Македонија
Премиерот Груевски во Прага се сретна со колегата Фишер

По средбите остварени претходните денови при посетата на Варшава каде zема учество и имаше обраќање на Конгресот на европските народни партии, премиер0т Никола Груевски денеска престојува во главниот град на Чешка, каде се сретна со новоизбраниот премиер Фишер
На средбата, премиерот Никола Груевски го запознал совјот колега Јан Фишер со со реформите кои ќе ги преземе Владата на Република Македонија во насока на приближувањето на земјата кон евроатланските интеграции.Притоа, заблагодарувајќи се за досегашната силна поддршка што Чешката Република и’ ја дава на Република Македонија во евроатланските интеграции, Груевски изразил очекувањето дека Чешката Република ќе продолжи со поддршката на Република Македонија во делот на целосна либерализација на визниот режим и добивање на датум за почеток на пристапните преговори со Европската Унија., изнформираат од кабиентот на премеирто Груевски На средбата двајцата премиери изразиле задоволство од како што ги оцениел – одличните билатерални и пријателски односи меѓу двете држави, истакнувајќи ги заедничките заложби за нивно натамошно унапредување и интензивирање во сите сфери од взаемен интерес. Средбите во Прага и претхдоно во Варшава, премиерот Никола Груевски ги искористи за силно лобирање кај влиајтелнтие европски политичари за укинување на визниот режим за македоснките граѓани Република Македонија и добивање на датум за почеток на пристапните преговори за полноправно членство на Република Македонија во Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино – Тетово

Од денес (24.04.2025) ќе има привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино – Тетово, помеѓу бензинската станица Макпетрол и северниот влез на Тетово. На овој дел од патот ќе се врши геодетско снимање и една сообраќајна лента ќе биде затворена во неколку фази. Работите ќе траат до нивно завршување, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа седмица ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Македонија
Горан Минчев со граѓаните на Тетово: „Локалната промена почнува со Вас“

Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Горан Минчев, во рамки на кампањата „Заедно повеќе знаеме“, одржа средба со граѓаните, членовите и симпатизерите во Тетово.
Минчев порача дека Тетово заслужува транспарентно и ефикасно управување, развој на инфраструктурата и враќање на довербата во локалната власт.
„Граѓаните се нашите партнери – заедно ќе изградиме програма што одговара на вистинските потреби на Тетово. Време е општините да престанат да бидат партиски плен и конечно да почнат да работат за граѓаните“, изјави Минчев.
Тој истакна дека ЗНАМ нуди луѓе со знаење и интегритет, а не политички експерименти, и најави дека дијалогот со граѓаните ќе продолжи низ цела Македонија.