резултати, Киев се соочува со потребата да ги зајакне своите вооружени сили, кои бројат околу милион припадници.
Европа
Поранешен руски заменик-министер пронајден мртов: „До телото пронајдено оружје“
Поранешниот руски заменик-министер за труд и социјална заштита Алексеј Скљар изврши самоубиство, објави „Московски комсомолец“. Според весникот, телото на поранешниот функционер е пронајдено во неговиот дом во селото Поповка, во областа Филимонковски. Веста ја објави и руската државна новинска агенција ТАСС.
„Московски комсомолец“ објавува дека пред смртта, Скљар оставил проштална порака на социјалните мрежи во која изјавил дека сè е вина на неговата сопруга. Итните служби пристигнале на местото на настанот и забележале дека вратата од домот на Скљар е отворена.
Неговото тело било веднаш на влезот. Во близина на телото е пронајден пиштол.
Алексеј Скљар бил заменик-министер за труд од 2018 до 2022 година. Тој бил одговорен за развој на информациски системи и обезбедување на владини услуги по електронски пат. Пред тоа, тој работеше во канцеларијата Краснодар на Федералното министерство за финансии од 2002 до 2013 година, а потоа во Сметководствената комора на Руската Федерација од 2013 до 2018 година.
Европа
Поларен студ се очекува во Европа кон крајот на јануари
После декември со претежно стандардно време, јануари донесе студ и снег. Значителен дел од Европа моментално е под снежна покривка, што создава услови за развој на ладен континентален антициклон и продолжување на зимските услови.
Во исто време, се развива голем сибирски антициклон, кој би можел да насочи многу студен, можеби поларен, воздух кон југ кон крајот на месецот. Влијанието на атлантските циклони е ослабено и не се очекуваат долготрајни јужни ветрови во блиска иднина, пишува IstraMet.
Прогнозите укажуваат на постепен развој на нова зимска ситуација. Веќе во недела, температурите на воздухот ќе се спуштат на просечни нивоа за ова време од годината. Ова ќе биде и вовед во период на постабилно и посончево време, со утрински минус температури и пријатни дневни температури. Не се очекуваат поголеми метеоролошки нарушувања во наредните денови.
Позначајна промена е можна кон крајот на јануари, под влијание на постојан сибирски антициклон. Таквиот развој на синоптичката ситуација би можел да го помести поларниот воздух подалеку на југ, можеби дури до Медитеранот, при што дел од тој воздух ќе стигне до нашиот регион. Сè уште е прерано да се прават подетални прогнози.

