Македонија
СДСМ: Сомнителнa „тишина“ за корупцискиот скандал со „Дојче Телеком“
Опозициската СДСM ги повика надлежните државни институции веднаш и без понатамошно одлагање да започнат со расветлување на корупцискиот скандал со “Дојче Телеком“ и “Маџар Телеком“.
Опозициската СДСM ги повика надлежните државни институции веднаш и без понатамошно одлагање да започнат со расветлување на корупцискиот скандал со “Дојче Телеком“ и “Маџар Телеком“.
Според нив, Јавното обвинителство од декември, минатата година, кога беше обелоденета одлуката на американските надлежни органи, наместо да реагира тврди дека обработувањето на доказите изведени од американските надлежни институции,, ќе било зијан затоа што тие не се признавале како докази во Македонија.
„Оваа сомнителна “тишина“ кај Владата, а особено кај ВМРО ДПМНЕ покажува дека тие се мачат нешто да сокријат. Никола Груевски и онака си ја има мувата на капата, бидејќи како министер за финансии во Владата на Љубчо Георгиевски ја аминуваше приватизацијата на Македонскиот Телеком. Тој не може да избега ни од аферата со партиската фирма “Аналитико“ која временски се поклопува со периодот јуни 2006 година, за кој американските институции воделе истрага и донеле одлука. Уште повеќе затоа што во аферата “Аналитико“ се вмешани највисоки актуелни функционери на ВМРО ДПМНЕ во извршната власт“ вели потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев.
Тој вели дека ставот на СДСМ за овој случај е јасен и прецизен и дека без разлика дали се работи за функционери на СДСМ, ДУИ или ВМРО ДПМНЕ, правдата мора да биде задоволена./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради сообраќајна несреќа во прекин сообраќајот на патот Кочани – Виница
Од 13.30 часот во прекин е сообраќајот на патниот правец Кочани-Виница кај хотел „Филипо“ поради случена сообраќајна незгода, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
СДС е партија што ја води поранешниот министер за здравство, Филипче, синоним за смрт и за уништување на здравството, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДС е партија која ја води Венко Филипче, човек кој беше министер за здравство во криминалната влада на СДС-ДУИ.
„За време на министерувањето на Филипче и владеењето на СДС, во здравството не се направи ништо за да се подобрат условите.
Наместо да работи на унапредување на здравството и на условите за работа на здравствените работници, Филипче го интересираше само личните и бизнис интересите на тендерашот и негов претходник, Зоран Заев“, реагираат од оваа партија.
Наместо, како што велат, да ги средува состојбите и да ги подобрува условите во здравството, Филипче како министер го интересираа само провизиите од местењето тендери.
„Само затоа што го интересираа само провизии од тендерите, Филипче како министер за здравство дозволи да се постави криминална модуларна болница во Тетово, во која живи изгореа 14 лица. А одговорност за тоа, Филипче не сноси зошто, замислите, кабелот бил крив.
Филипче е министер за здравство во чие време Македонија ја позиционираше високо на европските и светски листи по смртност од корона вирусот. Официјалните податоци покажуваат дека во државата од корона вирусот починале скоро 10 илјади македонски граѓани.
Филипче, исто така, е министер кому му колабираше системот со сообраќајката на Дурмо Турс во која животот го загубиле 16 лица. А тоа се случи најмногу поради лошата поставеност на здравството со кое раководеше Филипче.“
Оценуваат дека наместо сите пациенти да се носат со брза помош во една болница, на лице место требаше да има тријажен центар кој што требаше да одредува кој пациент во која болница треба да биде пратен.
„Само така системот немаше да биде оптеретен и ќе се дадеше шанса да преживее уште на некој од настраданите.
Значи, кога СДС држат пресови за здравството во Македонија, треба да имаат предвид дека нивниот претседател Филипче, додека министерувал со истото тоа здравство бил синоним за смрт и синоним за уништување на јавниот здравствен систем“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
МЖСПП: Со средствата од ЕИБ во Струга ќе се замени азбестно-цементната водоводна мрежа
Во рамките на проектот „Подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија“ од Европската инвестициска банка и од Владата на Република Северна Македонија обезбедени се средства, а тие ќе се доделуваат преку Министерството за животна средина и просторно планирање како неповратни со склучен договор „Замена на азбестно-цементната водоводна мрежа во град Струга“.
Договорот е склучен помеѓу Министерството за животна средина и просторно планиарање и избраниот изведувач „Марковски К73“ ДООЕЛ од Струга. Замената на азбестно-цементната водоводна мрежа во градот, во согласност со договорот, ќе се одвива во следните 18 месеци, со што жителите на градот Струга ќе добијат поквалитетно водоснабдување, а со замената на азбестно-цементните водоводни цевки со нови висококвалитетни цевки во голема мера ќе се придонесе за подобрување на квалитетот на водата, заштита на животната средина и ќе се намалат загубите на вода. Висината на инвестицијата е 76 милиони денари.
Со овие дополнителни 50 милиони евра на 100-те милиони евра предходно распределени од Владата се оди чекор понапред во зајакнувањето и подобрувањето на условите за живеење на сите граѓани на нашата држава, без исклучок, бидејќи средствата се достапни за сите општини во државата, без исклучок.
Степенот на реализација на овие средства е приближно 20 отсто од вкупната сума и во согласност со одобрената проектната документација и документацијата за набавка за реализација на проектите испратени од општините, а одобрени од проектната единица за реализација на МЖСПП, се очекува забрзување на динамиката на имплементација во наредниот период.