Македонија
Одбележан денот на меѓународните воени спортови

Со свечено постројување на спортските екипи од гарнизонот Скопје и Министерството за одбрана во вторникот на воениот стадион во Градскиот парк беше одбележан ,,18 февруари – Денот на Меѓународнитe Воени спортови“.
АРМ оваа спортска манифестација, која свечено ја отвори Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, годинава ја одбележува по деветти пат.
„Спортот претставува значаен сегмент во обуката на АРМ, но и најдобар начин за развивање на другарството, пријателството и зближување на луѓето од различни делови од светот“, истакна генералот Котески и додаде дека во рамки на членството на АРМ во Советот на Меѓународни воени спортови, АРМ ќе учествува на Вторите кадетски олимписки игри во Еквадор во август годинава.
Тој истакна дека во редовите на АРМ се наоѓаат врвни спортисти, кои настапуваат и во Олимписката репрезентација на Македонија, при што на натпреварувачите им посака денешниов ден да се одбележи во спортки дух, со постигнување на врвни резултати.
Овој спортски настан денеска го одржува во сите гарнизони на АРМ, каде над 2000 припадници на АРМ под мотото ,,СПОРТ ЗА СИТЕ“ се натпреваруваат во шест категории – крос на 8 km за мажи и на 4 km за жени, мал фудбал, кошарка, одбојка, пинг-понг и шах.
Од 2005 година АРМ е полноправна членка на Меѓународниот совет за воени спортови, со што се стекна со право на учество на сите меѓународни спортски натпревари во организација на оваа меѓународна асоцијација на воените спортови./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци: маскиран и со ловечки нож ограбил соселанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 32-годишен скопјанец, на 18 август, маскиран со маица со која си го покрил лицето и капа, преку незаклучена влезна врата влегол во домот на негов соселанец во селото Бучимци. Во рацете држел ловечки нож и кога во една од собите го затекнал сопственикот, му се заканил дека ќе го убие ако не му даде пари.
Оштетениот, исплашен за својот живот, извадил 4.000 денари од комодата, но го замолил разбојникот да му дозволи да задржи барем 1.000 денари, бидејќи му се неопходни.
Осомничениот се согласил и го напуштил местото со 3.000 денари кои противправно ги одзел од сопственикот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведокот/оштетен со заплашување и уценување, како и можност да го повтори делото.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез е околу 20 минути, за излез е околу 40 минути.
На ГП „Богородица“ времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

Вицепремиерот Александар Николоски на покана на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствува на Националниот ден кој се слави во чест на Свети Стефан основачот на унгарската држава и христијанството во Унгарија.
Покрај учеството на прославата на националниот ден, предвидени се повеќе средби со високи претставници на владата на Унгарија, неколку министри и потенцијални инвестиции. На средбите е предвидено да се разговара за динамиката на проектите во Македонија како и за идната засилена економска соработка помеѓу двете држави.
Посетата на вицепремиерот е уште една потврда за одличното пријателство и соработката помеѓу Македонија и Унгарија, се додава во соопштението на Министерството за транспорт.