Свет
Младината на Гбагбо ограбува странски продавници

Младите поддржувачи на се уште актуелниот претседател на Брегот на слоновата коска Лорент Гбагбо денеска ја разурнаа деловната област во престолнината Абиџан, ограбувајќи продавници во сопственост на странци, пренесува Reuters
Младите поддржувачи на се уште актуелниот претседател на Брегот на слоновата коска Лорент Гбагбо денеска ја разурнаа деловната област во престолнината Абиџан, ограбувајќи продавници во сопственост на странци, пренесува ReutersНасилствата следеа по повикот на лидерот на младината на Гбагбо, Бле Годе во петокот за организиран отпор кон востанието на поддржувачите на Аласан Куатара, кој според меѓународно признаените резултати победи на ноемвриските претседателски избори, но Гбагбо не му ја предава функцијата. Безбедносната ситуација во најголемиот производител на какао во светот се повеќе се влошува, а престрелки избувнуваат долж целата линија на прекин на огнот од северот до југот на земјата, која претежно мирна од крајот на граѓанската војна во 2002 и 2003 година. „Младите патриоти“ на Гбагбо долго време се озлогласени поради нивните ксенофобични насилства, меѓу кои е и нападот врз француската заедница во земјата во 2004 година, честите напади врз малцинствата Буркинабе и Малиа, како и врз домородните жители на северот на земјата, кои се културолошки поврзани со малцинствата.. Антистранските чувства се едно од главните причини за долгогодишниот застој на земјата и се влоши откако меѓународната заедница го призна Куатара како победник на изборите во ноември, кои требаше на земјата конечно да и донесат стабилност и мир. На Куатара претходно два пати му беше забранувано да се кандидира на избори поради тоа што неговиот татко потекнува од соседната Буркина Фасо. Во насилствата настрада и персоналот на Обединетите нации, кои неколку пати биле напаѓани и ограбувани, по повиците на државната телевизија со кои беа обвинето дека ги поддржуваат бунтовниците на Куатара. Истовремено, бројот на бегалци од земјата во соседна Либерија достигна 68.000 луѓе, додека уште 40.000 се внатрешно раселени.ОН, исто така, се уште ги испитува наводите за тоа дека Гбагбо набавил боеви хеликоптери од Белорусија, со што го прекршил ембаргото за набавка на оружје. Персоналот на ОН мораше да ја прекине истрагата во градот Јамусукро, откако трупите лојални на Гбагбо отвориле оган врз нив. Информацијата за набавка на хеликоптерите потекнала од една од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН.Од ОН, исто така, јавуваат дека пристигнале долгоочекуваните боеви хеликоптери за мировниците што, според нив, значително ќе го смени односот на силите во земјата. /крај/reuters/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Автобус со работници се преврте кај Сремска Митровица, има жртви

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево околу 14:30 часот на излезот од Сремска Митровица, кај поранешната фабрика „Матроз“, кога автобус на „Сирмиумбус“ што превезувал работници од фабрика се превртел на кров, јави Нова.рс.
Според првичните информации, најмалку две лица загинале, а повеќемина се повредени и се пренесени во Општата болница во Сремска Митровица. На местото на несреќата се полицијата и противпожарните служби, а сообраќајот е блокиран поради увидот.
Фотографии од местото на настанот покажуваат долги колони возила на патот Сремска Митровица – Јарак. Истрагата за причините е во тек.
Свет
ЕК: Секоја од нашите земји-членки може привремено да ја укине забраната за летови на авионот на Путин

Најавената средба меѓу претседателите на САД и Русија во Будимпешта е добредојдена ако може да доведе до праведен и траен мир во Украина, изјави денес портпаролот на Европската Комисија.
„Ја поздравуваме оваа средба ако помогне во постигнувањето на траен и праведен мир во Украина“, изјави портпаролот на Комисијата, Олоф Гил.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, по телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин објави дека двајцата ќе се сретнат во Будимпешта во следните две недели.
Во врска со логистичките прашања околу пристигнувањето на рускиот претседател во Будимпешта, Комисијата објасни дека секоја земја-членка може по исклучок да одобри отстапување од забраната за влез во европскиот воздушен простор за руски авиони.
Портпаролката на Комисијата, Анита Хипер, изјави дека како дел од санкциите против рускиот претседател Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, средствата во ЕУ се замрзнати, но нема и забрана за влез на територијата на ЕУ.
Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на Путин во 2023 година за воени злосторства поврзани со нелегалната депортација на украински деца.
Унгарија веќе беше домаќин на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во април оваа година, за кого МКС исто така издаде налог за апсење. После тоа, унгарската влада информираше дека се повлекува од тој суд.
Сепак, според статутот на МКС, Унгарија сè уште е должна да го уапси Путин бидејќи повлекувањето од судот стапува на сила една година откако генералниот секретар на ОН беше известен.
Во унгарскиот случај, тоа е јуни 2026 година.
Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, денес изјави дека Будимпешта ќе обезбеди Путин непречено да влезе на нејзина територија со цел средба со Трамп и дека успешно ќе се врати во Русија.
фото:принтскрин
Свет
ОН: Потребно е време за да се намали гладот во Појасот Газа

Обединетите нации во петокот објавија дека ќе биде потребно време за да се намали гладот во Појасот Газа и повикаа на отворање на сите премини кон воено разурнатата палестинска територија.
– Ќе биде потребно извесно време за да се намали гладот - изјави портпаролката на Светската програма за храна на ОН (WFP) Абер Етефа на прес-конференција во Женева.
Светската програма за храна на ОН испорачуваше просечно 560 тони храна во Газа дневно од почетокот на прекинот на огнот, но ова е сè уште под она што е потребно, рече Абер Етефа.
– Сè уште сме под она што ни треба, но стигнуваме до таму. Прекинот на огнот отвори тесен прозорец на можности, а WFP се движи многу брзо и успешно кон зголемување на помошта за храна – изјави Етефа за новинарите, пренесува Ројтерс.
Фото: принтскрин