Македонија
Протестна нота од руската амбасада за претепувањето на нивен дипломат
Руската амбасада во Скопје упати протестна нота до Министерството за надворешни работи поради претепувањето на нивен советник во петокот, јави „Гласот на Русија“.
Руската амбасада во Скопје упати протестна нота до Министерството за надворешни работи поради претепувањето на нивен советник во петокот, јави „Гласот на Русија“. Според радиото, руската амбасада изразила вознемиреност од инцидентот и повикала на гарантирање на безбедноста на странските дипломати во согласност со Женевската конвенција. Советникот во руската амбасадата беше нападнат во петокот вечерта во Скопје од страна на две лица, откако удрил во ретровизорот од нивниот автомобил. Вработениот во Амбасадата се здоби со повреда на носот, напукната вилица, расечена горна усна и фрактура на јаболчница, по што беше пренесен во ургентниот центар. За инцидентот се осомничени две лица, професионални кик-боксери. /крај/vor/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Меџити-Тигањ: Хрватска дава несебична поддршка на нашата држава во евроинтегративните процеси
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска оствари средба со амбасадорката на Хрватска во Скопје, Нивес Тигањ.
Меџити искажа благодарност за поддршката што Хрватска несебично ѝ ја дава на нашата држава во евроинтегративните процеси, истакнувајќи дека Министерството за животна средина и просторно планирање и Владата се залагаат за исполнување на реформската агенда за пристапување кон Европската Унија и тоа е цврсто детерминирано во владините политики и закони, а во насока на фаворизирање на растот, инвестициите и вработувањето.
На средбата се истакна дека Министерството за животна средина и просторно планирање имплементира многу проекти поддржувани од ЕУ преку ИПА програмата, меѓу кои и големи инфраструктурни проекти, како и национални стратегии за кои е потребна здрава економија и дека во последниве години е постигнат значителен напредок во областа и покрај тоа што сеуште останува најдминување на многу предизвици.
Амбасадорката Тигањ му го честита назначувањето на Меџити на функцијата прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање и ја потврди подотвеноста да ѝ помогне на нашата држава со размена на искуства во програмските приоритети за остварување на соработката во рамки на Инструментот за предпристапна помош ИПА и во приближувањето и имплементацијата на националното законодавство во областа на животната средина со она на ЕУ.
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање истакна дека постои стабилна коалиција и дека е посветен на промена на концептот на владеење кој што не треба да биде само симболика.
Двете страни се согласија дека заеднички интерс е обновувањето на Договорот за соработка меѓу двете држави потпишан во 2002 година.
Македонија
ВЛЕН и партнерите ВМРО-ЗНАМ не враќаат во времето кога албанските деца беа напаѓани во автобуси, враќањето на тепачките поради етнички мотиви е неприфатливо, велат од ДУИ
По официјалните информации за вчерашната тепачка, поточно физичкиот напад врз тројца малолетници Албанци во центарот на Скопје со употреба на тврди предмети, ДУИ изразува сериозна загриженост, уште повеќе кога се информиравме дека нападот врз малолетници се случил од етнички мотиви, велат од оваа партија.
„ДУИ оценува дека овој инцидент, кој не е без преседан, за жал е резултат на секојдневните неуспеси на Владата да негува добри меѓуетнички односи, имено како резултат на отворањето на многу меѓуетнички прашања, како и поттикнување на провокативен јазик кон етничките прашања.
ВЛЕН заедно со нивните партнери ВМРО-ЗНАМ не враќаат во времето кога албанските деца беа напаѓани во автобуси, на секој спортски натпревар албанците беа навредувани и дека ДУИ целосно го прекина таквиот дух по голема посветеност во континуитет“, се нагласува во нивната реакција.
Апелираат до Министерството за внатрешни работи да ги преземе сите соодветни чекори за расветлување на случајот, бараат казнување на сторителите и што поскоро преземање превентивни мерки за спречување на проширување на оваа појава.
ДУИ, додаваат од партијата на Ахмети, цврсто стои на нашата определба да придонесеме максимално за одржување на добри меѓуетнички односи во земјата.
Македонија
Сомнеж за труење со храна во основното училиште„Ѓорѓија Пулевски“во скопски Аеродром: затворена е кујната
Наредено е затворање на кујната, по добиено известување за сомнеж за труење со храна на 8 деца во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопската општина Аеродром, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.
Инспекциски служби на агенцијата во соработка со тимови од ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје, Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Институтот за јавно здравје – Скопје, спровеле вонреден инспекциски надзор во кујната во училиштето.
„Земени се 4 контролни оброци од храната која на учениците им била послужена минатиот ден, мостри од храна – салата од краставица, супа, мусака со мелено месо и компири и бомбици кои ќе бидат лабораториски испитани. Исто така за лабораториско тестирање земени се и 5 бриса од работни површини и од опрема, како и испироци од раце од вработените лица во кујната.
Изречени се мерки за темелно чистење на кујната, дезинсекција, дезинфекција и дератизација, спроведување на вонредни здравствени прегледи на вработените лица во кујната“, се истакнува во информацијата од агенцијата..
Од кујната како што се појаснува не се носеле оброци за други училишни кујни, се до добивање на резултатите од лабораториските тестирања со кои ќе се потврди безбедноста.