Европа
Туск: Годинава во ЕУ би можеле да влезат повеќе од половина милион мигранти

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск во четвртокот предупреди дека годинава во Европската унија (ЕУ) би можеле да влезат повеќе од половина милион илегални мигранти, и дека Унијата би требало да ги зголеми средствата за решавање на мигрантската криза, како и да ги зголеми бројките за распределба на бегалците помеѓу земјите членки.
„Обезбедувањето на нашите граници е најтешкиот тест пред нас. Со сигурност може да се претпостави дека ќе имаме преку половина милион илегални доаѓање оваа година на европските надворешни граници, а дел од нив отпаѓаат и на правата на барателите на азил кои бегаат од Сирија и другите земји“, рече Туск во обраќањето пред амбасадорите на ЕУ во светот, кои во Брисел присуствуваат на амбасадорска конференција.
Туск потенцира дека ЕУ во соочувањето овие предизвици мора да ги мобилизира сите достапни инструменти, како надворешни, така и внатрешни.
„Ние ги исполнуваме и ќе ги исполнуваме сите обврски кои произлегуваат од Конвенцијата на ОН за бегалците. Но тоа не може да се направи така што во тој процес ќе се жртвува јавниот ред“, истакна Туск, додавајќи дека во моментов со другите европски челници работи на постигнување на консензус меѓу земјите членки, со што Унијата би го усогласила одговор на изненадувачкиот пораст кај барателите на азил.
Додаде дека постои и напнатост меѓу земјите членки, извинувајќи се што тоа прави една поделба на Исток и на Запад во самата ЕУ.
„Некои земји размислуваат за тоа како да се задржи бранот на мигрантите, нешто што е симболозирано преку унгарската ограда на границата. Други очекуваат поголема солидарност, заземајќи се таканаречени обврзувачки квоти. Клучниот предзивик сега е да се најде заеднички, но и амбициозен заеднички одговор“, забележа Туск.
Поранешниот полски премиер потенцира дека целта на ЕУ е да се осигура во тоа дека луѓето, на кои им треба меѓународната помош, истата да ја добијат, по можност што поблиску до нивните земји, како и да се обезбеди посилна контрола над масовниот прилив на луѓе.
Туск на заедничката прес-конференција со унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека челниците на ЕУ мораат да бидат подготвени на големо зголемување на трошоците за решавање на прашањето на мигрантите, и да се зголеми бројот за уште најмалку 100 илјади, во однос на тоа како бегалците ќе се распоредат меѓу членки. Првиот човек на Европскиот совет, исто така, додаде дека ЕУ би требало да воспостави прифатни центри за бегалците, надвор од својата територија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Авион со руски туристи принудно слета во Естонија поради украински напад со дронови

Патнички авион што превезуваше руски туристи до Санкт Петербург беше принуден да слета во Естонија вчера по украинскиот напад со беспилотно летало врз Русија.
„Авионот беше пренасочен кон Талин бидејќи не можеше да слета на аеродромот ‘Пулково’ поради неговото привремено затворање“, потврди Маргот Холтс, раководител за комуникации и за маркетинг на аеродромот во Талин.
Во ноќта од саботата кон неделата украински беспилотни летала погодија гасен терминал во регионот Ленинград и рафинерија за нафта во регионот Самара. Извор во Службата за безбедност на Украина потврди за „Киев индепендент“ дека разузнавањето стои зад нападот врз терминалот за течен природен гас во регионот Ленинград.
Авионот, управуван од египетскиот превозник „Ал Масрија јуниверсал ерлајнс“, полетал од Шарм ел Шеик и слетал во Талин во 5.33 часот по локално време. Тој го продолжил своето патување кон Санкт Петербург речиси шест часа подоцна.
Според Холтс, на патниците и на екипажот не им било дозволено да го напуштат авионот додека биле на аеродромот во Талин.
Украинските напади со беспилотни летала, кои сè повеќе го нарушуваат цивилниот воздушен сообраќај во Русија, се дел од пошироката украинска стратегија за поткопување на руската логистика далеку над линиите на фронтот. Во првите месеци од 2025 година украинските напади со беспилотни летала наводно ја принудиле Русија да затвори аеродроми повеќе од 200 пати.
фото: принтскрин
Европа
Украинци: Русите извршија 500 напади врз Запорожје за еден ден

Во текот на изминатите 24 часа, руските сили извршија 500 напади насочени кон 13 населени места во регионот Запорожје, објави на Телеграм Иван Федоров, началник на Воената администрација на Запорожје.
„Руските сили извршија четири воздушни напади врз Билохирија, Полтавка и Червони. Три напади со повеќекратен ракетен систем (MLRS) ги погодија Плавни и Мала Токмачка. Вкупно 327 беспилотни летала (главно дронови FPV) ги погодија Запорожје, Биленки, Плавни, Хулајпол, Шчербаки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно. Исто така, 166 артилериски напади се регистрирани во Плавни, Хулајпол, Орихив, Шчербаки, Преображенки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно“, се вели во соопштението.
Властите добија 19 пријави за штети на станбени згради и помошни згради. Немаше пријави за цивилни жртви.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Патниците врескаат во агонија, трепка црвено светло: пекол на летот за Рим

Патниците врескаа од страв откога силни турбуленции го погодиле летот од Шпанија до Рим принудувајќи го пилотот итно да слета.
Преплашените патници гласно врескаа додека авионот се бореше со силни турбуленции на летот од Аликанте до аеродромот во Рим.
Turbulence caught on camera today on a Wizz Air flight from Alicante to Rome, forcing a diversion to Bologna.pic.twitter.com/sbLjXUp1DH
— The Age Of Genz (@TheAgeOfGenZ) August 21, 2025
Кога авионот изврши итно слетување во Болоња, патниците „му се заблагодарија на Бога што се живи“.
Снимките од кабината го покажуваат авионот како силно се тресе, со светла претежно изгаснати, а црвено светло трепка надвор од прозорецот.
Лошите временски услови во регионот предизвикаа проблеми за авионот додека се обидуваше да слета во Рим.
По неколку обиди за слетување на аеродромот во Рим, авионот беше пренасочен кон Болоња. Таму слетал во 3.53 часот наутро, речиси три часа откога требаше да пристигне во италијанската престолнина.
Патот од Аликанте до Рим обично трае нешто помалку од два часа.