Регион
Турција ги оплакува жртвите во бомбашкиот напад
Во Турција во неделата започнаа погребите на првите жртви на најсмртоносниот терористички напад во нејзината историја, во кој во Анкарата во саботата претпладне загинаа 95 луѓе кои се собраа на протест за мир и против труско-курдскиот судир во југоисточните делови на земјата, на три седмици пред предвремените парламентарни избори.
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу прогласи тридневна жалост по нападот за кој никој не ја презема одговорноста, што во јавноста отвора многу прашања. Знамињата се поставени на половина копје, а првите жртви се погребуваат во текот на денот.
„бомба во нашите срца“ и „Огорчената јавност сака да дознае кој стои зад нападите“, пишува на насловната страница на весникот Hurriyet. „Го оплакуваме мирот“, истакнува, пак, Cumhuriyet, додека провладиниот Star порачува „Целта е поделба на нацијата“.
Според последните податоци, во нападот загинаа 95 луѓе, а 246 се повредени, од мои 48 се во критична состојба.
Нападот во саботата одекна во 10,04 част по локално време на главната железничка станица во Анкара каде се собраа илјадници луѓе од цела Турција на повикот на неколку синдикати и невладини организации и претежно левичарски партии за да протестираат против обновувањето на судирите со забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), која веднаш по атентатот објави дека ги повикува своите борци да ги запрат герилските акции.
Владата објави дека нападот го извршиле двајца бомбаши самоубијци. Давутоглу за нападот ги осомничи Работничката партија на Курдистан (PKK), Исламската држава и екстремната левичарска Револуционерна народна ослободителна партија/фронт (DHKP-C).
Бо челникот на прокурдската Демократска партија на народот (HDP), Селахатин Демитраш за нападот директно ја обвини владата. Илјадници луѓе во саботата вечерта протестираа во Истанбул и други градови против владата, а слични прокурдски собири имаше пирум Европа, во прв ред во Франција и Германија.
Како и многу други светски државници, и американскиот претседател Барак Обама изрзи „солидарност“ со Турција против овој „терористички“ чин.
„Ова би можел да биде турскиот 11-ти септември. Изведен е во срцето на турската престолнина, наспроти главната железничка станица, симболот на Анкара на Ататурк“, оценува за AFP, Сонер Чагаптај од Вашингтонскиот институт./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ужас во Загреб: пронајдено тело во автомобил во одводен канал
Граѓани попладнево во одводен канал во Загреб пронашле возило со тело на непознато лице, соопшти полицијата.
Повикот во полиција стигнал нешто по 13 часот.
Полицијата набрзо пристигнала на локацијата меѓу Антуновац и Тења и потврдила дека лицето во возилото починало, пишува Вечерњи лист.
Истрагата е во тек.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.