Свет
Прекината седница на парламентот на Јужна Осетија поради закана со бомба
Пратениците и персоналот денеска се евакуиран од зградата на парламентот на Јужна Осетија, откако е примена закана за експлозија, јавуват локалните медиуми повикувајќи Државниот комитет за информирање
Евакуацијата на парламентот била извршена откако службите добиле анонимен телефонски повик со порака дека е минирана зградата и дека експлозивната направа наскоро ќе експлодира.„Претседателот Станислав Кочиев ја прекина седницата и ги замоли пратениците веднаш да ја напуштат зградата“, изјавил помошникот на претседателот на парламентот на Јужна Осетија, Олег Гобоѕе.Засега во зградата на јужноосетискиот парламент работат тимови за откривање и деминирање експлзоивни тела. Според Министерството за внатрешни работи, полицијата спроведува проверка и за добиената информација.Секретарот за печат на претседателот на Јужна Осетија, Вјачеслав Седов за РИА Новости изјавил дека нема причина за паника и дека сите служби и оддели работат нормално. „Мислам дека станува збор за лажна закана. Претседателот Едуард Кокоити нема намера да го измени својот работен план за денеска, тој ќе го посети Знаурскиот регион и ќе учествува на свеченото украсување на новогодишната елка на централниот плоштад на Цхинвали“, рекол Седов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан
Советот на Европската унија денеска даде зелено светло за воспоставување на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан.
Ова го претставува финансискиот дел од планот за раст за Западен Балкан, кој на земјите од нашиот регион, вклучително и Србија, им обезбедува шест милијарди евра од буџетот на Европската унија, две милијарди директна помош и четири заеми.
За да добијат пари земјите треба да подготват реформски агенди во кои ќе наведат кои реформи ќе ги спроведат.
Дополнително, предуслови за добивање пари се, меѓу другото, почитување на демократските принципи, слободни и фер избори, медиумски плурализам, независност на судството, владеење на правото.
Дополнителни предуслови имаат и Белград и Приштина, што е видливо поместување во нормализацијата на односите, како и исполнување на обврските кои произлегуваат од претходно договорените договори.
Свет
Путин положи заклетва и ја презеде должноста претседател на Русија во нов мандат
Рускиот лидер Владимир Путин денеска на свечената инаугурација во Големата палата во Кремљ положи заклетва и официјално стана претседател на Русија.
Тој ќе остане на функцијата во следните шест години, до 2030 година, пренесува „РИА новости“.
На инаугурацијата присуствуваа сенатори, заменици на државата Дума, судии од Уставниот суд, гувернери, членови на владата, претставници на традиционални верски заедници, странски амбасадори и други гости.
Руските производители на автомобили за оваа пригода специјално го адаптираа претседателскиот автомобил „аурус сенат“, а на пат кон палатата претседателската лимузина беше придружувана од нови електрични мотоцикли „аурус“.
Според Уставот на Русија, владата му ги предава овластувањата на идниот претседател, а министрите ќе продолжат да работат во технички мандат до формирањето нов кабинет.
Премиерот ќе го именува претседателот откога државната Дума ќе ја одобри кандидатурата во рок од две недели.
Новиот премиер ќе го изнесе својот став за структурата на извршната власт, а потоа на државната Дума ќе ѝ предложи кандидати за вицепремиери и министри, освен шефовите на безбедносниот сектор и на Министерството за надворешни работи.
Шефовите на Министерството за одбрана, ФСБ, Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Министерството за вонредни ситуации и Министерството за надворешни работи ги именува претседателот на Русија по консултација со Советот на Федерацијата.
Путин првпат стана претседател на Русија во 2000 година, а во 2004 година беше реизбран за нов мандат.
Тој не учествуваше на изборите во 2008 година бидејќи Уставот не му дозволуваше да се кандидира повеќе од два последователни мандата.
Откога ја поддржа кандидатурата на Дмитриј Медведев, Путин ја презеде функцијата премиер во мај 2008 година.
Во исто време беа направени измени на Уставот, според кои претседателот не се избира на четири, туку на шест години.
Путин повторно стана шеф на државата во 2012 година, а потоа беше реизбран во 2018 година.
Тој доби право да учествува на изборите во 2024 година по усвојувањето на измените на Уставот во 2020 година.
На претседателските избори во Русија одржани од 15 до 17 март Путин освои 87,28 отсто од гласовите, пренесува „Танјуг“.
Свет
Американците се подготвуваат за втора граѓанска војна: 41 отсто веруваат дека таа ќе избие во следните пет години
Последното истражување на компанијата „Расмусен рипортс“ откри дека дури 41 отсто од Американците веруваат дека во следните пет години во САД ќе избие втора граѓанска војна, меѓу кои и 16 отсто кои сметаат дека таквото сценарио е многу веројатно.
49 отсто од нив не сметаат дека е веројатна нова граѓанска војна до 2029 година, вклучително и 20 отсто кои велат дека воопшто не е веројатна. Уште 10 отсто од испитаниците не се сигурни.
„Можноста дека Америка наскоро ќе се соочи со уште една граѓанска војна не е премногу веројатна за многу гласачи“, велат анкетарите во истражувањето.
Со протести на американските универзитети и повици за „социјална реконструкција на Америка“, но и со знаење дека демократските донатори ги финансираат овие протести, во САД преовладува впечатокот дека „радикалната левица“ ја уништува земјата на контролиран начин, па резултатите од анкетата не се изненадувачки, пренесува „RT Balkan“.