Регион
Прво читање на Куранот во Аја Софија по 80 години

Во историската истанбулска Аја (Света) Софија, која со векови беше и црква и џамија пред да биде претворена во музеј, одржано е првото читање на Куранот по 80 години, јавија во неделата турските медиуми.
Главната христијанска светија во турската метрполоа соборниот храм Света Софија (Црквата на светата Мудрост) своевремено најголемиот храм во христијанскиот свет, е изградена во 537 година, а работите на неа се започнати во 532 година, во периодот од 1204 до 1261 година била претворена во католичка црква во текот на крстоносните војни, а потоа повторно седиште на Цариградската патријаршија, за по османлиското освојување на Мехмед Втори на Цариград во 1453 година е претворена во џамија па потоа во музеј во 1935 година во времето на основачот на современа секуларна Турција, Мустафа Кемал Ататурк.
Во древниот величествен објект е отворена изложба на калиграфски дела посветени на пророкот Мухамед и таа ќе биде отворена до 8-ми мај.
Стиховите од Куранот во саботата ги читал Али Тел, имам од Анкара, по повод отворањето на изложбата посветена на пророкот Мухамед, пренесува агенцијата Anadolu. Покрај него, присутни биле и неколку високи функционери на турската влада.
Турските медиуми истакнуваат дека последните години, со јакнењето на владејачката Партија на правдата и развојот, којашто има исмалско-конзервативни основи а на власт дојде во 2002 година, се’ погласни се повиците Света Софија повторно да биде претворена во џамија, што би подразбирало и прекривање на фрагментите од древните фрески.
Турскиот вицепремиер Билент Аринч во ноември 2013 година предизвика жестоки реакции, кога изјави дека се надева оти ќе биде сменет статутот на Аја Софија, велејќи дека изгледа „тажно“, но се надева дека „наскоро повторно ќе се насмее“. Грција остро реагираше тогаш оценувајќи дека таквите изјави претставуваат „навреда на верските чувства на милионите христијани“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.