Европа
Карикатура на пророкот Мухамед на холандската телевизија?!

Холандскиот пратеник Геерт Вилдерс, кој се противи на примањето доселеници од исламските земји, најави во петокот дека во саботата сака на холандската телевизија да емитува карикатури на пророкот Мухамед во терминот резервиран за политичките партии.
„Утре, во сабота, Геерт Вилдерс ќе прикаже избор од карикатури на Мухамед на јавната телевизија во терминот наменет за политичките парии“, се вели во соопштението Слободарската партија (PVV) на Видлерс.
Самиот Вилдерс тврди дека сака да ги прикаже споменатите карикатури, „поради заштита на слободата на изразување, а против насилството“, откако натпреварувачкиот конкурс за карикатури на пророкот Мухамед во американската сојузна држава Тексас кон почетокот на мај беше цел на напад за кој одговорноста ја презема џихадистичката организација Исламска држава.
За многуте муслимани карикатурите и воопшто претставувањето на ликот на пророкот Мухамед се богохулни и непристојни, и во минатата деценија предизвикуваа масовни протести и атентати ширум Европа, од кои најтрагичен беше оној од јануари годинава во Париз, кога во редакцијата на сатиричниот неделник Charlie Hebdo поради објавување карикатури беа убиени 12 луѓе.
Телевизијата, според холандските медиуми, поради прикажувањето на карикатурите на партијата на PVV на Геерт Видлерс може да ѝ одреди санкции. Се известува, исто така, дека холандските амбасади во светот се предупредени на мерките кои мора да бидат преземени, доколку карикатурите видат прикажани, бидејќи тоа може да предизвика жестоки протести./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Полски европратеник си ги избриша чевлите од знамето на ЕУ, а потоа го запали

Крајнодесничарскиот европратеник и кандидат на претстојните претседателски избори во Полска, Грзегорз Браун, го запали знамето на Европската Унија во зградата на Министерството за индустрија во Катовице. Пред да го запали, си ги избриша чевлите од него.
Precz z eurokomuną! Tu jest Polska 🇵🇱 pic.twitter.com/e0PLoXlZJA
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Имунитетот на Браун му беше укинат во вторникот.
Tu jest Polska 🇵🇱 nie Bruksela! pic.twitter.com/MxGOoaufUe
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Полските власти ќе го гонат во врска со инцидентот од декември 2023 година кога како член на полскиот парламент тој ги изгасна свеќите за Ханука со противпожарен апарат како знак на протест против прославата на еврејскиот празник во Полска.
Европа
Две години по крунисувањето, објавени официјални портрети на кралот Чарлс и Камила

Две години по историската церемонија, објавени се официјалните портрети на крунисувањето на кралот Чарлс и неговата сопруга, кралицата Камила.
Портретите ги откриле самите крал и кралица за време на посетата на Националната галерија во Лондон.
Портретите ќе бидат изложени таму еден месец по што ќе бидат префрлени во Бакингемската палата, се вели во официјалното соопштение од палатата.
Европа
Украина: Русија нè бомбардира и покрај тридневниот прекин на огнот

Украинските власти рано утрово пријавија ново гранатирање и покрај едностраното примирје објавено од рускиот претседател Владимир Путин, кое наводно стапи на сила на полноќ.
Руските авиони постојано фрлаат наведувани бомби над северниот регионот Суми, соопштија украинските воздухопловни сили на Телеграм, предупредувајќи за континуирана воздушна активност во источен правец.
Во меѓувреме, рано утрово беа пријавени предупредувања и напади со беспилотни летала во регионот Липецк во западна Русија, според регионалниот гувернер Игор Артамонов.
Информациите дадени од двете страни не можеа независно да се потврдат.
Едностраното 72-часовно примирје прогласено од Москва стапи на сила веднаш по полноќ, според руската државна новинска агенција ТАСС. Путин го објави прекинот на огнот за време на годишната прослава на Денот на победата во Русија на 9 мај, со што се означува крајот на Втората светска војна во Европа.