Свет
Во експлозија загинал 31 кинески рудар
Во експлозијата која се случила во сабота наутро во рудник за јаглен во североисточна Кина загинал 31 рудар, јави кинеската државна телевизијa CCTV
Според информациите на телевизијата, бројката може да биде поголема зашто во моментот на несреќата во окното најмалку 82 рудара кои останел заробени во урнатините. Инаку, во рудникот во близу градот Хеганг во поркаината Хилонгџианг имало вкупно 528 рудари, соопштила државната агенција за безбедност на работниците, кој потврдила само 11 мртви.Повеќето рудари успеала да излезе од рудникот навреме, но според CCTV таму останале уште 82.Државната новинска агенција Ксинхуа, соопштила дека заради тешката несреќа, во Хеганг треба да пристигне и помошникот на кинескиот премиер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина и Велика Британија потпишаа историски 100-годишен договор
Британскиот премиер Кир Стармер вети дека ќе работи со Украина и сојузниците за да му понуди на Киев силни безбедносни гаранции доколку се преговара за прекин на огнот со Русија, давајќи му поголема поддршка на претседателот Володимир Зеленски со 100-годишен договор за партнерство. Во своето прво патување во Украина откако стана премиер во јули минатата година, Стармер сакаше да ја истакне британската поддршка за земјата само неколку дена пред враќањето на Доналд Трамп на власт во САД.
Во разговорите испрекинати со звукот на силната експлозија од украинската противвоздушна одбрана, која собори руски дрон над претседателската палата, Зеленски рече дека разговарал со Стармер за желбата на Киев западни мировници да бидат распоредени во Украина во случај на мир.
Стармер рече дека Британија ќе разгледа „практични начини за постигнување праведен и траен мир … кој ја гарантира вашата безбедност, вашата независност и вашето право да ја изберете сопствената иднина“, но одби да навлегува во детали за тоа кои мерки ги поддржува.
„Ќе работиме со вас и со сите наши сојузници на чекори кои се доволно силни за да ја гарантираат безбедноста на Украина“, рече Стармер на прес-конференцијата со Зеленски. „Овие разговори ќе продолжат уште многу месеци“, додаде тој.
Европските лидери размислуваат какви безбедносни гаранции би можеле да и дадат на Украина како дел од мировниот договор што Трамп би можел да го протурка. Неговото враќање во Белата куќа покрена загриженост дека притисокот да се стави крај на војната може да ја принуди Украина да и отстапи големи делови од земја на Русија во догледна иднина.
Зеленски рече дека разговарал и со Франција, Полска и Балтикот за можното распоредување мировни сили по прекинот на огнот за да ја одврати Русија од каков било иден напад. Но, Стармер ги повика Украина и Западот да не го губат фокусот на најитната потреба „да се осигура дека Украина е во најсилната можна позиција“ во 2025 година за да се бори против Русија. „Ние изминавме долг пат во овој конфликт. Не смееме да попуштиме“, рече тој.
Стармер дојде во Украина носејќи 100-годишен договор за партнерство со Киев за продлабочување на безбедносните и културните врски.
Целта на договорот и политичката декларација е да се поттикне воената соработка за зајакнување на безбедноста во Балтичкото, Црното и Азовското Море и да се одврати руската агресија. Договорот ќе опфати и други области, како што се енергијата и клучните минерали, соопшти канцеларијата на Стармер.
„Амбицијата на Путин да ја одвои Украина од нејзините најблиски партнери беше монументален стратешки неуспех“, рече Стармер во изјавата, додавајќи: „Наместо тоа, ние сме поблиску од кога било и ова партнерство ќе го однесе тоа пријателство на следното ниво“.
Регион
Бугарија доби редовна влада на чело со Росен Жељазков
По седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади, Бугарија доби редовна влада, на чело со Росен Жељазков.
За владата на премиерот Росен Жељазков гласаа 125 пратеници, a 114 беа против.
Пратениците ја поддржаа структурата на Советот на министри со истото мнозинство со кое го избраа Жељазков. И составот на владата доби 125 гласа „за“.
Жељазков и новите министри веднаш по изборот положија заклетва.
Свет
Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека украинската армија сега е побројна од руската на заедничката прес-конференција со полскиот премиер Доналд Туск.
Според него, украинските вооружени сили броjaт 880.000 војници, додека руските сили во Украина имаат околу 600.000 припадници.
Зеленски објасни дека 880.000 украински војници ја бранат целата територија на земјата, додека руските војници главно се концентрирани во одредени области. Бројот на украинските војници е значително зголемен во споредба со 2023 година, кога Зеленски изјави дека вооружените сили на Киев броеле 600.000 припадници, пишува „Њузвик“.
Украинската војска се состои од неколку гранки, вклучувајќи ги копнените сили, воздухопловните сили, морнарицата, воздушните сили, маринците, специјалните сили и силите за територијална одбрана.