Европа
Полска ќе ги отвора ковчезите на жртвите во падот на претседателскиот авион

Полските обвинители објавија во вторникот дека повторно ќе ги отворат ковчезите на сите жртви во падот на претседателскиот авион во 2010 година за да ги проучат останките, што веројатно ќе ги продлабочи политичките поделби во земјата поради таа истрага.
Авионот се урна крај Смоленск во Русија, а во несреќата загина тогашниот претседател Лех Качински, братот близнак Јарослав Качински, челникот на владејачката Партија и справедливост (PiS), сопругата на претседателот, гувернерот на централната банка и неколку највисоки воени функционери, вкупно 96 луѓе членови на државната делегација која одеше на комеморација на илјадниците полски жртви во ткн масакр во Катинската шума.
Истрагата на претходната влада заклучи дека причина за несреќата е грешка на пилотот кој се обидел да слета во западниот руски град Смоленск по многу магливо време поради што и закачил во крошните од блиските дрвја и во електрични столбови, меѓутоа владејачката партија смета дека причина би можела да биде експлозија во авионот.
Јарослав Качински, поранешен полски премиер, го напаѓа актуелниот челник на Европскиот совет Доналд Туск, велејќи дека пред да се даде прошка, мора да се утврдат виновниците и соодветната казна. Туск беше полски премиер во време на несреќата, а откако замина на европската функција, го замени Ева Копач.
Јарослав Качински веќе подолго време го обвинува Туск дека е индиректно одговорен за трагедијата, којашто е, според неговото мислење, резултат делумно и на негрижата на владата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русите лансираа речиси 200 беспилотни летала врз Украина синоќа

Украинските служби за итни случаи објавија фотографии од спасувачите на теренот по ноќниот руски напад врз Крукивашчина, предградие на Киев.
Како што соопштија украински официјални извори, во текот на ноќта руската војска лансирала 177 беспилотни летала во Украина, од кои украинските сили собориле 110. Во регионот на Киев едно лице загинало, две се повредени, а девет станбени згради биле оштетени.
Во Харков нападот предизвика пожар во деветкатница, при што беа повредени две лица. Во нападот беа оштетени универзитет, опера и станбена зграда. Во изминатите 24 часа најмалку три лица загинаа, а 26 се повредени во нападите на регионите Херсон и Донецк.
Европа
(Видео) Украинците ја нападнаа најголемата руска рафинерија на Црното Море со дронови, објавени снимки

Украина го нападна јужниот руски регион Краснодар со голем број беспилотни летала во текот на ноќта, оштетувајќи неколку куќи, вклучително и една во црноморското пристаниште Туапсе, соопштија руските власти. Три станбени згради се оштетени низ целиот регион и нема извештаи за повредени, објави гувернерот Вениамин Кондратиев на апликацијата за пораки Телеграм.
Беше запалена куќа во Туапсе, но пожарот во меѓувреме е изгаснат, објави на истата платформа Сергеј Боико, градоначалникот на Туапсе.
🇺🇦💥🇷🇺
Ukraine has launched a massive drone attack in the Krasnodar region, Russia.Locals say that an air battle has been going on over the seaport of Tuapse for a long time. Locals have heard several dozen explosions.
They complain that this has never happened before. pic.twitter.com/FgD6S6JZdt— NoHoldsBarred (@AussieSteve64) February 26, 2025
SHOT, руски информативен канал на Телеграм, објави дека се чини дека украинските беспилотни летала ја гаѓаат областа на пристаништето и дека жителите слушнале приближно 40 експлозии и мислеле дека тоа е звук на системи за противвоздушна одбрана.
Ројтерс не можеше независно да ја потврди објавата на SHOT. Украина се уште не коментираше.
/1. Russian media report that around 2 a.m. on February 28. Two drones with explosives attacked the Rosneft oil depot near the city of Tuapse. Distance to the territory controlled by Ukraine from there is +430km. pic.twitter.com/lfXDzv0m6J
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) February 28, 2023
Туапсе е дом на најголемата руска нафтена рафинерија на Црното Море и неколку пати беше мета на украински беспилотни летала од почетокот на војната што Москва ја започна против нејзиниот сосед пред три години.
Руската агенција за воздухопловство Росавијација на Телеграм објави дека блискиот меѓународен аеродром во Сочи, на околу 150 километри југоисточно од Туапсе, од синоќа е затворен за воздушниот сообраќај за да се обезбеди безбедност на воздухот.
Европа
Русија разбира дека е техничка грешка, Вучиќ бргу се извини: Кремљ го коментира гласањето на Србија за европската резолуција за Украина

Брзата реакција на српскиот претседател Александар Вучиќ на случајното гласање на неговата земја за антируска резолуција во ОН ја задоволи Москва, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Русија разбира дека се работи за техничка грешка. Се разбира, го слушнавме и го забележавме“, му одговори Песков на новинарот на руската државна новинска агенција „Тасс“, кој го праша дали Кремљ го забележал извинувањето на Вучиќ.
„Се случуваат технички грешки. Се разбира дека ни се допаѓа таква брза реакција од шефот на државата“, додаде тој.
Србија вчера на Генералното собрание на Обединетите нации гласаше за европска резолуција за Украина. Меѓутоа, претседателот Александар Вучиќ набргу изјави дека неговата земја направила грешка и дека требало да покаже воздржаност.