Регион
Шешељ повторно префрлен во болница

Српската радикална партија (СРС) повторно соопшти дека нејзиниот лидер Воислав Шешељ во неделата попладне повторно бил префрлен во болница надвор од судот, бидејќи му се слошило.
Српската радикална партија (СРС) повторно соопшти дека нејзиниот лидер Воислав Шешељ, кому пред Хашлкиот трибунал му се суди за воени злосторства во Хрватска, Босна и Херцеговина и против војводинските Хрвати, во неделата попладне повторно бил префрлен во болница надвор од судот, бидејќи му се слошило.
Портпаролката ма Меѓународниот суд за воени злосторства сторени на територијата на поренашна СФРЈ, Нерма Јелачич, потврдила дека Воислав Шешељ е префрлен од притворското одделение на Трибуналот во цивина болница надвор од затворот „од превентивни причини“, притоа одбегнувајќи дополнително да коментира.
Во соопштението на партијата на Шешељ, како што пренесува Бета, таа побарала Хашкиот трибунал итно да овозможи нивниот партиски лидер да го посети и прегледа тим од српски лекари за кои самиот тој дал одобрение. СРС, исто така, побара семејството на Шешељ и неговите правни советници што побрзо да бидат детално известени за причините поради коишто, како се вели во соопштението, дошло до нагло влошување на неговата здравствена ситуација.
Партијата СРС и во средата навечер соопшти дека Шешељ е префрлен во болница надвор од Хашкиот притвор,бидејќи нагло му се влошила здравствената состојба, по што портпаролката на судаот Јелачич во четвртокот изјави дека тој е вратен во притворот откако во средата навечер бил превентивно префрлен во болница поради утврдување и следење на неговата здравствена ситуација. Шешељ, како што минатиот викенд соопштија од неговата партија, при неодамнешниот престој во болницата откако на 6-ти јануари нагло му се слоши, му е вграден пејсмејкер./крај/бт/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб, на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.